СветЛидерите на ЕУ во посета на Киев по повод третата годишнина од руската инвазија врз Украина Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и 21 член на Европската комисија, предводени од нејзината претседателка Урсула фон дер Лајен денеска престојуваат во Киев. Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и 21 член на Европската комисија, предводени од нејзината претседателка Урсула фон дер Лајен денеска престојуваат во Киев, со цел да ја изразат непоколебливата поддршка на ЕУ за борбата на Украина за независност и слобода, три години од почетокот на руската инвазија врз земјата. Кошта минатата недела најавувајќи ја посетата на Киев, потенцира дека нејзина цел е да се потврди „поддршката за херојскиот украински народ и за демократски избраниот претседател“. - Понеделник, 24 февруари, е трета годишнина од руската целосна инвазија врз Украина. Одлучив да бидам во Киев по овој повод, со Урсула фон дер Лајен, за да ја потврдиме нашата поддршка на херојскиот украински народ и на демократски избраниот претседател Зеленски, наведе Кошта во објава на Икс. Заменикот главен портпарол на Европската комисија, Стефан де Керсмакер, пак, во петокот изјави дека Фон дер Лајен и членови на Колеџот на комесари ќе престојуваат во Киев за „да ја изразат непоколебливата поддршка на Европа за борбите на Украина за слобода и независност“. Тој информира дека Фон дер Лајен ќе им средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, со кого ќе копретседаваат со заедничка седница на Колеџот на комесари на ЕУ и Владата на Украина, на која, според најавите, ќе се разговара за „иднината на Украина како слободна, суверена и европска нација“. Претходно во текот на денот, предвидено е високите претставници на ЕУ да им оддадат почит на загинатите украински војници, како и на оние што се уште се борат на првите линии од фронтот против руската брутална агресија. Во најава на посетата на Киев, Европската комисија посочи дека во изминативе три години ЕУ цврсто стои на страната на Украина и ги презеде сите напори за да и обезбеди на земјата да се најде во позиција да постигне праведен и траен мир. - ЕУ ја поддржа финансиската стабилност на Украина и придонесе за меѓународните напори за руска одговорност за нејзините злосторства. Работеше и рамо до рамо со Украина на нејзиниот пристапен процес, за да се осигура дека иднината на земјата е во ЕУ. ЕУ е и најголемиот донатор на Украина до сега. Таа ги обучуваше војниците во земјата, ја финансираше испораката на оружје и воведе строги санкции, се додава во најавата. Во пресрет на годишнината од стартот на руската агресија врз Украина, вчера на јарболите пред седиштата на Европската комисија и на Европскиот парламент во Брисел, покрај европските беа истакнати и украински знамиња. - Утре се навршуваат три години откако Русија ја започна својата целосна инвазија врз Украина. Ден кој засекогаш ќе биде обележан со срам. Денеска го креваме украинското знаме пред нашето седиште. Се вее високо и гордо во срцето на Европа. Каде што припаѓа, објави по тој повод Фон дер Лајен на Икс. На 24 февруари 2022 година Русија изврши инвазија врз Украина започнувајќи го досега најголемиот и најсмртоносниот конфликт во Европа по Втората светска војна, во кој загинаа стотици илјади војници и десетици илјади украински цивили. Во моментов Русија под окупација држи околу 20 отсто од територијата на Украина. Дополнително, поради конфликтот над 16 милиони Украинци ги напуштија своите домови, од кои околу осум милиони се внатрешно раселени лица во Украина, а речиси 8,2 милиони ја напуштија земјата со што се создаде најголемата бегалски криза во Европа по Втората светска војна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТри маскирани лица ограбиле обложувалница во ЧаирОграбена обложувалница во Чаир, тројца вооружени со маски му се заканувале на вработениот.Три маскирани лица ограбиле спортска обложувалница на подрачјето на Чаир во Скопје, при што со огнено оружје му се заканувале на вработениот, објави ТВ21. Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен на 30 октомври, во 23:54 часот. „Три лица од машки пол, со закана со огнено оружје, му ги одзеле на вработениот парите од дневниот промет“, соопшти МВР. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и идентификување на сторителите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДИК: Заврши гласањето на болните и немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор Заврши гласањето на болните и немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница. Според податоците пристигнати до Државната изборна комисија, од вкупно 9 пријавени лица за гласање во казнено поправните установи во државата, гласале вкупно 8 лица. Од вкупно 107 болни или немоќни лица со право на глас, правото на глас го оствариле 104 лица. Гласањето во текот на денот се одвиваше без проблеми и секој гласач имаше можност слободно да го оствари своето право на глас.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
МакедонијаПредизборен молк пред вториот круг на предвремените избори за градоначалник во БрвеницаСпоред информациите од Државната изборна комисија вкупно107 болни и немоќни лица денеска можат да го остварат своето право на глас. Таква можнмост имаат и 9 лица кои се наоѓаат на издржување казна затвор.Гласањето на затворениците се спроведува во три Казнено-поправни установи на територијата на државата, лоцирани во скопје, штип и тетово. Гласањето започна утринава во 7 часот, а вториот круг од изборите во Брвеница ќе го следат вкупно 61 акредитиран набљудувач, од кои 56 се домашни, а пет се меѓународниКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter