Левица со герила пречек на Петков: Добродојдовте администратори на Цар Борис

Пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев, утрово на фејсбук објави дека партијата организирала герила пречек на бугарскиот премиер Кирил Петков, кој денес е во посета на Скопје.

На транспарент поставен на влезот на Скопје пишува „Добредојдовте администратори на Цар Борис“, а под објавената фоторафија Апасиев напишa:

„Соодветен герила-пречек на новиот бугарски премиер, од страна на специјалните единици на црвената младина на Левица“. Пратеникот Апасиев на својот профил објави дека полицијата легитмира активнисти на левица кои истакнаа транспарнет пред владата: Европски права за Македоцните во Пирин“..

Манифестација „Цртање на асфалт" на Детски културен центар „Карпош"

ЈУ Детски културен центар „Карпош" денеска организира манифестација „Цртање на асфалт", во која учествуваат најмалите, односно децата од сите градинки од Скопје и околината.

Манифестација, како што информираат од Детски културен центар, е посветена на денот на македонските просветители Св.Кирил и Методиј, кои се едни од најзначајните личности во македонската историја.

ДКЦ Карпош за манифестацијата ќе обезбеди материјали за цртање (креди во боја), ќе организира пригодна програма, како и запознавање на децата за значењето и одбележувањето на овој голем ден како празник.

Децата од предучилишните установи, како и изминатите години ќе можат да ја изразат својата креативност со своите цртежи кои ќе бидат по слободен избор. Манифестацијата ќе се одржи на плочникот позади Соборен храм, посочуваат од Детски културен центар.

Бајден Во Токио се сретна со јапонскиот цар и премиерот Кишида

Претседателот на САД, Џо Бајден имаше средба со јапонскиот цар Нарухито во кралската палата во Токио, за време на своето патување во Азија.

Станува збор за прв состанок, откако двајцата се сретнаа во декември 2013 година. Тогаш Нарухито беше престолонаследник, а Бајден потпретседател на САД, информираше Кралската прес агенција.

Ова е вторпат, актуелниот јапонски цар, кој го презеде тронот на 1 мај 2019 година, да биде домаќин на американски претседател за време на државна посета. Претходно, тоа беше Доналд Трамп.

Американскиот претседал потоа се сретна и со неговиот „добар пријател", премиерот Фумио Кишида, кого го уверуваше дека САД се целосно посветени на одбраната на Јапонија, за време на засилени тензии со Кина и последици од рускиот напад на Украина, пишуваат медиуми.

Една од темите беше и Северна Кореја. Бајден денеска ќе се сретне и со семејства на Јапонци, кои пред неколку години беа киднапирани за да обучуваат шпиони во Северна Кореја

Главната тема на дводневната посета на Бајден на земјата, каде ќе се сретне и со лидерите на Јапонија, Индија, Австралија, ќе биде започнување Инфо-пацифичката економска рамка, широк план што го поддржува економскиот столб на САД во Азија.

– Американско-јапонската алијанса долго беше основа за мир и напредок во Индо-пацификот, а САД се длабоко посветени на јапонската одбрана, изјави Бајден на почетокот на разговорот во палатата Акаска во централно Токио.

ММФ: Меѓународната заедница треба да ги намали трговските бариери за да се бори со инфлацијата

 Меѓународната заедница треба да ги намали трговските бариери, за да се бори со инфлацијата. 

Оваа препорака ја има во заедничката статија, објавена денеска од извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, нејзиниот прв заменик Гита Гопинат и директорката на Одделот на стратегија, политика и анализа на ММФ, Џејла Пазарбасиоглу.

Авторите повикаа на „враќање на довербата во глобалниот систем, заснован на правила".

„Можеме да започнеме уште сега со намалување на трговските бариери, за да се надмине недостигот и да се намалат цените на продуктите и другите стоки. Не само државите, туку и компаниите треба да го диверзифицираат увозот, за да се обезбедат синџири за снабдување и да се зачуваат огромните деловни придобивки од глобалната интеграција".

Во објавениот текст се забележува дека тензиите околу трговијата, технолошките стандарди и безбедноста, „се зголемуваат со години, поткопувајќи ги растот и довербата во сегашниот глобален економски систем".

Според ММФ, „само несигурноста околу трговската политика довела до пад на светскиот БДП за речиси еден процент во 2019 година. Во меѓувреме, од почетокот на војната во Украина, околу 30 држави ја ограничија трговијата со храна, енергија и со други клучни стоки".

притисни ентер