Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)
Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција
1Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)
2Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција
3Демократска сенаторка на 82 годишна возраст раководела со мрежа на трговци со дрога, се огласи и ФБИ
Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
2Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
3Во недела го поместуваме часовникот- аналитичарите откриле нешто неверојатно што се случува во повеќето домови
ЖивотЛидерите на ЕУ иницираа подготовка на нов закон за репатријација на мигрантите Шефовите на држави или влади на земјите членки на ЕУ на средбата во Брисел што заврши доцна синоќа, постигнаа договор за изработка на нова легислатива за репатријација на илегалните мигранти од Унијата.Во завршната декларација, која беше усогласена по неколку неделни преговори меѓу земјите членки, се повикува на „разгледување нови начини за спречување и спротивставување на илегалната миграција, во согласност со ЕУ и меѓународното право“, а од Европската комисија се бара итно да предложи нов законски предлог за „решителна акција на сите нивоа за олеснување, зголемување и забрзување на депортирањето од Европската Унија, со помош на сите релевантни политики, инструменти и алатки“. Потенцирајќи дека миграцијата е европски предизвик кој бара европски одговор, лидерите ги повикаа Советот на ЕУ, земјите членки и Европската комисијата да се посветат на „зајакнување на активностите за сеопфатен пристап кон миграцијата“, а апелираа и на засилена соработка со земјите на потекло и транзит на мигрантите за решавање на основните причини за мигрирањето и во борбата против криумчарењето и трговијата со луѓе. - Усогласувањето на визната политика со соседните земји е важен елемент во овој поглед. Безбедни и легални патишта во согласност со националните надлежности се клучни за легална и уредна миграција, се додава во Заклучоците. Лидерите, исто така апелираа да не им се дозволи „на Русија, Белорусија или на која било друга земја“ преку инструментализација на миграцијата за политички цели да ги злоупотребуваат вредности на ЕУ, вклучително и правото на азил, за поткопување европските демократии. Европскиот совет ја нагласи и потребата од ефикасна контрола на надворешните граници на Унијата со сите расположливи средства, согласност со европското и меѓународното право, како и важноста од „правилно функционирање на Шенген зоната“. Ваквата одлука на Самитот на ЕУ, полскиот премиер Доналд Туск ја оцени како своја победа, бидејќи неговата идеја за привремен прекин на процесирањето на апликациите на барателите на азил кои илегално влегле во Унијата, добила поддршката и од другите лидери на земјите членки. Сепак, идејата за воспоставување на т.н. „центри за враќање“, каде до нивната депортација би биле задржани илегалните мигранти чии барања за азил се одбиена, не беше поддржана од сите лидери на членките на ЕУ. Во врска со Украина, Европскиот совет ја повтори својата решителна осуда на руската агресија врз Украина, која е оценета како очигледно кршење на Повелбата на ОН и ја потврди поддршката за независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници. Лидерите на ЕУ, исто така, ја потврдија непоколебливата посветеност на ЕУ за обезбедување континуирана политичка, финансиска, економска, хуманитарна, воена и дипломатска поддршка на Украина и нејзиниот народ онолку долго и со оној интензитет колку што ќе биде потребно и изразија поддршка за постигнување сеопфатен, праведен и траен мир заснован на принципите на Повелбата на ОН и меѓународното право и „клучните цели на формулата за мир на Украина“, во согласност со Киев, бидејќи „не може да се преземе иницијатива за Украина без Украина“. Советот повикува и на итно засилување на воената поддршка за Украина и забрзување на нејзината испорака, особено системи за противвоздушна одбрана, муниција, како и на исполнување на заложбата усогласена на Самитот на Г7 во Апулија за обезбедување на приближно 45 милијарди евра (50 милијарди американски долари) до крајот на годината за сегашните и идните воени, буџетски и реконструктивни потреби на Украина. - Европскиот совет остро го осудува постојаното гранатирање од руска страна на украинската критична енергетска и цивилна инфраструктура и ги поддржува сите напори, и јавни и приватни, за итно зголемување на енергетската безбедност на Украина пред зимата и задоволување на непосредните потреби за хуманитарна и цивилна заштита на украинското население, се додава во заклучоците и се повикува на понатамошна интеграција на енергетскиот систем на земјата во енергетската мрежа на ЕУ. Лидерите ги осудија и руските напади врз украинската пристанишна инфраструктура и врз комерцијалните бродови, оценувајќи дека со тоа Русија ја користи храната како оружје и поткопува глобалната безбедност на снабдувањето со прехранбени продукти. - Европскиот совет е крајно загрижен поради извештаите за егзекуции од страна на руските сили на украински воени заробеници. Меѓународното хуманитарно право, вклучително и во третманот на воените заробеници, мора да се почитува во секое време. Ниту еден криминал не може да остане неказнет, се додава во заклучоците. Лидерите ја нагласија и подготвеноста за воведување дополнителни санкции против Русија за да се ограничи нејзината способноста да води војна и ја осудија „континуираната поддршка на третите земји за руската агресивна војна“, повикувајќи да престанат со секаква помош за земјата и нејзината воена индустриска база. Европскиот совет ја осуди и руската засилена кампања на хибридни активности насочени против Европската унија, нејзините земји членки и партнери и го поздрави воведувањето на санкциите на ЕУ поврзани со дестабилизирачките акции на Русија. - Европската Унија и земјите членки ќе продолжат да ја зајакнуваат својата отпорност и целосно да ја користат хибридната алатка на ЕУ за да ги спречат, одвратат и одговорат на хибридните активности на Русија. Лидерите расправаа и за ситуацијата со високите и нестабилни цени на електричната енергија во некои делови на Европа и ја повикаа Европската комисија итно да предложи мерки за решавање на ова прашање. Во однос на состојбите на Блискиот Исток, лидерите на ЕУ ги повторија своите повици за деескалација на состојбата, изразувајќи „длабока вознемиреност од драматичната воена ескалација“ и ризикот што таа го претставува за целиот регион. - Ги повикуваме сите страни да покажат најголема воздржаност, веднаш да стават крај на сите непријателства и целосно да го почитуваат меѓународното право, вклучително и меѓународното хуманитарно право. Европската унија е целосно посветена да помогне во деескалација на ситуацијата и намалување на тензиите, се наведува во заклучоците. Европскиот совет ги осуди иранските напади врз Израел од 1 октомври, како и „сериозно дестабилизирачките активности на Иран низ Блискиот Исток преку терористички и вооружени групи, кои претставуваат сериозна закана за регионалните стабилност“, при тоа повторувајќи го правото на израелската држава да се брани себеси со почитување меѓународното хуманитарно право. Лидерите изразуваат и „најголема загриженост“ поради воената ескалација во Либан и изразуваат жалење за неприфатливиот број цивилни жртви, присилното раселување предизвикано од ескалацијата на насилството и упорната употреба на воена сила - Ракетните напади од страна на Хезболах мора да престанат. Мора да се почитуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Либан. Европскиот совет повикува на итен прекин на огнот преку „Сината линија“ и на целосно и симетрично спроведување на Резолуцијата 1701 на Советот за безбедност на ОН, се додава во заклучоците, при што се нагласува и „силната поддршка“ на Унијата за државните институции на Либан, вклучително и за либанските вооружени сили. Советот на ЕУ ги осуди и нападите врз Мисијата на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ), при кои беа повредени неколкумина мировници, оценувајќи дека тие претставуваат сериозно кршење на меѓународното право, целосно се неприфатливи и мора веднаш да престанат. - Европскиот совет го повторува својот повик за итен прекин на огнот во Газа, безусловно ослободување на сите заложници, итно подобрување на пристапот и одржлива дистрибуција на хуманитарна помош низ Газа и траен прекин на непријателствата, во согласност со Резолуцијата 273на Советот за безбедност на ОН 5, се наведува во заклучоците, при што се додава дека ЕУ е непоколебливо посветена на постигнување праведен, сеопфатен и траен мир заснован на решението за две држави, како и дека кредибилниот пат кон палестинската државност е клучна компонента на тој политички процес. Лидерите посочуваат и дека во време на засилени конфликти и тензии и алармантниот тренд на непочитување на меѓународното право, ЕУ ја потврдува својата непоколеблива посветеност на ефективниот мултилатеризам и на меѓународниот поредок заснован на правила. - Европскиот совет останува посветен на ставањето крај на неказнивоста и на обезбедување одговорност за прекршување на меѓународното право и меѓународното хуманитарно право, ширум светот, и потсетува на важноста од поддршката и спроведувањето на одлуките на меѓународните судови, се потенцира во заклучоците. Од Самитот беше изразена цврстата поддршка на европскиот пат на Молдавија, но и осуда на „постојаната манипулација со информации и мешање од страна на Русија во обид да се поткопаат демократските избори и изборот на молдавскиот народ за просперитетна, стабилна и мирна европска иднина“. Исто така, се изразува и подготвеност да се поддржи „грузискиот народ на неговиот европски пат“, но се изразува и сериозна загриженост поради чекорите преземени од Владата на Грузија, што се во спротивност со вредностите и принципите врз кои е заснована Европската Унија. Лидерите на ЕУ изразија и „најдлабока загриженост“ за катастрофалната хуманитарна ситуација предизвикана од конфликтот во, „крајна загриженост“ за кршењето на човековите права во Венецуела и „исклучителна загриженост“ за состојбата на Хаити. Во однос на конкурентноста на ЕУ, лидерите повикаа на дополнителни напори за нејзино подобрување, преку зајакнување економска отпорност и обезбедување на индустриска обнова и еднакви услови за игра и внатрешно и глобално. На Самиот на ЕУ се разговараше и за подготовките за конференциите на ОН за климатски промени и за биолошки диверзитет, а беа и осудени сите форми на дискриминација, вклучително и антисемитизмот и антимуслиманската омраза, нетолеранцијата, расизмот и ксенофобијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваЅвезда на OnlyFans се расплака: Мора да се вратам дома без сопругот (ВИДЕО)Австралиската инфлуенсерка и креаторка на содржини на платформата OnlyFans, Микаела Теста, објави дека нејзиното барање за американска зелена карта не е одобрено, поради што мора да се врати во Австралија. Одлуката на имиграциските власти значи дека Теста ќе мора привремено да биде одвоена од својот сопруг, американскиот бодибилдер Максвел Краузе. Таа ја сподели веста во емотивно видео на TikTok, кое беше прегледано повеќе од милион пати за краток временски период. Заедно со видеото на кое плаче, 26-годишната девојка објави и предупредување: „Омажи се за странец на свој ризик“. Таа објасни дека го снимила видеото за да ги спречи шпекулациите за евентуално распаѓање на нивниот брак. „Ако ме видите на летот за Австралија во следниот влог, тоа не е затоа што се случило нешто лошо, туку затоа што не ми ја одобрија зелената карта“, рече таа во видеото. „Не можам ни да опишам како се чувствувам. Морам сама да се качам на авион за Австралија, а сум во брак со овој човек и не можам да бидам со него“. Компликации со визата Потоа Теста ги објасни имиграциските проблеми со кои се соочува двојката. Таа рече дека поради сè построгите правила и ограничувања при влегување во одредени земји, тие морале да одлучат каде да живеат. „Луѓето не сфаќаат колку документација има“, забележа таа. Проблемот се појавил откако Краузе, според неа, ги искористила можностите за привремен престој во Австралија. „Последниот пат кога влеговме во Австралија, тој бил задржан на границата поради чести влегувања. Макс ги искористил сите достапни австралиски визи, вклучително и работна виза за одмор. Немал повеќе опции“, објасни таа. @mikaelatesta ♬ original sound - Mikaela Testa Бидејќи Краузе повеќе не можел едноставно да влезе во Австралија, двојката решила да се фокусира на својот престој во Соединетите Држави. „Не можев да се справам со постапката за влез на Макс во Австралија и мојот за САД во исто време. Моравме да избереме една земја и се одлучивме за Америка“, објасни таа. Во видеото, таа ги замолила своите следбеници за поддршка додека чекаат на конечната одлука. „Можеби наскоро ќе добиеме лоши вести. Ве молиме испратете ни позитивна енергија и среќа, мислам дека навистина ќе ми требаат.“ Подоцна во коментарите, таа разјасни што се случило за време на постапката: „Имавме разговор за зелена карта и ни се чини дека не поминало добро.“ Свадба на Хаваи Проблемите со престојот во САД се појавија кратко по нивната свадба на Хаваи. Двојката имаше интимна и ненајавена церемонија, а Теста носеше винтиџ фустан за таа пригода, за кој плати 30 долари. View this post on Instagram A post shared by Mikaela Testa (@mikaelatesta) Иако се надеваа дека по свадбата ќе можат да го решат прашањето за нејзиниот престој во САД без поголеми проблеми, постапката не заврши како што очекуваа. Теста сега мора да се врати во Австралија, додека нејзиниот сопруг ќе остане во САД.Тагови: OnlyFans сопругот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаАнгела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија.Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија, пред да го продолжи своето патување до крајбрежјето Амалфи, каде што ќе помине неколку дена на одмор во Равело, објавува „Матино“. Меркел претходно пристигна на аеродромот Каподикино во Неапол, од каде, придружувана од обезбедувањето, се упати по автопатот преку Помпеја и Салерно до крајбрежјето Амалфи. На излезот за Кава де Тирени, таа одлучи да направи кратка пауза во супермаркетот, кој се наоѓа недалеку од наплатната рампа. „Љубезна, топла и пристапна“ Нејзината посета ги изненади вработените и клиентите. Асунта Ламберти, вработена во одделот за деликатеси, беше првата што ја препозна поранешната германска канцеларка. „Изгледа како госпоѓа Меркел“, извика таа, сè уште во неверица додека сечеше сувомеснато месо. Нејзината претпоставка беше потврдена од секретарката и преведувачот на политичарот. Вработената подоцна ја опиша Меркел како љубезна, топла и пристапна личност. Поранешната канцеларка помина некое време разгледувајќи наоколу и купувајќи производи, поздравувајќи ги оние што ја препознаа. Локални специјалитети во кошничката Сепак, таа беше особено импресионирана од речиси празните полици, особено во одделот за овошје и зеленчук. Недостатокот на одредени производи беше поврзан со штрајк на камионџиите, а Меркел праша за причините за намалената понуда. Нејзината кошничка содржеше и локални специјалитети, вклучувајќи неколку пакувања тестенини Граниано и моцарела од биволско потекло, карактеристични производи на гастрономската традиција на Кампанија. По купувањето, Меркел ги поздрави присутните и го напушти супермаркетот, каде што ја чекаше возило, пред да продолжи по патот кон нејзината дестинација на брегот на Амалфи.Тагови: Ангела Меркел супермаркет Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
ЕвропаДанска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа.Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа, што предизвика осуда од Москва. Данскиот министер за одбрана, Јепе Брус, изјави дека новите ракетни системи ќе ги зајакнат капацитетите на Данска и ќе ѝ овозможат да изврши напади „зад непријателските линии“ доколку биде нападната. „Се наоѓаме во сериозна и влошувачка безбедносна ситуација и затоа ја зајакнуваме нашата одбрана и ја зголемуваме нашата борбена моќ“, изјави Брус пред новинарите. Руската амбасада во Копенхаген во писмена изјава изјави дека целта на ракетната политика на Данска е конфронтација со Москва и предупреди на „неизбежни катастрофални последици“. „Копенхаген е зафатен од опасни заблуди дека купувањето офанзивно, високопрецизно, оружје со долг дострел, кое претставува воена закана за нуклеарна сила, ќе помогне во зајакнувањето на безбедноста и одбраната на Данска“, соопшти амбасадата. Данска минатата година објави планови за набавка на офанзивно оружје со долг дострел за да се спротивстави на воената закана на Русија за Европа, што предизвика остар одговор од Москва. Премиерката Мете Фредериксен потоа ја повика војската да „купува, купува, купува“ ново оружје, по години намалување на воениот буџет, во промена на политиката предизвикана од војната на Русија во Украина. Данска вчера соопшти дека се согласила да купи ракети „Антем“, произведени од американската одбранбена компанија „Ковенант“ во Германија, како и ракети „Џоинт Страјк“ за своите борбени авиони „Ф-35“, произведени од норвешката компанија „Конгсберг“ (KOG.OL). Брус не кажа колку ракети нарачала Данска или колку ќе плати за нив.Тагови: Данска ракети Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter