3Ангелов: Изгаснат е пожарот кој излезе надвор од кавадаречката депонија, интезивно се работи на затрупување
ЗабаваЛицето на ова девојче го избезуми жирито (видео) Никој не го очекуваше она што се случи, во студиото завладеа тишина! Сè падна во втор план кога таа заблеска. Танцот е еден од најстарите начини на изразување емоции. Танцовите жанрови исто така се менувале низ историјата на човештвото. Бројните натпревари се можност танчарите да ги покажат своите вештини. На еден од бројните натпревари се појави девојче од едвај 10 години кое го воодушеви жирито со своите танцувачки вештини. Меѓутоа, во желбата да биде поинаква и забележана, ова девојче прибегнало кон драстичен трик, па своето лице за настап го нашминкало како да оди на Ноќта на вештерките. Кога таа се појавува на сцената со нашминканото лице, сите занемуваат, особено членовите на жирито. Десетгодишната Сидни Абот најпрво се претставува пред жирито облечена во тренерки, а со првите звуци на музиката ги соблекува и останува во црно трико. Нејзиниот настап е проследен со музика како од хорор филмовите, а таа со своите танцувачки вештини како да сака да евоцира сцена достојна за најстрашните хорор филмови. Судејќи по реакциите на членовите на жирито, но и на публиката во студиото, малата Сидни успеа во тоа. @gottalentglobal Don't Let Her Cuteness Fool You! #contortionist #creepy #kid #dancer #canadasgottalent #gottalent #howiemandel #LillySingh #TrishStratus #kardinaloffishall ♬ original sound - Got Talent Global За време на настапот таа изведе неверојатни акробации, па затоа доби громогласен аплауз и од членовите на жирито и од публиката. Видеото привлече големо внимание на Тикток, а луѓето беа воодушевени од нејзиниот талент. - Се прашувам како го открила овој талент. - Земете ја за актерка во хорор филмови. - Имаш совршен талент! - Дали само јас се преплашив од ова? - Ова е претерано за мене, особено затоа што се работи за мало девојче. - Танцот е совршен, но ваквата шминка е претерана, не би сакал да ја сретнам во некоја темница. -Би сакала да ги видам нејзините родители и да знам зошто дозволуваат едно дете да настапува облечено и нашминкано вака. - Ми треба за скриена камера - беа дел од коментарите. Многумина признаа дека целото шоу го изгледале во еден здив. Иако многумина забележале дека девојчето е многу младо и има огромен талент, сите се согласиле дека „ѕвездата е родена“. Но, имаше и такви кои веруваат дека на децата не им се потребни вакви изведби и дека родителите не треба да ги насочуваат кон вакви работи, дури и да се работи за уметничко изразување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце09:00Општина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00
МакедонијаАкција за отстранување на хаварисани возила низ КарпошСекторот Инспекторат од Општина Карпош во соработка со колективниот постапувач Green road, вчера спроведе редовна акција за подигнување на отпадните (хаварисани) возила од јавните површини на територија на локалната самоуправа.Акцијата се одвиваше во реонот на У.З. „Владо Тасевски“ каде беа отстранети неколку отпадни возила со регистарски таблички, за кои претходно се водеше инспекциска постапка. Целта на оваа иницијатива е ослободување на јавните површини, како и подобрување на квалитетот на здравата животна средина. Општина Карпош апелира на совесно однесување на граѓаните, во насока на заедничко дејствување за почист Карпош. ОПШТИНА КАРПОШТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМЕРМС организира свеченост по повод денот на рударитеПо повод денот на рударите, во организација на министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денеска ќе бидат доделени пофалници и признанија на најуспешните рудари за нивниот ангажман, посветеност и придонес во текот на 2025/2026 год.Со овој настан, како што нагласуваат од ресорното министерство се оддава признание на трудот и посветеноста на рударите, како и на нивната значајна улога во развојот на рударскиот сектор и економијата.Тагови: Денот на македонските рудари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАнгелов: Изгаснат е пожарот кој излезе надвор од кавадаречката депонија, интезивно се работи на затрупувањеВо изминатото деноноќие на територијата на државата регистрирани биле вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои, како што соопштија од Центарот за управување со кризи, три се се уште активни, четири се под контрола, а 24 се изгПожарот кој вчера избувна на кавадаречката депонија и набрзо се проширил и надвор од неа, доцна синоќа како што соопшти првиот човек на Дирекција за заштита и спасување Стојанче Англеов, бил делумно изгаснат и започнало затрупување на депонијата за да се запре чадењето. Градоначалникот на кавадарци Митко Јанчев на социјалните мрежи напиша дека пожарот, според нивните првични сознанија и начинот на неговото избивање покажува индиции дека е подметнат и ги повика надлежните да го истражат случајот до крај. А доцна синоќа изгаснат бил и пожарот помеѓу Горно и Долно Чичево во Општина Градско.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter