Лидерите на Западен Балкан ќе се сретнат во Драч на самитот на иницијативата „Брдо-Бриони“ - Канал 5

Лидерите на Западен Балкан ќе се сретнат во Драч на самитот на иницијативата „Брдо-Бриони“

Лидерите на земјите од Западен Балкан, меѓу кои и македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова, денеска ќе се сретнат во Драч на самитот на иницијативата „Брдо-Бриони“.

Лидерите на Западен Балкан ќе се сретнат во Драч на самитот на иницијативата „Брдо-Бриони“

Во фокусот на состанокот ќе бидат европската перспектива на Западен Балкан, Планот на ЕУ за раст на регионот, младинската политика и одливот на мозоци, како и регионалната соработка и безбедност.

Процесот „Брдо-Бриони“ е заедничка словенечко-хрватска иницијатива започната во 2013 година, а нејзини членови се Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија.

Самитот во Драч го организираат претседателите на Словенија и Хрватска, Наташа Пирц Мусар и Зоран Милановиќ, а домаќин е претседателот на Албанија, Бајрам Бегај.

На состанокот во Албанија ќе учествуваат и црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина Жељка Цвијановиќ, Денис Беќировиќ и Жељко Комшиќ, косовската претседателка Вјоса Османи и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Иницијативата „Брдо-Бриони“ има за цел да поттикне меѓусебна соработка и да ги олесни напорите на земјите од регионот на нивниот пат кон ЕУ.

- Годинешниот состанок ќе се одржи под мотото „Заеднички интереси, заедничка посветеност кон заедничка иднина: заедно кон ЕУ“. Заедно со прашањето за европската перспектива на земјите од Западен Балкан, ќе се фокусираат и на зајакнување на регионалната соработка, објавија организаторите.

Словенија на самитот во Драч уште еднаш ќе нагласи дека проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан е најефикасната геополитичка алатка за обезбедување стабилност, мир и безбедност во регионот.

Учесниците на самитот ќе обрнат посебно внимание на спроведувањето на планот на ЕУ за економски раст на Западен Балкан, што им овозможува на земјите од регионот постепено да се интегрираат во ЕУ и носи конкретни придобивки за нивните граѓани. За таа цел, ЕУ воспостави финансиски инструмент за периодот 2024-2027 година вреден шест милијарди евра.

Се очекува Македонија да добие над 750 милиони евра од Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан до крајот на 2027 година, Косово 880 милиони, Албанија 920 милиони, Србија над 1,5 милијарди евра, Црна Гора 380 милиони и Босна и Херцеговина околу 900 милиони евра, откако Европската комисија им ги намали средствата за десет проценти поради доцнења во планот.

Состаноците во рамките на иницијативата „Брдо-Бриони“ се одржуваат секоја година од 2013 година. Минатата година се одржа во Црна Гора, каде што лидерите во заедничка изјава ја нагласија важноста на добрососедските односи и регионалната соработка и се обврзаа на понатамошни реформи, зајакнување на стратешкиот дијалог со ЕУ и спроведување на Зелената агенда за Западен Балкан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври

Денес го одбележуваме 11 Октомври, Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја, симбол на храброста, непокорот и решителноста на народот да се избори за слобода, достоинство и сопствена иднина.

Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври

Овој празник нè потсетува на вредностите врз кои се гради едно демократско и праведно општество, слободата, солидарноста, меѓусебното почитување и заедништвото. Тоа се вредности кои и денес треба да бидат наша водилка во градењето на државата и во создавањето подобра иднина за генерациите што доаѓаат.

Наша обврска е со почит да го чуваме споменот на сите оние кои се бореле и се жртвувале за слободата, а нивната храброст да ја преточиме во одговорност, единство и посветеност кон демократскиот развој, владеењето на правото и европската иднина на нашата земја.

Само преку заедништво, заемна почит и почитување на различностите можеме да изградиме општество во кое секој граѓанин ќе се чувствува еднакво вреднуван и ќе има можност да придонесе кон заедничкиот напредок.

Нека 11 Октомври биде потсетник дека слободата и достоинството се вредности што треба постојано да ги негуваме и браниме.

На сите граѓани им го честитам 11 Октомври, Денот на народното востание, со желби за мир, благосостојба и просперитет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 11. октомври 2026 година

Дневен хороскоп за недела, 11. октомври 2026 година. 

Дневен хороскоп за 11. октомври 2026 година

Вага 24.9.-23.10.

Љубов

Денот е добар за неформално дружење со кафе. Многумина ќе уживаат во разговор на различни теми , без притисок дека мора да се случи нешто подлабоко.

Кариера

Ќе знаете да ги презентирате своите замисли , така што дугите ќе ве слушаат со интерес и повеќето ќе ве прифатат.

Здравје и совет

Проширете ги контактите.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Вашиот личен живот е квалитетен и вие сте задоволни од него. Денеска сте отворени за нови луѓе и идеи.

Кариера

Ќе почнете со интересна деловна кореспонденција во која ќе треба да се потрудите да бидете што појасни и поедноставни.

Здравје и совет

Немојте да зборувате премногу.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Би можеле малку повеќе да се замислите за тоа колку вие добивате од врската , а колку партнерот. Ќе ви изгледа како тука да има разлика на ваша штета.

Кариера

Ќе се затекнете пред нови технологии , што треба да ги совладате.Најдете мотив зошто е тоа добро да се прифати.

Здравје и совет

Вежбајте.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Зрелост и претпазливост ќе ви бидат главни квалитети за да го поминете иовој комплициран ден , во кој ќе се чувствувате малку исфрустрирано.

Кариера

Немојте по секоја цена да одите по новите трендови.И нив треба да ги проучувате некое време , па подобро е тоа да го правите постепено.

Здравје и совет

Понастрана од снобови.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

За да ја освежите врската , ќе се фрлите во трошок . Можно е да купите подарок или да ја повикате саканата личност на вечера на ваша сметка.

Кариера

Сеуште ги чекате одговорите , со кои би се искачиле за скалило погоре . Без оглед на тоа , работата добро ви оди.

Здравје и совет

Немате грижи.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ќе бидете концентрирани на своите емоции , а ќе очекувате другите да ви возвратат со љубов. Можеби енма да бидат толку сенизибилни како што сте вие.

Кариера

Во состојба сте да измислите некои работи што не постојат. Тоа е добро за креативните професии , но за оние кои се конкретни , таквиот став може да ви наштети.

Здравје и совет

Не брзајте.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Вашата најдрага личност денеска ќе биде особено чувствителна , а вие ќе бидете склони со непромислено одмнесување да ја повредите.

Кариера

Во добро организирана работа , вие сепак ќе се обидете да внесете некои нови и напредни идеи. Младите лица подобро ќе ги разбираат.

Здравје и совет

Не зборувајте , доколку нема причина.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Во личните односи денеска би можело да дојде до незадоволство , зашто низа ситуации нема да ви одат од рака.

Кариера

Ќе се потпрете на своите соработници и нивната наклонетост. Услужните дејности просто ќе цветаат.

Здравје и совет

Внимавајте на нервози и фрустрации.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе уживате во друштвото на саканата личност. Оние кои уште се сами , ќе изгледаат опуштено и без притисок дека мора некого да најдат.

Кариера

На некого од страна му изгледа како да ви паднала секирата во мед. И ќе биде во право. Преку фалбите на другите , вие се освестувате што ви се случува.

Здравје и совет

Формата ви е одлична.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Денеска ќе поминете најдобро ако не зборувате , доколку не мора. Едноставно молчете и сакајте без некои посебни барања.

Кариера

За да се расчисти метежот што се појавил, треба да се послужите со сопствената интуиција и со своите свежи идеи.

Здравје и совет

Слушајте го во тишина вашиот внатрешен глас.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Полесно ќње воспоставувате контакти со луѓето , па денот е добар за излегувања и нови познанаства.

Кариера

Се ќе се врти околу другите , а вие ќе треба тоа да го прифатите. Ќе се поврзете со нови , напредни идеи.

Здравје и совет

Немојте толку да се сомневате.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Познанство со личност која не е од вашето поднебје , би можело да ви ја разбуди фантазијата. Некои ќе ја покажат и својата наклонетост.

Кариера

Во работите поврзани со луѓе ќе бидете успешни без оглед што соработниците и натаму ве нервираат.

Здравје и совет

Сега знаете што сакате.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер.

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С)

8 Попова Шапка, Берово, 11 Маврови Анови, Крива Паланка, 12 Крушево, Струмица, Охрид, Претор, Прилеп, 14 Тетово, Куманово, Кавадарци, Скопје-Петровец, 10 15 Велес, Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија, 16 Виница, Битола, 19 Демир Капија.

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 08 часот во (l/m2)

13 Претор, 11 Охрид, 5 Попова Шапка, 4 Пожаране, 3 Маврови Анови, Крушево, 2 тетово, 1 Тополчани.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 21 степен.

Во Скопје, променливо облачно со повремени венежи од дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне до 19 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер