Левица: Пробугарската Влада ги жртвува Македонците и Албанците за да остане на власт

Политичките елити нема да успеат да ги вперат еден против друг Македонецот и Албанецот .

На петтиот ден од сенародниот протест, на кој македонскиот народ кажува НЕ за наметнатиот бугарски ултиматум преку „францускиот предлог“ - со кој се омаловажува македонската посебност, историја и јазик, пробугарскиот СДС и терористичката ДУИ се обидоа да исценираат инцидент за подгревање на меѓу-етнички тензии.

Политичките елити нема да успеат да ги вперат еден против друг Македонецот и Албанецот - бидејќи знаеме дека е сценарио кое постојано го наметнуваат кога народот се крева против нив. Сево ова се случува, само за да останат на власт и да ги задржат своите фотељи! Пробугарскиот СДС и терористичката ДУИ се обединети во својот интерес, за нивните политичари да продолжат да се луксузираат и да живеат удобно додека народот секој ден, се повеќе губи! За да можат да продолжат да го угнетуваат народот, да бидат заштитени од институциите - и да ја втурнат полицијата да удира врз нас. Да ги исполнат барањата на Бугарија - и секој кој сака да се поткусурува со Македонија. Тие тргуваат со македонските национални интереси, како и со етничките чувства на народот!

Наметнувањето на инциденти од овој вид врз народниот протест, е со цел да се дефокусира јавноста - од кукавичкото претседателство на Стево Пендаровски - кој ветуваше писмени гаранции од Бугарија за понатамошниот тек на преговори, за подоцна да се демантира себеси. Од неспособната Влада на Димитар Ковачевски и предавничкото МНР на Бујар Османи - кои учествувале во изготвувањето на францускиот предлог иако ја лажат и манипулираат јавноста за неговата содржина. Дефокус од општата воља на народот да каже НЕ на разнебитувањето.

Затоа, време е мудро да се потсетиме за патот кој одбравме да го одиме. Да ги увидиме сите предизвици со кои ќе се соочиме и кои ќе ни ги наметнат. Да ги одредиме средствата со кои ќе стигнеме до целта - да ја турнеме предавничката власт, и да го обединиме народот во заштита на државните интереси.

Сегашниот државен врв, знаеме дека не само што не сака да ги заштити државните интереси, туку сака да ги распродаде - и ќе се користи со сите средства да ја изврши оваа задача. Повторно ќе наметнуваат меѓуетнички тензии, ќе уфрлуваат провокатори на протестот и ќе се користат со сите расположливи средства. Затоа, нашата борба за слобода треба да биде целосна против вољата на тиранијата!

Нашата сила е тоа што сме обединети во вистината наспроти лагите на елитите, а нашата слабост е што сега сетта злоба врз нас ќе се втурне!

Но, ние ќе победиме!

Смрт за фашизмот, слобода на народот!

Левица

Атлетико сака да ја продолжи соработката со Витсел

Фудбалерот од средниот ред на Атлетико Мадрид, Аксел Витсел би можел да остане во клубот и следната сезона, објави денеска новинарот Фабрицио Романо, кој е добар познавач на трансфер пазарот.

Според изворот, раководството на Атлетико сака да го продолжи договорот со 35-годишниот Белгиец до лето 2025 година.

Оваа сезона Витсел одигра 46 натпревари, на кои постигна два гола.

Витсел во мај лани крај на настапите за репрезентацијата на Белгија за која дебитираше во 2008 година и со 130 натпревари е втор на вечната листа зад Јан Фертојген (147 настапи).

Атлетико Мадрид е четвртопласиран на табелата во Ла Лига на шест кола до крајот на сезоната. /МИА

Видео: Пожар зад Универзална сала, интервенираат пожарникарите и Итната помош

Пожар избувна во куќа на улицата „Костурски херои“, зад Универзалната сала во Скопје.

Како што објавуваат повеќе медиуми, на терен се присутни две противпожарни возила и две цистерни на противпожарната бригада и едно возило на Итната помош.

На социјалната мрежа „X“ се појавија и видео снимки од настанот.

Се уште не е познато дали има повредени.

Во тек е интервенција на екипите.

На Клиниката за токсикологија пукнала цевка од парно,се е вратено во функција

На Клиниката за токсикологија пукнала цевка од парно, од МЗ за МИА велат нема штета, се е вратено во функција.

На Клиниката за токсикологија во Скопје ноќеска пукнала цевка од парно поради што биле поплавени простории на третиот кат, тврдат вработени на Клиниката.

Според нив, повеќе од два часа биле поплавени просториите, а проблем е тоа што Клиниката не е осигурена.

МИА се обиде да стапи во контакт со медицинскиот директор на Токсикологија, но, досега нема одговор.

Од Министерството за здравство за МИА потврдија дека ноќеска имало пукнала цевка од парно и дека проблемот е веднаш саниран.

- Нема штета, се е повторно вратено во функција, велат од Министерството за здравство за МИА.

Во понедлникот лекари од Клиниката алармираат дека има проблеми на Клиниката и дека главен проблем со којшто во моментот се соочува Клиниката е доекипирањето на лабораторијата. Посочија дека било барано да се вработат двајца лаборанти и еден болничар, за да може да се функционира. Истакнаа дека се соочуваат со отпор и несоработка од страна на новоназначената организациска директорка која инсистирала да бидат примени сите 18 лица кои претходно биле примени со договор на дело, а на кои им истекол договорот. Меѓу нив, како што посочија лекарите во понеделникот, е и боилничар кој вршел притисок кај лаборант да замени урина во која имало наркотици со чиста урина. Ставот на лекарскиот колегиум, е дека немаме потреба од толкав број нови вработувања.

Министерот за здравство Илир Демири најави дека ќе го разреши медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, Данил Петровски, а во врска со работењето на економската директорка рече дека нема констатирано ниту едно прекршување на право.

притисни ентер