Лидерот на ДУИ се сретна со Викторија Нуланд

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети денеска во Амбасадата на САД во Скопје се сретна со помошник државниот секретар на САД Викторија Нуланд која престојува во посета на Македонија.

На средбата присуствуваа и заменик помошникот на секретарот за одбрана Евелин Фаркаш и американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли.

Како што информира партијата, се разговарало за политичката криза во државата и за начините за нејзино надминување, како и за евроатланската интеграција на Македонија преку решавање на прашањето за името и структурните реформи.

Ахмети ја информирал Нуланд за позицијата на ДУИ во врска со политичката криза, за предлозите и иницијативите на партијата за нејзино надминување, како и за следните чекори што планираат да ги преземат во зависност од исходот на разговорите следните денови.

- Претседателот Ахмети го оцени како неприфатливо продолжувањето на политичка криза бидејќи целото општество е во очекување на решение и продолжување на нашиот евроатлантски пат. ДУИ ќе ги поддржи реформите што произлегуваат од препораките на Европската Унија и на г. Прибе бидејќи нивното спроведување го прават демократскиот систем постабилен, се наведува во соопштението од партијата.

Од американска страна е истакнато дека САД останува силен партнер и поддржувач на евроатлантската интеграција на Македонија. Во врска со спорот за името, двајцата соговорници разговарале да продолжат со заедничките напори за наоѓање решение за спорот за името со Грција, веднаш по решавањето на политичката криза.

Соговорниците исто така разговарале и за борците од регионот во војните во Сирија и Ирак, како и за начините да се спречи оваа појава.

Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот

Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Жоргињо може да го напушти клубот.

Според „Standard“, за 32-годишниот Италијанец силно се заинтересирани Јувентус, Лацио и Наполи. Во исто време, лондонскиот клуб се надева дека играчот ќе ги одбие понудите и ќе го продолжи договорот со Топџиите.

Оваа сезона Жоргињо одигра 35 натпревари, постигна гол и две асистенции.

Се шпекулира дека одлуката дали Жоргињо ќе остане во Арсенал во голема мера ќе зависи дали неговиот тим ќе ја освои Премиер лигата. /МИА

Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата

На територијата на државава во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 130 санкции за брзо возење.

Од нив, како што информираа денеска од Министерството за внатрешни работи, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 53 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 77 надвор од населено место.

Санкционирани 157 возачи под дејство на алкохол

МВР информира дека вчера, во акциска контрола, се санкционирани 157 лица кои возеле под дејство на алкохол.

Контролата била спроведена од 16.00 до 22.00 часот на територијата на Република Северна Македонија.

Според МВР, санкционирани се и 183 други видови на сообраќајни прекршоци.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведува Министерството.

притисни ентер