Две недели по ред регистрирани по само два нови случаи, досега осум лица починаа од западнонилска треска
2Две недели по ред регистрирани по само два нови случаи, досега осум лица починаа од западнонилска треска
МакедонијаЛидерот на СДСМ Филипче решение за деблокада на евроинтеграциите гледа во резолуцијата за црвени линии Прилично сум сигурен дека ќе дојде време, во коешто ќе бидеме среќни што сме го имале францускиот предлог на маса и ќе ни биде жал што не сме го прифатиле, смета лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Според него, ниту се спроведуваат реформи, ниту се прават потребните чекори да се фати возот за ЕУ, а власта намерно ја изолира државата. Прашан каде СДСМ и тој го гледаат излезот за евроинтеграциите, ако власта останува против уставни измени под овие услови, а ЕУ од друга страна останува на веќе договореното со францускиот предлог, Филипче вели решението е во Резолуцијата за црвени линии која СДСМ ја достави до сите партии, но досега ниту една не ја прифати. - Тоа што граѓаните во 11 проценти само ги прифаќаат уставните измени за мене е еден од сигналите дека навистина се информирани за жал од центри којшто шират лажни вести... Затоа јас ја дадов предлог резолуцијата во која што за жал ниту една партија досега не одговори. Нашиот предлог беше да се обединиме. И да кажеме за што доколку понатаму во текот на преговорите се соочиме со некои непринципиени барања тогаш ние имаме консензус дека за јазикот, идентитетот, културата, историјата, не преговараме, тоа се заеднички црвени линии, изјави Филипче. Евроамбасадорот Михалис Рокас во интервју за Канал 5 вчера јасно порача дека ставот на ЕУ е јасен и ако се исполнат преземените обврски Унијата е подготвена за брз почеток на преговорите со Македонија. Рокас вели дека ЕУ е свесна за разочарувањата на македонските граѓани на патот кон членство, но и дека Брисел останува сигурен партнер за земјата. - Секогаш имам голема почит кон ставовите на премиерот. Но, ЕУ има став. Тој став е сосема јасен. Позицијата на ЕУ е многу јасна. Веќе се усвоени преговарачката рамка и заклучоците на Советот едногласно од страна на сите членки на ЕУ во 2022г. Ако тие обврски се исполнат, ЕУ е подготвена многу брзо да ги започне преговорите. Подготвени сме и мислам дека не треба повеќе да се чека, туку да се направи тој многу важен чекор напред, изјави Рокас. Основата за градење доверба меѓу Скопје и Софија, евроамбасадорот ја гледа во билатералниот ангажман од двете страни и кажа дека ЕУ ќе поддржи секоја иницијатива за соработка меѓу Македонија и Бугарија, а како добар пример за соработка го спомена Коридорот 8 и заедничкото потпишување на договорот за изградба на тунелот на граничната железница. Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаТешка сообраќајка во Италија: Татко и двете мали ќерки загинаа, мајката се бори за живот (ВИДЕО)Тешка семејна трагедија се случи во Италија, кога 53-годишен татко и неговите две ќерки, на возраст од само 8 и 14 години, загинаа во ужасна сообраќајна несреќа.Несреќата се случила кратко пред 8 часот наутро на државниот пат Јонио-Тирено број 682, помеѓу раскрсниците Меликучо и Росарно. Автомобилот во кој се наоѓало четиричленото семејство се судрил со камион. Мајката на девојчето исто така била тешко повредена во несреќата и била однесена во болница во Полистена на лекување, објавува „Раи њуз“. Полицијата, екипите на брзата помош и пожарникарите веднаш пристигнале на местото на трагедијата. Сообраќајот на овој дел беше запрен за да може полицијата да спроведе истрага, а екипите да го поправат патот.Тагови: италија ќерки Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦана: Опаѓа бројот на пациенти со западнонилска треска, двајца се критично Бројот на пациенти со нилска треска почна да опаѓа со воведените мерки со прскање против комарци и чистење на каналите. Бројот на пациенти со нилска треска почна да опаѓа со воведените мерки со прскање против комарци и чистење на каналите. Двајца пациенти се критични се уште, вели доктор Фадил Цана директор на Клиниката за инфективни болести во Вести Плус на Канал 5.. Морбилите се идна епидемија во Македонија. Од морбили умираат деца, вакцинацијата е единствен спас, објасни д-р Цана. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОЈО: Приведен висок функционер со обележани 17 500 евраПод раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР го приведоа помошник директорот на Царинската управа.Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР го приведоа помошник директорот на Царинската управа кај кого се пронајдени обработени парични средства во износ од 17.500 евра. Според првичните сознанија парите биле побарани како поткуп со цел во две постапки пред Царинската управа да го употреби своето реално влијание и наводно да помогне. Детали од настанот обвинителството ќе сподели во текот на утрешниот ден, соопштуваат од Обвинителството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter