ЖивотЛикот на Садам исчезна од Багдад, а пред две децении беше насекадеСите негови статуи и слики одамна исчезнаа. Од безбројните приказни за неговиот живот како бербер во Ирак, Каис ал-Шара најмногу сака да зборува за 9 април 2003 година, кога гледал како Ирачаните и американските маринци заеднички ја уриваа статуата на Садам Хусеин пред неговиот берберски салон на плоштадот Фирдос во Багдад. Статуата висока 12 метри на ирачкиот диктатор што ја пружа десната рака беше поставена само една година претходно за прославата на неговиот 65-ти роденден. Уривањето на споменикот беше симболичен момент на инвазијата предводена од САД; Телевизискиот пренос за тоа како маринците ја врзуваат статуата за возило за да ја урнат, се претвори во симбол на крајот на 25-годишното владеење на Садам. Но, всушност, статуата на плоштадот Фирдос беше самоп еден мал дел од огромниот број споменици и палати што Садам ги подигна за да ја покаже својата моќ. Сите негови статуи и слики одамна исчезнаа. Многу од неговите палати и згради добија нова употреба во новиот Ирак. Но, голем дел од надежта што дојде со бришењето на угнетувачкото визуелно присуство на Садам, исто така исчезна, прво изгорена со годините на брутално насилство, а потоа уништена од разурнатата економија и неконтролираната корупција на новата политичка елита од фракции базирани на секти. Плоштадот Фирдос беше реновиран и стана мал парк, финансиран од приватни банки. На зградата што се издига над плоштадот е голем мурал на иранскиот генерал Касем Сулејмани - убиен во напад со американско беспилотно летало во 2020 година, и имамот Хусеин, внукот на пророкот Мухамед. Ваквите шиитски слики се шират во Багдад поради доминацијата на шиитските партии на власта поддржани од Иран. Ал Шара кажува дека иако не му недостасува владеењето на Садам, му недостасува „владеењето на правото“. -Семејствата се премногу исплашени да дојдат во паркот бидејќи има дилери на дрога, рече тој за плоштадот. Не е познато што се случило со статуата на Садам, но ловците на сувенири ги земале парчињата. Во 2003 година, група млади американски маринци од Јута изјавија дека ја отсекле десната рака на статуата и имале намера да ја продадат на eBay. Но, таа исчезнала од нивниот товар додека се обидувале да го прошверцуваат во САД. Германски трговец со антиквитети во 2016 година изјави дека ја купил левата нога од статуата на Хусеин, а потоа ја препродал на eBay за повеќе од 100.000 долари. Во 2017 година, британскиот новинар Најџел Ели напиша книга за парче од левиот задник на статуата на Садам што тој ја откинал од статуата. Тој се обидел да го даде на аукција за добротворни цели, но не добил доволно висока понуда. Политиката на Садам да ги исполни Багдад и другите градови со палати и статуи и портрети од него „создаде слика на божествен водач“, изјави за АП висок соработник на Чатам Хаус, Ренад Мансур. Садам „требаше да ја проектира моќта на различни начини за да ги потсети луѓето кој беше главен“. Некои од спомениците на Садам останаа, најмногу поради тоа што имаа националистичко значење што го надмина. На пример, сè уште над реката Тигар се издига „Лакот на победната“ на две џиновски раце кои држат вкрстени сабји и две големи тиркизни полу-куполи наречени Споменик на ал-Шахид - Споменик на мачениците. Тие беа откриени во 1983 и 1989 година во спомен на оние кои загинаа во ирачко-иранската војна во 1980-тите. Палатата Ал Фав ја изгради Садам во 1990-тите на остров среде вештачко езеро за да го одбележи повторното заземање на истоимениот полуостров за време на војната. За првпат се користеше по 2003 година како воен штаб на американската коалиција под името „Камп Виктори“. Подоцна беше трансформиран во Американски универзитет во Багдад, благодарение на финансирањето на влијателниот ирачки бизнисмен Сади Саихуд. Присуството на Садам е сè уште во кампусот: неговите иницијали се врежани во ѕидовите и таваните. Вештачкото езеро сè уште е порибено со раса на џиновски крап што го донел Садам. Но, сè што директно го одразуваше Садам беше избришано. Еден ден по соборувањето на статуата од плоштадот Фирдос, Курдите ја урнаа статуата на Садам во северниот град Киркук. Тие ѝ фрлаа чевли во лице и го прославија падот на човекот кој брутално го потисна нивното население, вклучително и опасната кампања во 1980-тите, која Хјуман рајтс Воч (Human Rights Watch) ја нарече геноцид. Тие и другите статуи се заменети со слики на курдските водачи, особено Масуд Барзани, кој го предводеше курдскиот автономен регион на север од 2005 до 2017 година. Во Багдад, најголемиот шиитски кварт долго време се нарекувал „Садам Сити“. Садам, кој брутално го уништи секое несогласување меѓу шиитите во Ирак, намерно постави огромен, шарен мурал од себе во главниот дел од областа. Во јуни 2003 година, шиитите се собраа на церемонија за преименување на областа „Садр Сити“, по семејството на истакнати шиитски свештеници. Откриен е заменски мурал на кој се прикажани Мохамед-Бакир ал-Садр и Мохамед-Садик ал-Садр - двајца свештеници убиени под режимот на Садам затоа што се спротивставиле на неговото владеење. Тие се роднини на Муктада ал Садр, огнениот свештеник чија милиција се бореше против американската окупација по падот на Садам. Денес, тој е еден од најмоќните фракционерски лидери во Ирак, спротиставени на ривалските шиитски партии поддржани од Иран кои доминираат на владините позиции. Садр Сити, дом на милиони главно сиромашни шиити, е неговото главно упориште. -Зборовите не можат да опишат како се чувствував во тој момент. Беше како да преминав од темнина во светлина, рече Талал Муса за церемонијата на преименување, на која присуствуваше како тинејџер. Сега 37-годишниот работник во државната агенција за електрична енергија, гледа дека неговите надежи за подобра иднина исчезнуваат. „Сега, за жал, ја имаме оваа корумпирана хунта која ја контролира земјата во последните 20 години“, изјави тој. /МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотХакиран крипто-гигантот Binance: „Најголемиот грабеж во историјата“Хакиран крипто-гигантот Binance: „Најголемиот грабеж во историјата“. Откриен идентитетот на сторителите.„Binance“, најголемата светска берза за криптовалути, синоќа потврди дека во хакерски напад биле украдени дигитални средства во вредност од 6,3 милијарди долари, пренесува BBC. Компанијата соопшти дека, со помош на партнерски платформи, успеала да замрзне приближно половина од таа сума, додавајќи дека ќе ги „покрие сите настанати загуби“. Првичните внатрешни проверки укажуваат на тоа дека пробивот веројатно потекнува од компромитиран лаптоп што му припаѓал на еден од нивните инженери, што му овозможило на напаѓачот неовластено да повлече огромни парични суми. Истрагата укажува на познати севернокорејски хакери. Компанијата за истражување на сајбер-безбедност „TRM Labs“, која во своите истраги користи вештачка интелигенција, го припишува овој пробив на севернокорејската хакерска група „TraderTraitor“. Овој напад далеку го надминува претходниот рекорд – кражбата од 2025 година на берзата „Bybit“, при што беа украдени 1,5 милијарди долари. „Оваа проценка ја даваме со висок степен на сигурност“, наведуваат од TRM Labs во својот извештај, додавајќи дека неколку елементи од нападот целосно се совпаѓаат со претходни операции поврзани со режимот во Пјонгјанг, вклучително и инцидентот со Bybit. Ари Редборд, главен аналитичар во TRM Labs, изјави за BBC дека овој грабеж претставува „пресвртна точка“, каква што крипто-индустријата досега нема доживеано. Тој додаде дека сторителот сè уште поседува огромна сума од украдените средства, што значи дека потрагата по нив всушност допрва започнува. Од Binance не одговорија директно на прашањето на BBC за можна поврзаност со Северна Кореја, туку само наведоа дека „тесно соработуваат со органите на прогонот за да ги идентификуваат сторителите и да ги изведат пред лицето на правдата“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоПроменливо облачно со повремени локални врнежи од дождВремето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени. Во Скопје, претежно облачно, во утринските часови ќе има услови за појава на слаба магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 15 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Пообилни врнежи се очекуваат во понеделник. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. До крајот на периодов ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
ХороскопДневен хороскоп за 30. октомври 2026 годинаДневен хороскоп за петок, 30. октомври 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некои од вашите соработници би можел денеска да ви го покаже своето нежно лице или чувства кон вас. Кариера Може да се каже дека ова ден за убави намери , искрени деловни мислења и добра соработка доколку не ги форсирате работите. Здравје и совет И натаму одмарајте се редовно. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Без оглед што вовашиот сегашен однос недостига емотивност , ќе успеете на паметен начин да ја подобрите вашата врска. Кариера Се наоѓате во минлива фаза на зголемена чувствителност , па и оние работи на кои сте навикнати , ќе ви причинуваат извесна тешкотија. Здравје и совет Бидете она што сте. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Пред вас е ден во кој ќе се мешаат пријатни ситуации нешто сосем неочекувано , што спаѓа во фантазирање. Балансирајте. Кариера Ако сте решени да делувате од сенка , денеска е ден во кој на таков начин може да постигнете завидни успеси. Здравје и совет Чудни сништа ќе ве збунат. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе бидете разиграни и подготвени за палавости.Доколку вклучите и хумор , ќе направите добра забава. Кариера Денеска ќе ви стане јасно колкав е капацитетот на она што ви се случува. Ќе нема крај. Здравје и совет Подобрување. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Денешниот ден ќе ве поттикне веројатно на многу добри дела и попустливост кон партнерот. Кариера Секогаш сте го ценеле она што ќе го направите со свои раце. Денеска ќе покажете необичен талент , што бара прецизност во рацете. Здравје и совет Ќе бидете здрави и исполнети со среќа. Овен 21.3-20.4. Љубов Влегувате во подобар љубовен период.Ќе забележите според се подобриот однос со партнерот или со блиските луѓе воопшто. Кариера Не ги форсирајте своите ставови дури и кога сте во право.Попаметно е да почекате додека и на другите им стане јасно. Здравје и совет Чувајте си го грлото. Бик 21.4- 20.5. Љубов Оние кои не се сигурни како да се однесуваат со саканата личност , нека го прашаат најдобриот пријател/ка за совет. Кариера Иако вашите заслуги се видливи , не се толку стабилни , па сепак денеска може да се повикате на нив и да продолжите понатаму. Здравје и совет Успешно се справувате со нервозата. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Многумина денеска ќе откријат што значи да се биде целосно среќен. Не само што ќе сакате и ќе бидете сакани , туку тоа ќе го раширите и на околината. Кариера Следува успешна соработка со лица кои се духовити , забавни , млади и креативни. Истото важи и за таквите работи. Здравје и совет Сосема сте здрави. Рак 22.6-22.7. Љубов Денеска ќе се покажат вашите скриени чувства .Ќе бидете малку збунети , но и ќе ви биде пријатно. Кариера Се чини како да ви се отвораат некои нови деловни можности за кои до сега не сте биле свесни. Размислете на мира за нив. Здравје и совет Никаде не треба да брзате. Лав 23.7-22.8. Љубов Како што ќе минува денот , ќе забележувате дека вапиот приватен живот добива нов сјај и се враќа во рамнотежа. Кариера Ќе ги занемарите мислите за работата , зашто денеска ќе ви донесе денот убави искуства во други области. Здравје и совет Ќе ви недостига сила , штедете се. Девица 23.8.-23.9. Љубов Иако ќе исчезне напнатоста меѓу вас и партнерот, денеска ќе се однесувате доста неурамнотежено. Кариера Додека размислувате за работата , се појасно е дека пред вас се отвора пат за нови успеси и напредувања. Здравје и совет Потребен ви е одмор. Вага 24.9.-23.10 Љубов Во големите и во малите љубовни амбиции ќе се водите од својот внатрешен глас и ќе го постигнете посакуваното. Кариера Наеднаш би можела да се појави можност за деловна соработка со пријатели .Станува збор за работа поврзана со естетика. Здравје и совет Можен е преубав сон.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24