Лицата со попреченост за моментните состојби околу здравствено-медицинските услуги - Канал 5

Лицата со попреченост за моментните состојби околу здравствено-медицинските услуги

Полесен пристап за лицата со попреченост до здравствените услуги, до потребните лекови, но и поголема достапност до информациите за своите права од здравствено-медицинското подрачје, побараа учесниците на дебатата којашто се одржа во Велес.

Лицата со попреченост за моментните состојби околу здравствено-медицинските услуги

Проектот „Да се соочиме со предизвиците и стигматизацијата 2024 - 2026“ е финансиски поддржан од Владата на Швајцарија, преку програмата „Цивика мобилитас“. Дискусијата е организирана од Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености - Велес, и „Порака“ - Неготино. На тркалезната маса учество зедоа лица со попреченост, нивни семејства, старатели, граѓански организации и здруженија, како и здравствени работници.

- Иако бавно, работите се придвижуваат - не се исти како пред 20, 30 години. Но, тоа се постигнува со вакви собири на кои отворено ќе си ги кажеме проблемите... Властите се тие што треба и можат да им го олеснат животот на лицата со попреченост, изјави Далиборка Златева, претседателка на велешкото Здружение.

Во таа смисла, дискутантите се согласија дека вистинската моќ на промените и напредокот лежи кај властите. Александар Кржаловски од Македонскиот центар за меѓународна соработка, смета дека тоа особено ќе биде случај наредниов период што следи.

- САД и Трамп ја укинаа цела парична помош за невладините организации. Целта тука беа ЛГБТ-организациите, но покрај нив ќе настрадаат сите... УСАИД и другите американски фондации беа убедливо најголем донатор за вакви проекти во светски рамки, со вкупно 65 милијарди долари... Сега тоа го нема, па мора да се потпреме на „локалните“ извори, односно Владата, истакна Кржаловски.

Имајќи го тоа предвид, повеќе дискутанти се согласија дека ваквите проекти, собири и дискусии мора да продолжат.

- Како и притисокот врз пратениците, се надоврза Душко Христов, претседател на организацијата „Банка за храна''.

Се истакна и потребата од намалување на трошоците околу лековите и терапиите коишто им се неопходни на лицата со попреченост и што треба да бидат на некој начин - субвенционирани од властите. Следните вакви дискусии се планирани за во Неготино и Кавадарци, а потоа веројатно - и во Валандово, Гевгелија и други македонски градови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Баерн Минхен му нуди на Олисе годишна плата од 25 милиони евра

Германскиот гигант Баерн Минхен подготвува понуда за продолжување на договорот на Мајкл Олисе, со што тој би станал најплатениот играч во тимот и би се спречил неговиот трансфер во Реал Мадрид. 

Баерн Минхен му нуди на Олисе годишна плата од 25 милиони евра

Според информациите на германскиот „Скај“, францускиот напаѓач би можел да потпише договор до 2032 година, а неговата годишна плата би се зголемила на над 25 милиони евра.

Токму толку заработуваат Хари Кејн и Џамал ​​Мусиала, додека моменталната плата на Олисе изнесува 14 милиони евра.

Овој потег на баварскиот клуб е директна реакција на интересот од Реал, кој сè уште будно ја следи ситуацијата, пишува шпанскиот весник „АС“.

Раководството на Баерн има намера да ги забрза преговорите со Олисе веднаш штом ќе се финализира потпишувањето на новиот договор со Хари Кејн.

Сепак, Олисе поставува јасен услов за продолжување на соработката: Бара во договорот да биде вклучена откупна клаузула.

Таквата одредба му овозможи да се пресели од „Кристал Палас“ во Минхен за 53 милиони евра во 2024 година, а тој сака да ја задржи контролата врз својата иднина.

Иако Баерн вообичаено избегнува вакви договори, агентот на Олисе, Глен Твенебоа, инсистира дека клаузулата е неопходен дел од новиот договор.

„Мајкл неверојатно напредуваше кај нас и сега е еден од најдобрите играчи во светот. Многу сме среќни што е со нас. Неговиот договор важи до 2029 година, така што нема притисок. Тој се чувствува одлично во Баерн и во редовен контакт сме. Како што реков, не брзаме“, изјави спортскиот директор Кристоф Фројнд.

Вклучувањето на откупна клаузула значително би ја зајакнало преговарачката позиција на францускиот фудбалер. Во Баерн се подготвени да му го понудат статусот на најплатен фудбалер, но истовремено се свесни дека времето не работи во нивна корист. Секоја сезона без нов договор теоретски би можела да ја намали цената на неговиот иден трансфер. Се спомнува дека износот на клаузулата би бил поголем од 200 милиони евра. Во Реал Мадрид проценуваат дека Олисе веројатно ќе остане во Минхен, но исто така признаваат дека нивниот интерес значително ја зголемил цената за продолжување на неговиот договор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Принцот Хари исвиркан на натпревар во рагби

Публиката на еден рагби меч изрази негодување кога британскиот принц Хари се појави на големиот екран на стадионот. 

Видео: Принцот Хари исвиркан на натпревар во рагби

Принцот Хари е исвиркан за време на рагби-натпреварот меѓу Лестер и Глостер во Обединетото Кралство.

Некои навивачи го изразија своето негодување кога неговиот лик се појави на големиот екран на стадионот, поради што телевизиските камери го пренасочија кадарот.

Во петокот, Војводата од Сасекс го следеше натпреварот од трибините во друштво на Андреа Пинчен, извршната директорка на клубот Лестер. Според медиумските извештаи, Хари уживал во пиво и во натпреварот без неговата сопруга, Меган Маркл.

Дел од публиката реагираше кога Хари се појави на големиот екран на стадионот. Телевизиската мрежа TNT брзо го префрли кадарот, а коментаторот Ник Малинс забележа дека се слушаат свирежи, пренесува AFP.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали се одлужува Светското првенство ? Се појави голем проблем, а ФИФА сè уште нема решение

Светското првенство во фудбал во 2034 година во Саудиска Арабија се соочува со предизвици поради високите температури. 

Дали се одлужува Светското првенство ? Се појави голем проблем, а ФИФА сè уште нема решение

Бидејќи датумот на натпреварувањето сè уште не е потврден, останува прашањето дали Светското првенство ќе се одржи во предвидениот период?

Светското првенство во фудбал во 2034 година треба да се одржи во Саудиска Арабија, но датумот на натпреварувањето сè уште не е официјално одреден.

Поради високите температури што владеат во таа земја во текот на летото, речиси е сигурно дека организаторите ќе мора да разгледаат некои од постудените периоди во годината.

Сепак, изборот на датум носи дополнителни предизвици.

Еден од клучните фактори е муслиманскиот празник Рамазан, кој според календарот се очекува во ноември и декември 2034 година. Затоа, една од можностите е Светското првенство да се одржи во јануари 2035 година. Таквото сценарио би значело дека најголемиот фудбалски турнир за првпат би се одржал една година подоцна од планираниот циклус.

Сличен проблем со екстремните горештини ФИФА веќе реши пред Светското првенство во Катар во 2022 година, кога турнирот се одигра во ноември и декември наместо во вообичаениот летен термин. Сепак, во случајот со Саудиска Арабија, календарот на верски настани дополнително ја усложнува организацијата.

Засега нема официјална потврда дека Светското првенство ќе биде преместено во 2035 година. ФИФА сè уште не ги објавила точните датуми за натпреварувањето, па останува да се види кое решение ќе биде избрано и како тоа ќе се вклопи во меѓународниот фудбалски календар.

Саудиска Арабија ги суспендираше плановите за изградба на еден од најамбициозните стадиони во светот, чија вредност се проценува на дури 2,5 милијарди долари. Објектот требаше да биде еден од клучните стадиони за Светското првенство на ФИФА во 2034 година, но иднината на проектот сега е под сериозен знак прашалник.

Во декември 2024 година, ФИФА официјално ѝ ја додели улогата на домаќин на Саудиска Арабија, која на тој начин ќе стане првата земја што самостојно ќе го организира Светското првенство со 48 национални репрезентации.

Сепак, запирањето на изградбата го отвора прашањето дали сите првично најавени проекти ќе бидат реализирани во планираната форма. „Неом“, еден од најважните мегапроекти на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, претставува централен дел од стратегијата „Визија 2030“, чија цел е трансформација на економијата и намалување на зависноста на земјата од нафта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер