Лидерот на СДСМ Венко Филипче најавува документ со јасни позиции за македонските евроинтеграции - Канал 5

Лидерот на СДСМ Венко Филипче најавува документ со јасни позиции за македонските евроинтеграции

Жалам што премиерот еднаш бара конструктивност, а другпат било каков предлог одбива, но факт е дека ништо не се случува на полето на евроинтеграциите, а регионот оди напред. 

Лидерот на СДСМ Венко Филипче најавува документ со јасни позиции за македонските евроинтеграции

Ова е ставот на лидерот на СДСМ, Венко Филипче откако премиерот Мицкоски го отфрли неговиот предлог за Собранието да донесе заедничка резолуција со македонските црвени линии, а ако има ново вето од Бугарија, земјава да ги прекине преговорите со ЕУ. Филипче кажа дека СДСМ подготвува документ којшто оваа недела ќе го достават до партиите, а во него ќе бидат опфатени сите декларации и преземени обврски од државата, со јасно дефинирани линии како државата да продолжи напред кон ЕУ.

-Навистина жалам што премиерот еднаш бара конструктивност, а другпат било каков предлог одбива. Ние практично сме во фаза како преговорите да сме ги напуштиле. И тоа е најлошото нешто што може да ни се случи. И затоа ќе спремиме еден документ којшто ќе биде еве работна верзија ќе го понудиме во текот на оваа недела во којшто сметам дека ќе влезат сите аспекти којшто се битни за државата. Ќе ги споменеме сите претходни декларации, ќе ги споменеме обврските што се преземени во рамките на францускиот предлог и ќе дадеме предлог како СДСМ смета дека треба да се продложи понатаму. Како јасно и точно, иако и претходно се споменати во сите документи, но еве сега да ги сублимираме тие наши црвени линии, изјави Филипче.

Прашан дали една од црвените линии што ќе ги предложат е за безусловно внесување на Бугарите во Уставот без никаков реципроцитет, како што бара Владата со пресудите од Стразбур, Филипче смета дека прво треба да се процени дали нивното внесување е на штета или корист за државата. Сепак, тој го повтори ставот дека со ваквите уставните измени се прави јасна дистинкција меѓу бугарскиот и македонскиот народ.

-Прво треба да видиме дали внесувањето на Бугарите во Уставот ни смета или не ни смета. Што ќе добиеме, што ќе изгубиме. Сметам дека сериозен аргумент имаме во тоа дека кога Бугарите ќе се внесат во Уставот се прави јасна дистинкција помеѓу двата народи, помеѓу бугарскиот и македонскиот народ. Бугарскиот народ којшто во Македонија ќе биде малцинство на тој начин, заедно со другите малцинства којшто би се внеле со промената на Уставот. А друго е како ние ќе се бориме за тоа што сакаме ние да го добиеме од Бугарија, кажа Филипче.

Од нас нема да слушнете едно пред камера, а друго зад затворени врати, реагираше шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски. Тој во објава на ФБ упати критика кон Филипче, СДСМ и ДУИ за како што рече, брзи потези и празни ветувања, посочувајќи дека заедничките документи што се носеле во Собранието не донесле сила, туку, слабост и според него биле дерогирани веднаш штом ќе се појавел предизвик.

-Од нас нема да слушнете едно пред камера, а друго зад затворени врати. Тоа е суштината на довербата – да бидеме исти и во зборовите и во делата. Тука е и најголемата противречност кај Венко Филипче: од една страна зборува за уставни измени, од друга страна за откажување од преговорите ако има ново вето. Таков пристап не носи сигурност, туку неизвесност за правецот во кој треба да оди државата, напиша Муцунски.

Муцунски потенцира дека Владата има државнички пристап со трпение и мудрост за решенија со траен напредок,, а не како што напиша, на блокади што се повторуваат и потези кои утре ќе бидат уште поголем товар за државата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Епидемија на ебола во Африка: Над 11.000 заразени, илјадници мртви

Демократска Република Конго регистрираше повеќе од 11.000 случаи на ебола во текот на изминатите шест месеци, при што речиси половина од заразените починале, објави денеска германската новинска агенција ДПА.

Епидемија на ебола во Африка: Над 11.000 заразени, илјадници мртви

Реалниот број на смртни случаи би можел да биде и поголем. Експертите предупредуваат дека вирусот можеби се ширел незабележано уште од февруари – неколку месеци пред епидемијата официјално да биде прогласена на 15 мај.

Еболата е тешка заразна болест предизвикана од група вируси. Таа може брзо да доведе до губење течности, воспалителни реакции, нарушувања во згрутчувањето на крвта и, на крајот, до откажување на органите. Колку подоцна ќе започне третманот на симптомите, толку е поголем ризикот од смртен исход.

За овој сој не постои одобрена вакцина или третман

Раните симптоми на еболата можат да наликуваат на оние кај други болести, како што е маларијата, што во одредени случаи доведува до доцнење во изолирањето и лекувањето на пациентите. Сузбивањето на тековната епидемија е особено предизвикувачко бидејќи не постои одобрена вакцина или специфичен третман за сојот на вирусот познат како „Бундибугио“.

Досега, еболата се прошири во осум покраини во ДР Конго, а ги премина и границите на земјата. Случаи се пријавени во Кенија, Нигерија и Уганда.

Според здравствените власти, децата се најтешко погодени. Тие сочинуваат значителен дел од потврдените случаи, а истовремено се соочуваат и со поголем ризик од смртен исход.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит

Од нив, седум лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: 17-годишник од Скопје, Р.Џ.(27) од с.Крушопек, скопско, 16-годишник од Неготино, А.М.(32) од Чашка, Б.М.(45) од Берово, М.К.(20) од с.Драслајца, струшко и Б.С.(39) од с.Обршани, општина Кривогаштани. Двајца возачи управувале возило и покрај активна мерка забрана за управување со моторно возило. Станува збор за Ј.Б.(23) од с.Тремник, неготинско и З.Ј.(55) од Скопје. Додека, пак, А.Ц. (55) од Прилеп управувал под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претреси во демиркаписко, пронајдено ловечко оружје и месо од дивеч, лишени две лица поради сомнение за незаконит лов

На 12.11.2026 во 19:10 часот полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода М.М.(66) и Т.М.(76), двајцата од село Бистренци, демиркаписко.

Претреси во демиркаписко, пронајдено ловечко оружје и месо од дивеч, лишени две лица поради сомнение за незаконит лов

Претходно, од ловечко друштво „Вардар“ Неготино било пријавено дека на 10.11.2026 на простор на ловиште Корешница во село Бистренци биле забележани две лица кои поставиле недозволени предмети за лов на диви животни и ловеле во време на забранет лов, по што полициски службеници презеле мерки и активности за нивно пронаоѓање. По издадена судска наредба од Основен суд Кавадарци, извршени биле претреси во домовите на М.М. и Т.М., при што во домот на М.М. биле пронајдени и одземени предмети за лов на диви животни, ловечки патрони, ловечка пушка и месо од различни видови диви животни, а во домот на Т.М. биле пронајдени и одземени пушка, предмети за лов на диви животни и дозвола за оружје со измината важност.

Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер