Лига на шампиони - уште осум празни места - Канал 5

Лига на шампиони - уште осум празни места

Пред последните 90 минути од натпреварите по групи во Лигата на шампиони остануваат уште осум празни места за пласман во осмина-финалето. Барселона, Баерн, Бешикташ, Челзи, Манчестер Сити, ПСЖ, Реал Мадрид и Тотенхем обезбедија пласман меѓу 16 најдобри.

Лига на шампиони - уште осум празни места

За останатите осум визи - ќе се борат 14 клубови.
ГРУПА А
Пред последното коло Манчестер Јунајтед е во најдобра позиција и практично само теорија го исфрла од осмина-финалето. Манчестер е прв со 12 бодови, три повеќе од Базел и ЦСКА. Бенфика е без бодови и не е во ниту една комбинација. На Манчестер им треба барем бод на Олд Трафорд за освојување на првото место против ЦСКА. „Црвените ѓаволи“ може да одат понатаму и доколку Базел не победи во Лисабон против Бенфика. Во случај на победа на ЦСКА и Базел би се затворил круг со три тимови по 12 бодови и тогаш би одлучувале меѓусебните дуели. И во таа ситуација Мурињо и екипата се во голема предност и мора да се случи чудо за да испаднат, односно Јунајтед на свој терен би морал да загуби со седум голови разлика од рускиот тим. Базел оди понатаму доколку оствари подобар резултат од ЦСКА или барем идентичен бидејќи Швајцарците се подобри во меѓусебен дуел.

ГРУПА Б
Во групата Б, ПСЖ и Баерн одат понатаму и во меѓусебниот натпревар во Минхен ќе се борат за „престиж“. ПСЖ има три бода повеќе и во првиот натпревар го победија Баерн со 3-0. Во вториот натпревар Селтик и Андерлехт во Глазгов ќе се бодат за пласман во Лига Европа. Шкотите имаат три бодови повеќе и во првиот натпревар победија во Брисел со 3-0. Значи Белгијанците на Селтик Парк мора да победат со најмалку три голови разлика за да ја продолжат приказната во Лига Европа.

Група Ц
Во групата Ц сигурно понатаму оди Челзи (10), а за уште едно место се борат Рома(8) и Атлетико Мадрид (6). Карабаг има два бода и испадна од сите комбинации. Рома е во голема предност во однос на Атлетико бидејќи во последното коло на Олимпико игра против Карабаг и им треба победа. Италијанците може да одат понатаму и во случај Атлетико да не победи во Лондон. Челзи со победа осигурува само прво место.

ГРУПА Д
Барселона обезбеди прво место во групата и последното коло против Спортинг може да го игра „без обврски“. За бројот два ќе се борат Јувентус и Спортинг. Италијанците имаат бод повеќе и подобри се во меѓусебните дуели. Спортинг мора да победи на Камп Ноу и да се надева дека Јувентус нема да освои три бодови против Олимпијакос кои ги играат последните 90 минути оваа сезона.

ГРУПА Е
Во групата Е има најмногу конкуренти – три клубови: Ливерпул (9), Севиља (8), и Спартак (6). Марибор (2) е веќе без какви било шанси. Во најтешка позиција е Спартак кој понатаму ќе оди само со победа против Ливерпул на Ејнфилд. Во тој случај Русите би биле подобри од Црвените без оглед на натпреварот Марибор-Севиља. Шпанците сами одлучуваат за својата „судбина“. Победа ги води сигурно во осмина-финалето, а бод им е доволен во случај Спартак да не победи во Ливерпул.

ГРУПА Ф
Манчестер Сити обезбеди пласман во осмина-финалето како победник во групата, а за второто место се борат Шактар и Манчестер Сити. Украинците имаат три бодови повеќе, но во последното коло се на гости кај Сити. Италијанците патуваат во Ротердам кај Феенорд. Шактар има потреба од еден бод, додека Наполи мора да слави и да се надева на победа на Англичаните. Тогап Наполи со бодови ќе биде колку и Шактар и ќе се палсира понатаму бидејќи е подобар во меѓусебните дуели. Холанѓаните по пет кола се единствени како и Бенфика кои немаат ниту еден бод.


ГРУПА Г
Во групата Г, Бешикташ едно коло пред крајот е број еден, а Монако се простува од Европа. За второ место се борат Порто и Лајпциг. Двата тима имаат по седум бодови, а во меѓусебните дуели подобри се Португалците. Лајпциг може до осмина-финалето само ако во последното коло освои повеќе бодови од Порто. Во последното коло Лајпциг го дочекува Бешикташ додека Порто на свој терен – Монако.

ГРУПА Х
Во групата Х првото место го обезбеди Тотенхем, а второто реал Мадрид. Не е познато кој ќе оди во Лига Европа – Борусија Дортмунд или АПОЕЛ. Двата тима имаат по два бода, а меѓусебно имале натпревар што завршил 1-1. Но, Борусија има подобра вкупна разлика на голови, па АПОЕЛ во последното коло мора да „земе“ барем бод од германскиот тим Во последното коло ќе играат Реал и Борусија односно – Тотенхем и АПОЕЛ./MИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мирјана Најчевска, Билјана Ивановска, Сафет Бишевац и Виктор Грозданов во „Само вистини со Видиновски“

Вечерва во „Само вистини со Видиновски“ гости ќе бидат  Мирјана Најчевска, Билјана Ивановска, Сафет Бишевац и Виктор Грозданов

Мирјана Најчевска, Билјана Ивановска, Сафет Бишевац и Виктор Грозданов во „Само вистини со Видиновски“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џенифер Лопез позира во боди со длабоко деколте (ФОТО)

Џенифер Лопез повторно привлече внимание со објава на Инстаграм.

Џенифер Лопез позира во боди со длабоко деколте (ФОТО)

57-годишната пејачка сподели неколку фотографии по тренинг, на кои позира во кафеаво боди со длабоко деколте. Освен што ја покажува својата фигура, таа откри и со што сака да се почасти по тренингот - колачиња и млеко.

„Вежбајте и јадете колачиња. Рамнотежа“, напиша таа покрај фотографиите.

Во коментарите набрзо почнаа да го фалат нејзиниот изглед. „Прекрасна жена“, „Совршенство“ и „Ти си мојата најголема инспирација“ се само дел од пораките што ги оставија нејзините следбеници.

Најави концертен филм

Лопез го претстави и својот нов проект, концертниот филм „The JLO Show: Live in Las Vegas“, кој ги носи најинтересните моменти од нејзините настапи во Лас Вегас оваа година.

Премиерата е закажана за Денот на благодарноста, 26 ноември, на американската телевизиска мрежа „CBS“ и стриминг платформата „Paramount+“. „Со ова шоу, сакам да раскажам кратка приказна и да им оддам почит на сите забавувачи кои стоеле на оваа сцена пред мене“, рече Лопез во најавата.

Таа се подготвувала за настапи до 13 часа на ден

Пред премиерата, пејачката и порача на публиката да не престанува да танцува, без оглед на животните предизвици.

Таа ја одржа својата последна серија концерти во Лас Вегас во март, а подготовките, според извори за Дејли Меил, биле исклучително напорни. Наводно, таа вежбала кореографија со танчерите во танцово студио во Северен Холивуд до 13 часа на ден, сакајќи да ѝ пружи на публиката најдобра можна изведба.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Спортски автомобил во кој возачот седи како мотоциклист (ФОТО)

„Sanrivatti One“ е хипер автомобил со V10 мотор од 800 КС и необична положба за возење.

Спортски автомобил во кој возачот седи како мотоциклист (ФОТО)

„Sanrivatti One“ е нов хипер автомобил дизајниран исклучиво за возење на тркачки патеки, а неговата најголема карактеристика не е моторот, туку сосема поинаква положба за возење.

Наместо вообичаената положба за седење, возачот „лежи“ на стомак, со рацете испружени кон воланот и нозете повлечени назад кон педалите.

Проектот го презентираше Сантијаго Санчез Риверо, кој го нарече овој аранжман „Apex Position“.

Инспирацијата доаѓа од мотоциклистичките трки, а целта е да му се обезбеди на возачот значително подобро видно поле.

Според конструкторите, вертикалното видно поле е 28 степени, додека кај хипер автомобилот што се користи за споредба е 15,5 степени.

И покрај својата необична позиција, „Sanrivatti One“ задржува класичен волан и педали, наместо џојстици што се користат во некои експериментални тркачки автомобили.

Бидејќи овој автомобил е без преседан, купувачите ќе мора да поминат низ посебна програма за обука. Санчез Риверо планира да организира еден вид клуб каде што сопствениците ќе научат како да го возат автомобилот.

Под каросеријата инспирирана од борбен авион се наоѓа атмосферски 5,5-литарски „Judd V10“ мотор. Целната моќност е 800 КС при 9.000 вртежи во минута, со околу 700 Nm вртежен момент.

Моќта се пренесува на тркалата преку секвенцијален шестстепен менувач „Hewland“.

Конструкцијата е базирана на карбонски монокок, а целната тежина без течности е само 1.100 кг. Дизајнираната максимална брзина е 322 км/ч.

Важно е да се напомене дека сите горенаведени бројки се целни вредности засега, бидејќи развојот, тестирањето и хомологацијата се уште се во тек.

Првите испораки до клиентите не се очекуваат до 2030 година. Дотогаш, малиот тим зад проектот ќе треба да докаже дека необичната положба на возење всушност носи предности на тркачката патека.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер