Левица: Има ли крај на понижувањата, кои ни ги приредува македонската дипломатија

Уште една изгубена година за Република Македонија.

На НАТО самитот кој во моментов се одржува во Брисел (11-12 јули), македонската дипломатија наместо јасна и недвосмислена покана - доби само „аплауз“ и ултиматум следната година да затропа пак на вратата на НАТО како северномакедонска диполоматија.

Ова не е пораз само за Планот 3-6-9, туку е пораз за народот кој остана повторно прелажан од страна на СДСМ. Наместо Владата да започне да се справува со наталожените внатрешните проблеми и да започне да го извлекува народот од живата песок на социјалната мизерија, македонската дипломатија на двоецот СДСМ-ДУИ социјално го дозакопа народот и во ситуација на опасно нарушени меѓуетнички односи, дополнително ќе го малтретира гол и бос, масовно да излезе на на најавениот референдум за себепреименување.

Такво е и барањето на Генералниот секретат на НАТО, Јенс Столтенберг кој порача: “Ако (Преспанскиот) договор биде финализиран и инплементиран во целост, тогаш ќе бидеме во можност да го поканиме Скопје да стартува со пристапните преговори да стане 30-та членка на НАТО, под новото име: Република Северна Македонија“.

Главните сили во НАТО, нашите сегашни “сојузници” САД и Велика Британија, за време на Граѓанската војна во Грција фрлаа напалм бомби врз македонските борци на ДАГ. Сега ни “фрлаат” договор кој им го подрива достоинството на македонските жители и постепено им ја подрива и државата. Во 1945-та Македонците, заедно со Албанците, Турците, Ромите, Власите и Србите како комунисти го победија фашизмот. Таа славна историја сега се брише. Затоа мора нов идентитет- „граѓани на Северна Македонија“ кои почнуваат да пишуваат нова евро-атланска историја и чии највисоки идеали се 500 евра просечна плата во недогледна иднина или перманентно иселување странство…

Но државата е и територијата, не само луѓето. Таа мора да стане дел од проширувањето на НАТО поради незаситната потреба на западните сили за експанзија до секој агол на планетата. Народна/Социјалистичка Република Македонија е Република Македонија. Отпаднувањето на префиксот со политичко или идеолошко значење, го проследи и менување на општествено-економскиот систем. Но државниот ентитет и идентитет, остана непроменет. Вметнувањето на географската одредница Северна, и тоа помеѓу Република и Македонија, е создавање нова држава, нов ентитет - заокружување на процесот за преименување.

Да не заборавиме дека, според Преспанскиот договор, ние сме „Втората договорна страна“ примена во ОН во 1993 година. Затоа додека не го реализираме до крај зацртаното, ние остануваме држава без име или со привремено име.

Овој хорор и понижување кој ни го приредува македонската дипломатија мора да запре. Ја потсетуваме јавноста дека Левица е единствена партија во Република Македонија која уште од своето основање е јасно и недвосмислено против зачленувањето на Р. Македонија во НАТО. Активисти на Левица уште од 2008 година водат кампања против зачленувањето на Македонија во НАТО, политика која

Левица ја презеде со денот на своето основање. Затоа уште во предизборната кампања за парламентарните избори 2016 јасно повикавме на итен прекин на преговорите за влез во НАТО Пактот.

Нашите ставови остануваат исти и непроменети, а нашите аргументи остануваат непобиени. Имено:

1. НАТО не интервенира во внатрешните конфликти на земјите-членки и не постои реална закана Македонија да биде нападната од соседите.

2. НАТО не е поврзан со интеграциите на Македонија во ЕУ и не е услов, ниту гаранција за економски просперитет.

3. НАТО не е заштитник на слободата и демократијата. НАТО е закана за светскиот мир. Членството во НАТО значи жртвување на македонските војници за остварување на империјалистичките интереси.

4. НАТО е агресивна милитаристичка организација која постојано го крши меѓународното право. Неконзистентноста на НАТО во однос на меѓународното право и себедекларираните принципи најјасно се гледа преку односот кон Република Македонија, каде НАТО бара од нас, спротивно на меѓународното јавно право, да го промениме своето уставно име за да станеме земја-членка.

Левица ги застапува левичарските принципи од политичкиот спектар, и оттаму повикува на прекин на преговорите за интеграција во НАТО. Левица ја иницираше и ќе ја предводи кампањата за БОЈКОТ на референдумот, чија цел е преименување на државата како чин на конечно рушење на преостанатите асномски столбови и нејзиниот асномски карактер.

Президиум на ЛЕВИЦА

Спасовски: Просечна плата од 1100 евра, минимална од 600 евра

Просечна плата од 1100 евра, минимална од 600 евра, на младите им нудиме европска иднина!

Носителот на листа на кандидати за пратеници од ИЕ2, предводена од СДСМ и коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, на социјалните мрежи ја сподели понудата на парламентарните изборите 2024 година.

„СДСМ има конкретна, издржана и остварлива Програма за следниот мандат во којшто ќе ги завршиме преговорите со ЕУ, за до 2030 година да го осигураме полноправното членство.

Минималната и просечната плата и пензиите досега ги донесовме на историски највисоко ниво. Ветивме просечна плата од 500 евра, а не само што го исполнивме тоа, туку успеавме да го надминеме ова ветување и просечната плата достигна 650 евра.

За речиси три пати ја зголемивме минималната плата, којашто сега изнесува 22.500 денари. Минималната и просечната пензија се зголемени за 50 проценти.

Во наредните четири години просечната плата ќе достигне рекордни 1.100 евра, а минималната плата ќе биде 600 евра. Во наредниот мандат минималната пензија ќе биде 20.000 денари, а просечната пензија 30.000 денари.

Ќе продолжиме со силната поддршка на домашните компании. Порано, домашните компании беа поддржани со 0 денари. Ние поддржавме над 919 компании со над 100 милиони евра, што значеше поттик на 500 милиони евра нови инвестиции во домашната економија. Во следниот мандат ќе има нови 180 милиони евра директна поддршка за домашните компании, плус 3,5 милијарди евра капитални инвестиции и плус 750 милиони евра поддршка за земјоделството.

И ако во претходниот мандат ја намаливме невработеноста на 12,6%, во наредниот мандат најавуваме дека за првпат во историјата на Македонија, ќе постигнеме едноцифрена невработеност од 7 проценти.

Младите дополнително ќе ги поддржиме да бидат достоинствено платени на пазарот на трудот. Во следниот мандат предвидовме по 200 евра за прво вработување за млади до 26 години, во првите 12 месеци.

Ќе воведеме и данок на личен доход од 0% за бизнисите што исплатуваат минимална плата, за да им помогнеме на малите фирми, а со тоа ќе ги поддржиме и граѓаните со најниски примања.

Го подготвуваме најголемиот и најамбициозен план во независна Македонија за модернизација на инфраструктурата во целата држава со инвестиции од над 2,7 милијарди евра. Предвидуваме изградба на 194 километри нови автопатишта и реконструкција на 950 километри патишта до 2028 година.

Следуваат дополнителни перспективи и за македонското земјоделство. Проектиравме рекордно производство на храна во износ од една и пол милијарда евра, извозот на прехранбени производи да достигне 1,25 милиони евра, финансиска поддршка за земјоделците во висина од 1,35 милијарди евра.

Младите сакаат и имаат право да растат, да се образуваат, да живеат родната земја, во држава со европски вредности и стандарди, со висок животен стандард, со модерно образование, со современо здравство, во чиста животна средина.

Сите сакаме и можеме да живеемо во прогресивна држава и во солидарно општество, со еднакви права и одговорности за секој граѓанин.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија може и знае како од Република Северна Македонија да изгради таква европска држава, да ја поставиме меѓу развиениот европски свет, затоа што целта за европска Македонија ја темелиме на реална Програма за развој.

Сите заедно на 8ми мај заокружуваме број 1 – нема откажување од иднината!”, напиша Спасовски на Фејсбук.

Стојоски собори државен рекорд во дисциплината 400 метри со пречки стар 44 години

Јован Стојоски е нов македонски рекордер во дисциплината 400 метри со пречки. 

На Меѓународниот турнир во Марибор викендот Стојоски патеката 400 метри со пречки ја истрча за 53,56 секунди.

- Освоено прво место на Меѓународниот митинг во Марибор. Ова е моја втора трка во оваа дисциплина. Сега имам девет државни рекорди, објави Стојоски на својот фејсбук-профил.

Досегашниот државен рекорд на оваа делница изнесуваше 55,11 секунди поставен 1980 година.

Во Штип одржана манифестацијата „Велигденски игри без граници“

Во ЗОО парк „Бриони“ во Штип денеска се одржа манифестацијата „Велигденски игри без граници“ во која учествуваат деца од штипските градинки. 

Директорот на ЈП „Исар“-Штип, Кирил Зајков вели дека во соработка со локалната самоуправа и градинките денеска по третпат се организира „Велигденски игри без граници“ и се надева дека ќе прерасне во традиција.

-По повод велигденските празници, ЗОО парк „Бриони“ во соработка со Општина Штип и градинките во општината го организира третиот по ред настан „Велигденски игри без граници”. Настан во кој учествуваат децата, настан од децата за децата, настан во кој имаме разни игри со цел анимација на децата, славење на велигденските празници на симболот на христијанството и јајцата. Овој настан преминува во традиција во кој ние како ЈП „Исар“ учествуваме во организацијата заедно со Општина Штип и се надеваме дека ова прекрасна традиција ќе продолжи и во годините кои следуваат, рече Зајков.

притисни ентер