Лидерот на екстремно десничарската „Народна патрола“ е уапсен во пресрет на антиимигрантскиот митинг во Белград - Канал 5

Лидерот на екстремно десничарската „Народна патрола“ е уапсен во пресрет на антиимигрантскиот митинг во Белград

 Во Белград е уапсени лидерот на неформалната екстремно десничарска група „Народна патрола“ Дамњан Кнежевиќ под сомнение за расна дискриминација, јави РТС. 

Лидерот на екстремно десничарската „Народна патрола“ е уапсен во пресрет на антиимигрантскиот митинг во Белград

Тој е уапсен пред антимигрантскиот митинг, што „Народна патрола“ го најави за денеска доцна попладне.

Кнежевиќ е уапсен под сомнение дека јавно повикувал на репресија врз мигранти, како и врз поддржувачите на властите кои живеат во неформална шаторска населба во близина на српскиот парламент во центарот на Белград.

Според белградските медиуми, Кнежевиќ упатил јавни закани во интервју објавено на YouTube дека тој и неговите следбеници на 24 октомври ќе се справат со мигрантите и поддржувачите на владата во шаторската населба.

Приведен е до 48 часа и обвинет за кривично дело расна и друга дискриминација. Дамјан Кнежевиќ го привлече вниманието на јавноста на почетокот на 2020 година, кога почна да организира антимигрантски акции - не само во главниот град на Србија, туку и на места каде што има прифатни центри за бегалци и мигранти.

Кнежевиќ беше дел од група мажи во црно кои, со качулки навлечени преку главите, ги запираа мигрантите и бегалците во Белград.

Претставувајќи се како „Народна патрола“, тие се заканија дека ќе го „забранат своето движење“, со порака дека „ќе имаат проблем“ ако некој нападне „српски жени и мажи“.

Во март 2022 година, додека руската инвазија на Украина добиваше на интензитет, „Народна патрола“ организираше неколку собири во поддршка на Русија и инвазијата на Украина.

Во ноември 2022 година, Дамјан Кнежевиќ се пофали на Телеграм каналот на својата неформална организација со својата посета на центарот на паравоената група „Вагнер“ во Санкт Петербург.

Во февруари 2023 година, полицијата го забрани собирот што „Народна патрола“ планираше да го одржи на првата годишнина од руската инвазија на Украина.

Беше приведен поради обвинение за насилно уривање на уставен поредок, но суд во 2024 година го ослободи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По четири недели во ЕУ падна просечната цена на дизелот

Просечната цена на дизелот на бензинските пумпи низ ЕУ малку се намали оваа недела, за девет центи на 2,15 евра за литар, по четири недели рекордни максимуми, според анализата на податоците на земјите-членки доставени до Европската комисија.

По четири недели во ЕУ падна просечната цена на дизелот

Од сите земји-членки на ЕУ, само Кипар забележа нов неделен рекорд, во споредба со 12 минатата недела. Бројките вклучуваат даноци, кои варираат од земја до земја и сочинуваат 40 проценти од просечната цена на горивото во ЕУ. Тие не вклучуваат целни субвенции. Просекот во ЕУ се пресметува врз основа на потрошувачката на гориво во секоја земја-членка во 2024 година.

Во февруари, пред нападот на САД и Израел врз Иран, просечната цена на дизелот во ЕУ беше 1,59 евра за литар. Цените на горивата оттогаш се зголемија, главно поради затворањето на Ормускиот теснец, низ кој минуваат околу 20% од светската нафта и гас, и блокадата на саудискиот извоз во Црвеното Море. Украинските напади врз руските рафинерии, исто така, придонесоа за ова.

Притисокот беше донекаде ублажен од земјите од Г7, кои во петокот одлучија да ослободат 100 милиони барели дизел и сурова нафта од своите стратешки резерви. Ослободувањето ќе трае четири месеци. Тие, исто така, се согласија да не воведуваат забрана за извоз на дизел од страна на другите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Два ребаланса за четири месеци, трет во најава - долгот го плаќа народот!

ВМРО-ОКГ повторно ја крои касата. Приходите и расходите се намалуваат за по околу 86 милиони евра. 

СДСМ: Два ребаланса за четири месеци, трет во најава - долгот го плаќа народот!

Дефицитот останува 4,1 процент од БДП. Капиталните инвестиции се кратат за околу 93 милиони, затоа што проектите доцнат.

Ова е втор ребаланс за четири месеци. Дури е можен и трет.

Министерката вели криза и намалени давачки за горива. Блискиот Исток гори и пред првиот ребаланс. Кризата не се појави вчера и овој ребаланс не е поради горвата затоа што тие чинат едвај 60 милиони евра додека ефектот од намалување на ДДВ е нула.

Парите за пат, училиште и болница се сечат. Парите за кредит не се сечат.

До крајот на годината се најавува нова граѓанска обврзница. Финансирањето се затвора на домашен пазар.

Следната година еврообврзница, со камата над 6 проценти. Кредит за да се плати кредит. Тоа не е развој. Тоа е должничко ропство.

За две години арамијата го зголеми долгот за околу 4 милијарди евра. Повеќе од половина од долгот од независноста. До крајот на годината уште 250 милиони.

Дупка во ПИОМ околу милијарда. Секоја недела нова хартија. Каматата расте.

Сметката ја плаќа граѓанинот.

А за тој граѓанин му пресметаа кошничка ама по нивни терк, не според реалноста. Велат 60.000 денари за четиричлено семејство било договолно во август. Синдикалната кошничка е за над 10.000 денари повисока а со кирија стига и до околу 90.000 денари. Затоа исмислија нова.

Владата вели 95 проценти живеат во свој дом. Студентот што плаќа кирија и семејството што отплаќа стан не влегуваат во таа реченица.

Две минимални плати не ја покриваат ниту нивната исмислена, пониска кошничка. Недостигаат над 10.000 денари. Министерот вели само 2 проценти земаат минималец. А над 70% од луѓето се со плати помали од просечната.

Потрошувачката кошничка не ја полни процентот на раст на „третата економија“, туку цените што граѓаните секојдневно ги плаќаат.

Нема мерки за граѓаните. Има проекти за туѓ интерес. Дата-центар, хардвер за туѓа дигитализација, струја на грб на народот. Антимон, руда за муниција, пет милиони за дупка, Гета чинеше 5,53.

Цените отидоа до плафон затоа што на почетокот на кризата не се реагира. Граѓанинот плаќа двапати: еднаш на пумпа, вторпат на рата за кредит.

Светска банка потврди дека не сме трета економија туку на нво на една третина од европскиот стандард и 17 години во стапица. Статистиката не го полни фрижидерот.

Буџетот што се крои секој месец не е економија. Тоа е каса на организирана криминална група што државата ја води како штанд, а народот како гарант.

Кредитот не е приход. Кошничката без кирија не е живот.

Власта ќе се врати во рацете на народот. Сметката ќе ја плати бандата.

Скопје 10.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во разговорот со Трамп, Путин ја отфрлил идејата за завршување на војната

Рускиот претседател Владимир Путин ја отфрли можноста за мировни преговори со Украина во телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп. 

Во разговорот со Трамп, Путин ја отфрлил идејата за завршување на војната

Тој рече дека Русија ќе продолжи да се бори додека не ги постигне „сите свои цели“, изјави помошникот на Путин, Јуриј Ушаков, а пренесува Правда.

Ушаков за руските пропагандни медиуми изјави дека Трамп „топло му го честитал роденденот на Путин, неофицијално му посакал успех и благосостојба и му ги пренел честитките на првата дама“. Путин му се заблагодари на Трамп за вниманието што го посветува на дијалогот со Москва и нагласи дека руската позиција за агресија врз Украина останува непроменета.

Путин категорично ја отфрли можноста за обновување на мировните преговори. Тој ја обвини Украина дека се обидува да ги наруши руските избори и се обиде да го убеди Трамп дека украинскиот отпор „нема перспектива“. Тој додаде дека руските сили „целосно ја држат иницијативата во свои раце и напредуваат“.

Ушаков тврди дека Трамп по разговорот дал инструкции „сигналите“ што ги добил од Русија да се пренесат на украинската страна. Тој исто така изјави дека двајцата лидери го изразиле своето задоволство од начинот на кој функционираат каналите за комуникација, особено оние во кои се вклучени разузнавачките служби. Тие, исто така, разговараа за потенцијален состанок на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC), „ако и двајцата присуствуваат“.

Според Ушаков, разговорот траел час и половина и дека „никој не сакал прв да го прекине повикот“.

Трамп во четвртокот вечерта рече дека разговарал со Путин по телефон и се согласил да испорача милиони тони руски дизел на американскиот и светскиот пазар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер