Лидерите од БРИКС денеска ќе одржат виртуелен состанок во врска со војната меѓу Израел и Хамас

Рускиот претседател Владимир Путин, кинескиот претседател Си Џинпинг и другите лидери на земјите-членки на БРИКС денеска ќе одржат виртуелен состанок за војната меѓу Израел и Хамас, на кој ќе учествува и генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш.

Лидерите на другите земји-членки на БРИКС, Бразил, Индија и Јужноафриканската Република (САУ), како и лидерите на Саудиска Арабија, Аргентина, Египет, Етиопија, Иран и Обединетите Арапски Емирати, кои се очекува да бидат примени во блокот во јануари, исто така ќе учествуваат на состанокот, соопшти кабинетот на јужноафриканскиот претседател Кирил Рамафоса.

Рамафоса ќе претседава со „вонредниот состанок“ бидејќи ЈАР во моментов е ротирачки претседавач со БРИКС, додаде неговиот кабинет. Се очекува лидерите да се осврнат на „хуманитарната криза“ во Газа и најверојатно ќе усвојат заедничка изјава.

Мицкоски: Очекувам до крајот на 2024 странски директни инвестиции од над 1 милијарда евра

Очекувам до крајот на годината да се надмине историско највисокото ниво на странски директни инвестиции во државата од над 1 милијарда евра, напиша на својот профил на фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски. 

[📈] Денешните податоци покажуваат дека странските директни инвестиции (СДИ) во Македонија во периодот јануари-септември достигнаа 838,2 милиони евра, што е зголемување од 348,4 милиони евра во однос на истиот период минатата година и рекорд во изминативе дваесет години.

Мандатот го започнавме со договори за странски инвестиции од над 650 милиони евра. Ќе продолжиме да работиме за раст на стандардот и благосостојба на сите граѓани.

[✅️] Работиме Македонија да биде повторно ваша и повторно горда!

Заедно за работа која носи дела!, стои во објавата на Мицкоски.

Трамп бара итно ослободување на израелските заложници,во спротивно се заканува со „ужасна цена“

-Оние кои се одговорни ќе бидат погодени посилно од кој било..., објави Трамп на „Truth Social“ и додаде порака „Ослободете ги заложниците сега“, напишана со големи букви.

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп бара итно ослободување на израелските заложници кои се уште се држат во Газа и најави дека ќе платат „ужасна цена“ на Блискиот Исток доколку не бидат ослободени пред неговата инаугурација на 20 јануари 2025 година.

-Оние кои се одговорни ќе бидат погодени посилно од кој било..., објави Трамп на „Truth Social“ и додаде порака „Ослободете ги заложниците сега“, напишана со големи букви.

Трамп им се закани со страшна цена на оние кои, како што напиша, извршиле злосторства против човештвото.

Заканата на Трамп е испратена откако израелската влада ја потврди смртта на Омер Неутра, Израелец кој исто така имал американско државјанство.

Муцунски учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска и утре ќе учествува на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите членки на НАТО, што се одржува во седиштето на Алијансата во Брисел. 

Предвидено е на министерскиот состанок да се разговара за актуелните безбедносни предизвици на НАТО, за случувањата во јужното соседство на Алијансата, за актуелните состојби поврзани со руската агресија врз Украина, како и за досегашната имплементација на одлуките донесени на Самитот на Пактот во Вашингтон одржан во јули, годинава.

Работниот дел од состанокот ќе започне со заседание на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на дипломатии, на кое ќе присуствува и јорданскиот Абдула Втори. Глава тема на средбата ќе бидат случувањата на Блискиот Исток и безбедносните импликации од нив по НАТО.

На крајот на првиот ден од заседанието ќе се одржи сесија на Советот НАТО-Украина во форма на работна вечера, на која ќе учествува и украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха.

Министерскиот состанок на НАТО продолжува утре претпладне со заседание на Северноатлантскиот совет на кое, меѓу другото, ќе се разговара и за подготовките на Самитот на Алијансата што ќе се одржи следната година во Хаг.

На маргините на собирот, предвидено е министерот Муцунски да оствари и повеќе билатерални средби со своите колеги учесници на состанокот.

притисни ентер