БалканЛицето кое вчера рани со нож четворица случајни минувачи во Урошевац бил осуден за убиство Косовската полиција соопшти дека денеска го уапсила лицето кое вчера со нож нападна и рани четворица случајни минувачи во косовскиот град Урошевац, јави дописникот на МИА од Приштина.Извори од косовското обвинителство изјавија за медиумите дека осомничениот напаѓач бил порано казнет на 15 години затвор за убиство на неговата сопруга. Во одделни напади што се случија вчера попладне на три локации во близина на центарот на Урошевац, вооружен маж рани две 10-годишни девојчиња и двајца мажи на околу 30-годишна возраст. Ранетите се пренесени во ургентниот центар во Урошевац, а едно од девојчињата, кое се здобило со потешки повреди, е однесено во Клиничкиот и универзитетски центар на Косово во Приштина, од каде што денеска информираа дека е приклучена на апарати, но состојбата ѝ е стабилна и е надвор од животна опасност. Полицијата веднаш по нападот уапси 59-годишен маж за кого се сомневаше дека го извршил нападот, но подоцна објави дека се испоставило оти истиот е невин и е пуштен од притвор, а денеска го уапсила лицето за кое вели дека има основани сомневања дека е сгторителот./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победатаЗаврши гласањето во Брвеница, граѓаните избираа меѓу Стојанчо Радически од ВМРО-ДПМНЕ и Аркин Јахиј од ДУИ За 21 часот Државната изборна комисија најави дека ќе ги објави првичните резултати од денешниот втор круг избои за градоначалник на Брвеница. ВМРО-ДПМНЕ пред малку го призна поразот на нивниот кандидат Стојанче Радичевски и ја честиташе победата на на кандидатот на ДУИ Аркин Јахиј. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Жешка одбојкаркаАтрактивната Кајла Симонс , која важи за најсекси одбојкарка во светот, ги воодушеви своите обожаватели со најновата објава на Инстаграм. Оваа 31-годишна девојка, поранешна универзитетска одбојкарка, а денес инфлуенсерка и модел, сподели неколку фотографии на кои позира на плажа. Со текот на годините, Кајла стекна голема база на обожаватели и има речиси милион следбеници на Инстаграм. Нејзината најнова објава прикажа дека 31 годишната екс одбојкарка ужива на егзотичните Бахами. На фотографиите таа носи светлозелено бикини кое ги истакна сите нејзини облини. На некои од нив позира легната покрај морето, додека на друга го покажува своето тело покриено со песок. Нејзината објава собра многу допаѓања и коментари. „Не сум сигурен дали песокот некогаш изгледал вака добро“, „Апсолутно прекрасна“, „Божица“ – ова се само дел од коментарите под објавата. За време на студиите на Универзитетот „Маршал“, Кајла играла одбојка. Таа се откажа од професионална одбојкарска кариера по завршувањето на четиригодишните студии, поради притисок и конфликти со универзитетската управа, која барала од неа да отстрани фотографии од Инстаграм и да го избрише својот профил. Сега убавата Кајла е инфлуенсерка и модел. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАлта банка – Битола: Експозитурите нема да работат со клиенти Од Алта банка – Битола информираат дека од 2 ноември 2026 година (понеделник), експозитурите на АЛТА банка АД Битола привремено нема да работат со клиенти, до дополнително известување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook