НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
1НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
ФудбалЛевандовски: Во мене нешто умре Роберт Левандовски е една од најинтересните теми во преодниот рок.Полскиот напаѓач во неколку наврати изјави дека сака да го напушти Баерн со кој има договор до летото 2023 година, додека челниците на минхенскиот клуб не сакаат да го пуштат. Јасно е дека Левандовски сака да замине во Барселона. За време на репрезентативните натпревари од Лигата на нации, 33-годишниот напаѓач во интервју за полски Онет Спорт потврди дека сака нова средина. "Сакам да заминам затоа што сакам да доживеам нови емоции. Баерн не ги слуша моите желби и потреби. Одеднаш нешто во мене умре и не можам тоа да го преболам. Тоа е премногу дури и за професионалец", изјави Левандовски. . „Ако сум во клубот со години, секогаш сум настапувал, дури и покрај повредите и болките, тогаш верувам дека треба да го најдеме најдоброто решение за двете страни. Освоивме многу трофеи, тоа беа прекрасни осум години.Мојата лојалност треба да биде повеќе од обична работа“, рече тој. Да потсетиме, Левандовски неодамна изјави дека неговата „ера во Баерн е завршена“. „Не гледам можност да продолжам да играм за Баерн. Баерн е сериозен клуб и се надевам дека не сакаат да ме задржат. Не сакам повеќе да играм таму. Трансферот е најдоброто решение и се надевам тоа нема да ме спречи“, изјави Левандовски. На ова му порача спортскиот директор на германскиот шампион Оливер Кан: "Не можам да кажам зошто Роберт го избра овој пат. Ваквите изјави не нѐ водат никаде. Мислам дека треба да знаете што има во Баерн. Благодарноста не оди само на еден начин“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
МакедонијаНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзорСрпската Алта Банка остана без лиценца- Народната банка на Србијаја соопшти одлуката во 2 часот по полноќ, откако констатирале дека банката на бизнисменот Давор Мацура не успеала да ја стабилизира финансиската состојба и ликвидноста.Српската Алта Банка остана без лиценца- Народната банка на Србијаја соопшти одлуката во 2 часот по полноќ, откако констатирале дека банката на бизнисменот Давор Мацура не успеала да ја стабилизира финансиската состојба и ликвидноста, додека во исто време растел ризикот за неисполнување на обврските кон клиентите. Веста со молскавична брзина се прошири и создаде паника кај дел од граѓаните во соседството кои имаат сметки и заштеди во оваа банка. На социјалните мрежи е објавено видео од Нови Сад кадешто пред филијала на Алта чекаат редици граѓани, за кои се тврди дека сакаат да си ги подигнат своите пари, а таква слика утрово имало и пред експозитура на битолската Алта банка, но според некои информации се работи за пензионери кои ги чекале месечните пензии. Веднаш се отвори дилемата дали овие финансиски проблеми ќе се отсликаат во македонската Алта. Од банката тврдат дека се ликвидни, работат непречено и како што велат, не биле предмет на политички притисоци и пресметки како во Србија. Од кабинетот на гувернерот на Македонија пак потенцираат дека се работи за самостојно правно лице основано и регистрирано во земјава, и не значи дека одлуката во Србија ќе влијае на банката во Македонија. Уверуваат дека ја следат состојбата и постапуваат по закон. Народната банка ги следи и сите околности што можат да влијаат врз работењето на домашната банка, вклучително и ризиците што произлегуваат од нејзината сопственичка поврзаност. Во рамките на своите законски надлежности, Народната банка соодветно постапува и соработува со надлежните домашни и странски институции, со почитување на законските правила за доверливост на супервизорските информации.Народната банка апелира до јавноста да се потпира на официјални и проверени информации и да не донесува заклучоци врз основа на непотврдени тврдења и шпекулации. – стои во соопштението на Народна банка на Македонија. Инаку одземањето дозвола не значи автоматско губење на заштедата на клиентите.. Во Србија депозитите се осигурани до 50 илјади евра по лице, без оглед на бројот на сметки, а сите кои имаат поголеми депозити ќе чекаат побарување во стечајна постапка. Од Алта банка Србија утрово соопштија дека експозитурите им се затворени, но исплати ќе има од поледелник. Агенцијата за осигурување депозити пак соопшти дека исплатата ќе почне најдоцна седум дена откако ќе биде донесено судско решение за стечај. Во меѓувреме четворицата вицегувернери на српската Народна банка бараат темелна истрага од обвинителството за одземањето на лиценцата на Алта Банка. Сопственикот на српската Алта банка Давор Мацура, како што пишуваат српските медиуми, има голем број компании, маркети, хотели, но и фирми од градежништо и финасии и во регионот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваМакфест во знакот на големите музички имињаОд првата вечер, шест композиции обезбедија пласман во финалната фестивалска вечер, врз основа на гласовите од публиката во салата и оценувањето на стручната жири-комисија. По успешната прва фестивалска вечер, исполнета со нови музички композиции, одлични вокални изведби и позитивни реакции од публиката, медиумите и присутните, 41. издание на „Макфест“ продолжува вечерва со уште побогата и разновидна музичка програма. Штип повторно ќе биде центарот на македонската музичка сцена, а втората фестивалска вечер носи вистински музички спектакл, со настапи на добро познати и звучни имиња, дел од нив по подолг период повторно на сцената на фестивалот што со децении создава и чува музички вредности. Место во продолжението на фестивалската приказна добија „Арте-Факт“, Тамара Грујеска, Елена Наумова, Теа Златева, Анастаcија Спасевска и Драгана Јовановска, кои уште еднаш ќе имаат можност да ги претстават своите композиции пред македонската публика. Уметничкиот директор на „Макфест“, Роберт Саздов, на денешната прес-конференција истакна дека првата вечер помина успешно, а организаторите се подготвени за уште едно извонредно фестивалско доживување. Вечерва публиката ќе проследи вкупно 18 композиции, од кои шест се избраните од првата вечер, додека останатите 12 се нови песни, подготвени специјално за оваа фестивалска програма. Она што ѝ дава посебна тежина на вечерашната програма е присуството на бројни афирмирани македонски музички имиња, чии песни и интерпретации оставиле значаен белег на домашната музичка сцена. На фестивалската сцена повторно ќе ги видиме Агни Авшар, Наташа Малинкова, Марија Данева, Викторија Лоба, Јован Јованов и Тони Зен, Теа Трајковска, Марија Спасовска, Ристо Самарџиев, Елвир Мекиќ, Врчак и Симона Поповска, Огнен Здравковски и Давид Темелков. Токму оваа комбинација на различни генерации, музички стилови и препознатливи имиња ветува вечер исполнета со емоции, носталгија, квалитетни изведби и многу музички изненадувања. Особена тежина на вечерта ѝ дава и фактот што дел од познатите музички имиња по долги години повторно се враќаат на музичката сцена, избирајќи ја токму макфестовската сцена. Музичкиот директор Илија Ќосевски најави разновидна програма, во која секој љубител на македонската музика ќе може да пронајде нешто за својот вкус. Тој упати и повик до публиката да им даде максимална поддршка на дебитантите, нагласувајќи дека првата вечер понудила одлични вокални интерпретации, а втората носи нова можност за уживање во квалитетна музика. Посебен белег на синоќешната фестивалска вечер остави и ревијалниот настап на Антониа Гиговска. Во интимна атмосфера, исполнета со многу емоции, Гиговска изведе дел од најпопуларните некогашни хитови на „Макфест“, песни што низ годините ја надминале својата фестивалска премиера и прераснале во вистински евергрини на македонската музика. Со својот моќен вокал, впечатлива интерпретација и искрена емоција, таа им даде нов живот на добро познатите рефрени, потсетувајќи на богатото музичко наследство што го носи фестивалот. Токму ваквите моменти ја потврдуваат посебноста на „Макфест“ - фестивал кој не само што отвора простор за нови музички имиња и композиции, туку ги чува и повторно ги оживува песните што станале дел од колективната музичка меморија на генерации слушатели. Вечерашната програма започнува во 20:30 часот. Со 18 композиции, шестмина веќе пласирани учесници, 12 нови песни и плејада добро познати музички имиња, втората вечер на 41. „Макфест“ ветува вистинско славење на македонската музика. Вечерва Штип повторно ќе пее, а фестивалската сцена ќе биде место на кое ќе се сретнат музичката традиција, современиот звук и имињата што со години ја градат домашната естрада.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВооружен инциден пред „Ноќта на вештерките“ во Калифорнија, има мртви и ранети!Вооружен напад во Калифорнија во продавница за костими за „Ноќта на вештерките“.Полицијата трага по напаѓачите.Едно лице загина, а шест други се повредени во пукање во продавница за костими за Ноќта на вештерките, лоцирана во трговски центар во Ферфилд, Калифорнија. Пукањето се случило во продавницата „Ghost of Halloween“ во трговскиот центар „Solano Town Mall“ во Ферфилд, додека луѓето ги вршеле последните подготовки за популарниот американски празник. Едно лице загинало на самото место, додека шестмина ранети биле итно пренесени во болница. 🇺🇸 MASSIVE police presence after deadly shooting at Solano Town Center Mall in Fairfield, California One person was killed, and at least 6 others injured, with several in critical condition, after gunfire broke out at the Spirit Halloween store inside the mall The shooter is still on the loose Source: NBC / Writer: Ian https://t.co/HtZUhUPRWV — Mario Nawfal (@MarioNawfal) October 31, 2026 Тројца од ранетите се во критична состојба и лекарите се борат за нивните животи. Пред продавницата пристигнале голем број полициски возила, а просторот бил блокиран поради истрагата. Засега, полицијата нема објавено опис на осомничениот, ниту пак потврдила дали во пукањето учествувал повеќе од еден напаѓач. Мотивот за нападот е исто така непознат. Идентитетот и возраста на жртвите сè уште не се објавени. Продавницата била полна со купувачи кога започнало пукањето, поради што преплашените луѓе почнале да бегаат за да си ги спасат животите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter