Лидерот на турската опозиција: Ќе го поразам Ердоган и ќе ја обединам земјата

Турскиот лидер на опозицијата, Мухарем Инџ, подготвен е да го порази претседателот Реџеп Ердоган, објави АФП. 

На 24 јуни, во Турција ќе се одржат претседателски избори.

Според Инџ, Ердоган цели 16 години, ги дели своите сонародници.

Тој се потпира на единство и се надева дека ќе ги обедини несреќните со актуелната влада.

Според неговите зборови, земјата има потреба од “свежа крв”, а не од “уморен човек кој само вика“.

Од своја страна Ердоган соопшти дека вонредната состојба наметната по обидот за државен удар во јули 2016 година, ќе биде укината, доколку биде избран на претседателските избори.

Вонредната состојба му дозволува на Ердоган и на владата да го заобиколат парламентот при поставување на ново законодавство кое овозможува ограничување на човековите права и слободи.

Повеќе од 160 000 лица се приведени и сличен број државни службеници беа отпуштени од работа по обидот за пуч, објави ОН.

Истражувањата од анкетите покажуваат дека Ердоган не е сигурен победник.

За првиот круг потребен е минимален одзив од 50 проценти.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер