Данската фудбалска федерација се огласи за Ериксен: Кристијан се чувствува добро, сам го напушти теренот
2Данската фудбалска федерација се огласи за Ериксен: Кристијан се чувствува добро, сам го напушти теренот
КултураЛиковниот уметник Панде Петровски добитник на наградата на Општина Битола за животно делоЛиковниот уметник Панде Петровски (86) е годинешен добитник на највисокото признание, награда за животно дело што ја доделува Општина Битола.Петровски е автор на неколку илјади ликовни дела, почнувајќи од 1959 година кога ја отвора првата самостојна изложба во Клубот на резервните офицери на Широк сокак, а од тогаш до денеска освен во земјава приредил самостојни ликовни изложби во Србија, Шведска, Австралија, Турција и други држави. Петровски е и автор на книгите „Бели мисли и размисли“, „Оаза на плачот“, „Думи“, „Срце куќа најширока“, но е и автор на решенија на насловни страници, амблеми и сценографии. Панде Петровски е член на Друштвово на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) и на битолското друштво ДЛУБ, како и редовен член на Македонско научно друштво-МНД Битола. Наградата за животно дело на ликовниот уметник Панде Петровски ќе му биде врачена на свечена академија која Општина Битола традиционално ја организира по повод 4-ти Ноември, денот на ослободувањето на градот.Тагови: Панде Петровски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈП Водовод и канализација – Скопје-Водата во Скопје квалитетна за пиењеНеделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 01.06.2026 до 05.06.2026 зема 184 примероци за физичко-хемиска и 184 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 40 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГодишен состанок на ЕБОР во Рига, билатерални состаноци со ЕБОР, ЕИБ и Зелениот климатски фондГодишен состанок на ЕБОР во Рига, билатерални состаноци со ЕБОР, ЕИБ и Зелениот климатски фонд, инфраструктурните проекти значајна ставка во политиките на ВладатаДржавниот секретар во Министерството за финансии Андриана Матлиоска од 5 до 7 јуни 2026 учествуваше на Годишното собрание и бизнис форум на Европската банка за обнова и развој, што се одржа во Рига, Латвија. Годинашното Собрание беше посветено на тема „Од нестабилни до разновидни економиии коишто иновираат во свет што се менува“, на коешто учествуваа владини претставници, финансиски и корпоративни директори, акционерите, партнерите и клиентите на банката, бизнис секторот, како и граѓанскиот сектор. Матлиоска за време на престојот во Рига оствари повеќе билатерални состаноци со претставници на ЕБОР, ЕИБ, Зелениот климатски фонд, како и со претставници на Министерството за надворешни работи на Холандија и ЕБОР Конституенцата предводена од Холандија. На состанокот со директорката за инфраструктура за Европа во ЕБОР, Елена Гордеева беше истакната посветеноста на земјава за унапредување на инфраструктурата во што значаен партнер во реализацијата е Европската банка за обнова и развој. ЕБОР во земјата има инвестирано во 213 проекти во вредност од 3,13 милијарди евра, а во моментов се работат проекти во вредност од 1,3 милијарди евра. Матлиоска изрази благодарност за подршката што досега е дадена од страна на ЕБОР на нашата земја и ја потенцираше посветеноста на Владата на реализацијата на капиталните расходи. “Капиталните расходи претставуваат клучен инструмент на фискалната политика и двигател на економскиот раст за периодот 2027–2031 година, со цел обезбедување долгорочни економски придобивки преку зголемување на јавните инвестиции особено во патната и железничката инфраструктура, енергетски капацитети, системи за водоснабдување и канализација, дигитална инфраструктура, како и проекти во образованието и социјалната заштита“, посочи Матлиоска на состанокот, на којшто беше истакната подготвеност на Банката за понатамошно партнерство во реализацијата на проекти во патната и железничката инфраструктура и општинската инфраструктура. На состанокот со директорката на Секторот за инфраструктура за Европа во ЕБОР беше истакната посветеноста на земјава за унапредување на инфраструктурата во што значаен партнер во реализацијата е Европската банка за обнова и развој. На средбата со директорoт за партнерство на ЕИБ Глобал, Ричард Амор беше, исто така, посочено на значењето на поддршката што ЕИБ ја дава на земјата во реализација на повеќе проекти и којашто поддршка е на ниво од 1,6 милијарди евра. Матлиоска изрази благодарност за досегашната поддршка на ЕИБ во енергетската и железничката инфраструктура, општинската водоводна инфраструктура, а исто така изрази и благодарност за подготвеноста на ЕИБ за продолжување на соработката за поддршка на приватниот сектор, поточно на малите и средни претпријатија преку Развојната банка. Државниот секретар, исто така, оствари средба со директорот на одделот за регионот на Источна Европа, Централна Азија и Блискиот Исток на Зелениот климатски фонд Томас Ериксон. На овие средби покрај горенаведеното Матлиоска посочи дека Владата продолжува со силна посветеност кон реформските процеси вклучително и реформската агенда, препознавајќи ја како основа за економски развој, зајакнување на институциите и успешна интеграција во Европската Унија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: Со што е уценет Филипче за да направи ново предавство на Македонија?Гледајќи низ призмата на историјата, најголемите предавства ги има направено СДС. Од менување на име, знаме, Устав, за денес повторно СДС да се спремни за ново предавство на чело со Филипче. Овој пат не било какво предавство туку најстрашното за македонскиот народ, а тоа е редефинирање на историјата, негирање на јазикот и идентитетот. Се она што сме го учеле и пренесувале од колено на колено, Филипче и СДС се спремни да го променат. Филипче и СДС утре би потпишале дека постоиме од 1945 година. И без разлика на тоа што конечно ЕУ не гледа како достоинствена држава, со напредна економија, која е сериозна во намерите да успее во реформите и да биде пример во регионот, Румен Радев, Венко Филипче и СДС повикуваат на уставни измени. За Радев ни е јасно, меѓутоа со што е уценет Филипче за да води таква политика? Наместо да застане во одбрана на македонските интереси, тој ги распродава. Почитувани граѓани, добро е да се потсетиме зошто СДС и Филипче се во опозиција. Затоа што одат по стапките на Заев. Затоа рејтингот им е колку една шака и ќе бидат декласирани на следни избори. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter