Лига Европа: Три екипи обезбедија место во нокаут фазата - Канал 5

Лига Европа: Три екипи обезбедија место во нокаут фазата

Со одигрувањето на натпреварите од 4.коло во фудбалската Лига Европа, познати се првите три тима кои обезбедија пласман во првата рунда од нокаут фазата напролет.

Лига Европа: Три екипи обезбедија место во нокаут фазата
На рускиот Зенит, кој прв се пласира во шеснаесетинафиналето, му се приклучија украинскиот тим Шахтјор Доњецк и бундеслигашот Шалке.

Комплетни резултати и табели по средбите од 4.коло:

А група: Зорја Луханск – Феенорд 1-1 и Фенербахче - Манчестер Јунајтед 2-1.
Табела: Феенорд 7 бодови, Фенербахче 7, Манчестер Јунајтед 6 и Зорја 2.

Б група: Локомотив Астана – Олимпијакос 1-1 и АПОЕЛ Никозија - Јанг Бојс 1-0
Табела: АПОЕЛ 9, Олимпијакос 7, Јанг Бојс 4 и Локомотив Астана 2.

Ц група: Габала – Сент Етијен 1-2 и Андерлехт - Мајнц 3-1
Табела: Андерлехт 8, Сент Етијен 8, Мајнц 5 и Габала 0.

Д група: Зенит Санкт Петербург - Дандолк 2-1 и Макаби Тел Авив - АЗ Алкмар 0-0.
Табела: *Зенит Санкт Петербург 12, Дундалк 4, Макаби ТА 4 и АЗ Алкмар 2.

Е група: Австрија Виена - Рома 1-4 и Астра - Викторија Плзењ 1-1.
Табела: Рома 8, Австрија Виена 5, Астра 4 и Викторија Плзен 3.

Ф група: Сасуоло - Рапид Виена 2-0 и Атлетик Билбао – Генк 1-1..
Табела: Генк 6, Атлетик Билбао 6, Сасуоло 5 и Рапид Виена 5.

Г група: Панатинаикос - Стандард Лиеж 0-3 и Ајакс - Селта Виго 3-2.
Табела: Ајакс 10, Стандард 5, Селта Виго 5 и Панатинаикос 1.

Х група: Гент - Шахтјор Донецк 3-5 и Спортинг Брага - Коњаспор 3-1.
Табела: *Шахтјор 12, Брага 5, Гент 4 и Коњаспор 1.

И група: : Шалке - Краснодар 2-0 и Ница - Салцбург 0-2.
Табела: *Шалке 12, Краснодар 6, Салцбург 3 и Ница 3.

Ј група: : ПAOK Солун – Карабаг 0-1 и Фиорентина - Слован Либерец 3-0.
Табела: Фиорентина 10, Карабаг 7, ПАОК 4, Слован Либерец 1.

К група: Спарта Прага - Хапоел Бир Шева 2-0 и Саутемптон – Интер 2-1.
Табела: Спарта Прага 9, Саутемптон 7, Хапоел 4 и Интер 3.

Л група: : Виљареал – Османлиспор 1-2 и Цирих – Стеауа Букурешт 0-0.
Табела: Османлиспор 7, Виљареал 5, Цирих 5 и Стеауа 3.

Натпреварите од следното 5.коло (претпоследно) на програмата се на 24 ноември. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче

Основното јавно обвинителство Скопје продолжува со прибирање докази во истрагата за двете разбојништва со смртни последици извршени во скопските населби Хром и Ѓорче Петров.

ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче

Основното јавно обвинителство Скопје продолжува со прибирање докази во истрагата за двете разбојништва со смртни последици извршени во скопските населби Хром и Ѓорче Петров, а за четворицата осомничени вчера е побаран нов краткотраен притвор во траење од 48 часа.

– Се преземаат дејствија за прибирање докази, јавниот обвинител до судот денеска ќе достави предлог за определување нов краткотраен притвор од 48 часа – информираа од Обвинителството.

Во врска со случајот, на 28 октомври Министерството за внатрешни работи соопшти дека биле лишени од слобода четири лица – А.С. (22), Х.Е. (20), К.А. (58), сите од Скопје, и М.Р. (26) од Струмица, кои се сомничат за две кривични дела „разбојништво“ со последица смрт, извршени на 22 октомври во Хром и на 27 октомври во Ѓорче Петров.

Од МВР тогаш информираа дека приведувањата биле реализирани во координација со ОЈО Скопје и по издадени наредби од обвинителството, со цел обезбедување и комплетирање на доказниот материјал за натамошната постапка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АЛТА банка АД Битола: Банката е самостојно правно лице, регистрирано во Република Македонија, кое работи согласно домашната законска регулатива

-Во контекст на најновите случувања поврзани со АЛТА банка во Република Србија, АЛТА банка АД Битола ја информира јавноста дека Банката е самостојно правно лице, регистрирано во Република Македонија, кое работи согласно домашната законска регулатива.

АЛТА банка АД Битола: Банката е самостојно правно лице, регистрирано во Република Македонија, кое работи согласно домашната законска регулатива

-Во контекст на најновите случувања поврзани со АЛТА банка во Република Србија, АЛТА банка АД Битола ја информира јавноста дека Банката е самостојно правно лице, регистрирано во Република Македонија, кое работи согласно домашната законска регулатива и е под непосредна супервизија на Народната банка на Република Македонија.

-АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со редовно и непречено работење. Сите експозитури и банкомати во вообичаениот режим, а клиентите имаат непречен пристап до своите средства. Клиентите можат слободно да располагаат со своите депозити, да подигнуваат готовина и да ги извршуваат сите банкарски трансакции, согласно вообичаените услови на работење.

Настаните поврзани со банката во Србија не значат автоматски промена на финансиската состојба или правниот статус на АЛТА банка АД Битола.

Дополнително, нагласуваме дека околностите во Република Македонија се суштински различни од оние во Србија. АЛТА банка АД Битола не е предмет на политички притисоци и пресметки од карактерот на оние што ги одбележаа случувањата во Србија. Банката работи врз основа на професионални, деловни и регулаторни принципи.

Банката располага со сопствен капитал, средства и обврски, а нејзиното работење е под континуирана супервизија на Народната банка.

Депозитите на физичките лица се осигурени преку Фондот за осигурување на депозити, согласно законските услови и лимити.

Ги уверуваме нашите клиенти дека Банката продолжува со редовно работење и исполнување на своите обврски. Нивните средства им се достапни и нема ограничувања во користењето на банкарските услуги надвор од вообичаените услови на работење.

АЛТА банка АД Битола останува посветена на заштитата на интересите на своите клиенти, финансиската стабилност и одржувањето на довербата, стои во соопштението од банката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД одобриле продажба на ракети „Патриот“ на Украина!

САД одобриле продажба на ракети „Патриот“ на Украина! Зделка вредна 2,1 милијарда долари, Зеленски предупредува на сериозен проблем.

САД одобриле продажба на ракети „Патриот“ на Украина!

На 30 октомври, Стејт департментот на САД ја одобри можната продажба на 500 ракети-пресретнувачи за противвоздушниот систем „Патриот“ на Украина, во вредност од 2,1 милијарда долари.

Истиот ден, главниот воен командант на НАТО изјави дека испораките на американско оружје, купено од европските сојузници, продолжуваат без одлагање.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја поздрави одлуката, но предупреди дека за испораките би можеле да бидат потребни неколку години, додека на Украина ракетите ѝ се потребни уште оваа зима за да ја заштити својата енергетска инфраструктура од руските напади.

Тој ги повика САД и нивните партнери да ѝ обезбедат на Украина ракети-пресретнувачи од постојните залихи, а подоцна да им ги надоместат преку нови договори. Предложениот пакет вклучува ракети-пресретнувачи од типот PAC-3 MSE (Missile Segment Enhancement) – напредни ракети со голема брзина за системот за противвоздушна и противракетна одбрана „Патриот“ (Patriot) – како и резервни делови и логистичка поддршка, се наведува во соопштението на Стејт департментот.

Набавката ќе биде финансирана од Канада, Германија и Норвешка преку програмата JUMPSTART – американски механизам за забрзана набавка, кој им овозможува на меѓународните сојузници и партнери да финансираат и брзо да обезбедат оружје произведено во САД.

За оваа набавка нема да се користат средства од американската влада, додека дополнителното финансирање ќе биде обезбедено од украински средства, поддржани преку заем за помош од Европската унија наменет за Украина.

Одобрението претставува чекор кон можна продажба, а не завршена набавка, при што датумот на испорака не е прецизиран. Американскиот Конгрес, вообичаено, има рок од 30 дена за разгледување на предложената продажба за Украина, додека производството и испораката на сложени системи за вооружување може да потраат со години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер