Лига Европа: Работнички минимално поразен

Македонскиот вицешампион Работнички загуби на гостувањето во Талин кај Флора со 1:0 во рамки на првото квалификациско коло од Лига Европа.

Овој резултат значи дека „Романтичарите“ пласманот во следното коло треба да го „бркаат“ на свој терен и да ја совладаат Флора со два или повеќе голови разлика.

Според информациите, Работнички којшто важеше за благ фаворит во пресрет на мечот, во првиот дел бил рамноправен, а на моменти и подобар противник. Во второто полувреме домаќините го засилиле притисокот и со голот на Гусев во 59-тата минута повеле со 1:0 резултат кој останал до крајот на мечот. Во последните минути од мечот македонскиот тим покажал иницијатива што довело до неколку шутеви кон голот на естонците, но сепак тоа не било доволно да се спасат од пораз.

Работнички настапи во состав: Ефремов, Силјановски, Илиевски, Петровиќ, Цикарски, Вујчиќ, Трајчевски (72’ Јовановски), Сахити (62’ Маркоски), Митров (46’ Анене), Илијоски, Алтипармакоски. Тренер: Игор Ангеловски

На Арената „Ле Кок“ мечот го следеле 3000 гледачи.

Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди Индонезија

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди брегот на Индонезија.

Епицентарот се наоѓал на длабочина од 10 километри, оддалечен 224 километри од градот Амахаи, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Засега нема информации за повредени луѓе или причинета материјална штета.

Ново реално шоу - „Диетално Максимално“

Денеска во 16:00 часот започнува ново реално шоу - „Диетално Максимално“.

Емисија во која ќе се одберат пет кандидати, со цел да го променат својот животен стил. Целта е да стасаат до посакуваната тежина и да го променат својот изглед.

Забава, спорт, здравје и вкусни рецепти ќе бидат на менито секој ден.

Си денеска на средби со Макрон и Фон дер Лајен

Кинескиот претседател Си Џинпинг во рамките на државната посета на Франција денеска ќе се сретне со неговиот француски колега Емануел Макрон, како и со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Си вчера пристигна во Париз, а од Пекинг претходно беше најавено дека за време на петдневната турнеја низ Европа, покрај Франција, ќе ги посети и Србија и Унгарија.

Ова е прва посета на кинески лидер на Европа во последните пет години.

притисни ентер