ЕвропаЛидерот на ТИСА најавува реформи и директен избор на претседателЛидерот на победничката унгарска партија ТИСА, Петер Маѓар, изјави дека претседателот Тамаш Шуљок треба да поднесе оставка по формирањето на новата влада, по средбата со него во палатата „Шандор“ во Будимпешта.Маѓар оцени дека Шуљок е „недостоен да го претставува единството на унгарската нација, да го чува владеењето на правото и да биде морален ориентир“, пренесуваат унгарските медиуми. Тој изјави дека лично му порачал на претседателот дека народот гласал за промена на режимот и дека, според него, Шуљок не ја исполнува својата улога. - Имаше многу моменти кога требаше да реагира за да ги заштити децата или демократскиот поредок, но тоа не го направи - рече Маѓар. Тој побара од Шујок доброволно да се повлече по смената на власта, предупредувајќи дека во спротивно тој и „другите поставени од владата на Орбан“ ќе бидат отстранети. Шуљок изјави дека ќе ги разгледа аргументите, нагласувајќи дека и тој сака да го зачува владеењето на правото и угледот на Унгарија. Маѓар најави дека новиот парламент би можел да ја одржи конститутивната седница на 4, 6 или 7 мај. Тој, исто така, најави иницијатива за зајакнување на претседателската функција и воведување директен избор на претседател, со цел ограничување на моќта на премиерот и зајакнување на системот на контрола. Маѓар вети дека ќе ги задржи позитивните политики на досегашната влада и ќе воведе нови мерки за поддршка на граѓаните, вклучително и програми за семејства, инвестиции во инфраструктурата, енергетска ефикасност и дополнителни средства за здравството. Тој најави и враќање на замрзнатите средства од ЕУ во вредност од над 22 милијарди евра, преку антикорупциски мерки, приклучување кон Европското јавно обвинителство и реформи во правосудството и медиумите. Во однос на разговорот со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, Маѓар изјави дека ќе се исполнат условите што се во интерес на унгарските граѓани. Тагови: Тиса Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПреговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат наскоро, ќе се придружат ли европски претставници? Има напредок во преговорите меѓу Русија и Украина, нов состанок е веќе закажан, а европски претставници би треало да се вклучат во преговорите веќе од наредниот состанок.Изјавија двајцата американски медијатори - Стив Виткоф и Џеред Кушнер. Според најавите, следната рунда преговори би можеле да се оддржат во рок од две недели, меѓутоа учество на Европа засега не е потврдено од ниту еден европски претставник. Вчера, на состанокот на Европската политичка заедница, дел од европските лидери се спротиставија на барањето на Русија безбедносната архитектура на Европа да се дискутира како дел од мировните преговори за Украина. Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека безбедноста на Европа ќе се одлучува во Европа, додека пак, високиот претставник на ЕУ – Каја Калас посочи дека постои редослед на дипломатскиот процес – прво прекин на огнот во Украина па мировно решение, а во последната фаза би можело да се дискутира за пост-воената европска безбедносна архитектура.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 НоемвриНа денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. По повод празникот, предвидено е положување цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел, на Алејата на заслужните граѓани на гробот на генералот Михајло Апостолски на гробиштата во Бутел, како и пред споменикот на Ослободителите на Скопје пред зградата на Владата. Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот на ослободувањето на градот во Втората светска војна . Од Град Скопје информираат дека вечерва во Македонската опера и балет ќе се одржи свеченото доделување на наградата „13 Ноември“. На денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. Во ослободителните операции учествувале 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада, кои по неколкудневни жестоки борби влегле во градот. Борбите се воделе на повеќе локации низ Скопје, меѓу кои на улицата „Илинденска“, кај Главната пошта, Офицерскиот дом, Народната банка и Старата железничка станица. Македонските борци ја спасиле хидроцентралата „Матка“ од уништување, додека граѓани учествувале во одбраната на Камениот мост од минирање. Во борбите за ослободување на Скопје загинале повеќе од 420 борци, а за време на целата Втора светска војна животот го загубиле околу 4.600 скопјани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеБесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во ЖелезничарВо здравствениот дом Железничар денеска ќе има бесплатни тестирања за рак на простата. Бесплатниот скрининг е наменет за мажи над 45 години и ќе се спроведува во рамки на кампањата „Мовембер“ односно ноември - месец за подигнување на свеста за машкото здравје. Бесплатните прегледи ќе се одвиваат од 13 часот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook