Лиам Нисон два пати ја запросил Брук Шилдс , но таа го одбила - Канал 5

Лиам Нисон два пати ја запросил Брук Шилдс , но таа го одбила

Холувудскиот заводник Лиам Нисон зад себе има бурен љубовен живот.

Лиам Нисон два пати ја запросил Брук Шилдс , но таа го одбила

Познатиот актер бил во врска со многу убавици од светскиот шоу бизнис, како Хелен Мирен, Џулија Робертс, Барбара Стрејсед, Шинид О’Конор, но малкумина знаат дека бил и со колешката Брук Шилдс. Нисон дури два пати ја запросил ѕвездата на филмот „Сина лагуна“ но таа го одбила.

Лиам и Брук не е познато кога точно се запознале и ја започнале врската, на крајот на 1991 или почетокот на 1992 година, напишала Брук во своите мемоари.

„Ме освои со уметнички настап, поезија и лош избор на вино, напишала во 2014 во своите мемоари сега 55 годишната Брук. Таа воедно и признала дека тогаш била „пресреќна што е во врска со холивудска актерска ѕвезда“.

Убавата актерка раскажала дека Лисам откако ја запросил , без прстен едноставно исчезнал.

После Божиќ Нисон отпатувал во Лос Анџелес наводно да го среди поплавениот стан.

-Му кажав да ми се јави кога ќе стигне, на што тој ми рече дека ќе биде многу доцна. Во еден момен беше тука, а потоа го немаше никаде. Бев во шок. Брук истакнала и дека потоа веќе не се слушнала со него , но дополнила дека по некое време тој повторно ја побарал и ја запросил уште еднаш.

-Се врати и повторно ме запроси., но јас го одбив бидејќи знаев дека најверојатно бргу ќе се заљуби во нова актерка и ќе се ожени со неа.Бев во право, истакнала Брук која алудирала на тоа дека Нисон во 1993 година глумел во престава со Наташа Ричардс и дека потоа се оженил со неа .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДИК: Заврши гласањето на болните и немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор

 Заврши гласањето на болните и немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна  затвор за вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница. 

ДИК: Заврши гласањето на болните и немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор

Според податоците пристигнати до Државната изборна комисија, од вкупно 9 пријавени лица за гласање во казнено поправните установи во државата, гласале вкупно 8 лица.

Од вкупно 107 болни или немоќни лица со право на глас, правото на глас го оствариле 104 лица.

Гласањето во текот на денот се одвиваше без проблеми и секој гласач имаше можност слободно да го оствари своето право на глас.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предизборен молк пред вториот круг на предвремените избори за градоначалник во Брвеница

Според информациите од Државната изборна комисија вкупно107 болни и немоќни лица денеска можат да го остварат своето право на глас. Таква можнмост имаат и 9 лица кои се наоѓаат на издржување казна затвор.

Предизборен молк пред вториот круг на предвремените избори за градоначалник во Брвеница

Гласањето на затворениците се спроведува во три Казнено-поправни установи на територијата на државата, лоцирани во скопје, штип и тетово.

Гласањето започна утринава во 7 часот, а вториот круг од изборите во Брвеница ќе го следат вкупно 61 акредитиран набљудувач, од кои 56 се домашни, а пет се меѓународни

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Протести пред Уставниот суд во Варшава,спорот околу Уставниот суд ескалираше со полициска интервенција и протести

Во Полска и денеска продолжуваат протестите пред Уставниот суд во Варшава, по синоќешните судири меѓу демонстрантите и полицијата. 

Протести пред Уставниот суд во Варшава,спорот околу Уставниот суд ескалираше со полициска интервенција и протести

Политичката криза ескалираше откако судијката Ана Корвин-Пјотровска донесе одлука за едномесечна суспензија на претседателот на судот, Богдан Швјенчковски, и неговиот заменик.

Одлуката предизвика остри реакции од десничарската опозиција, која ја оспорува нејзината законитост по што доцна синоќа пред судот избувнаа протести. Дел од демонстрантите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон. Според полицијата приведени биле вкупно пет лица, меѓу кои и маж осомничен за напад врз жена, кај кого биле пронајдени нож и гасен пиштол.

Ескалацијата на кризата го натера полскиот претседател Карол Навроцки да го прекине патувањето кон Сенегал и итно да се врати во Варшава. По полноќ, придружуван од обезбедувањето, влезе во зградата на Уставниот суд, при што дојде до турканици на влезот. Навроцки повика на почитување на правото и враќање на уставниот поредок во земјата, оценувајќи дека случувањата претставуваат незаконско преземање на институцијата.

На кризата ѝ претходеше соопштението на министерот за правда и главен јавен обвинител Валдемар Журек дека поднел пет барања за одземање на имунитетот на двајцата судии од Уставниот суд.

-Како главен обвинител, поднесов пет барања до Уставниот суд за одземање на имунитетот. Овие барања имаат вкупно 224 страници. Овие случаи вклучуваат различни видови кривични дела и во суштина се се однесуваат на две лица: вршителот на должноста претседател на Уставниот суд и неговиот заменик. Веќе знаеме дека највисоката судика Ана Корвин-Пјотровска, ги суспендираше претседателот на Уставниот суд и неговиот заменик. Таа тоа го стори врз основа на релевантни одредби согласно Уставот суд – изјави– Валдемар Журек, министер за правда на Полска.

Демонстрантите, пак, ја обвинуваат Владата дека се обидува да воспостави контрола врз независните институции и најавуваат продолжување на протестите.

„Уставниот суд во Полска е заземен од полициски сили испратени од премиерот Туск. Владата се обидува да ги контролира сите независни институции, веројатно за да го избегне поразот на изборите следната година.“ изјава – демонстрант.

Премиерот Доналд Туск ги отфрла обвинувањата и тврди дека Владата работи на враќање на владеењето на правото, додека опозициската партија Право и правда, најавува продолжување на протестите.

Политичката криза е последица на долгогодишниот спор околу легитимноста на Уставниот суд. Владата го оспорува начинот на кој дел од судиите биле именувани за време на претходната власт, додека сегашната опозицијата ги оценува актуелните е промени како незаконско преземање на институцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер