Левандовски со овации и во солзи ја заврши сезоната во Бундеслигата

Роберт Левандовски, еден од најдобрите стрелци во историјата на германската лига, веројатно се прости од Бундеслигата на денешниот натпревар, на кој постигна гол за Баерн против Волфсбург.

Левандовски ја завршува сезоната како водечки стрелец постигнувајќи 35 гола, а вкупно во сите натпреварувања до денеска постигна 50 гола. „Благодарност до моите соиграчи и тренерот за целата сезона“, објави Левандовски на социјалните мрежи по натпреварот.

„Ова веројатно беше мојот последен натпревар за Баерн. Сѐ уште не можам да кажам со сигурност, но веројатно е“, изјави полскиот напаѓач по натпреварот во кој ја освои наградата за најдобар стрелец во лигата. Тоа е негов седми трофеј за најдобар стрелец во кариерата, поставувајќи го рекордот на Герд Милер. Во исто време, Полјакот пушти неколку солзи додека гледачите од трибините му упатија овации.

Спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ, во пресрет на овој натпревар изјави дека Левандовски не ја прифатил понудата што му била дадена од Баерн и дека дефинитивно ќе го напушти клубот. Тој е обврзан со договорот до јуни 2023 година, но можно е летово да замине, најверојатно во Барселона.

Украина: Куче напуштено од руската армија, сега работи со нас

Украинското Министерство за надворешни работи објави фотографија на Твитер од белгиски овчар за кој се вели дека претходно им помагал на руските војници во регионот на Миколаев.

Тие велат дека кучето по име Бакс било напуштено од Русите по поразот во регионот и отсега ќе им помага на украинските војници.

За помалку од еден месец тој успеал да ги научи украинските команди и сега ќе служи во украинската армија, објави Министерството на Твитер.

Шаќири на ФБ: Од септември наставниците ќе имаат за 15 проценти повисоки плати

 Конечно постигнавме договор со СОНК.  Од септември наставниците ќе имаат 15 проценти повисоки плати, напиша вечерва министерот за образование и наука Јетон Шаќири на „Фејсбук".

Во фејсбук статусот, Шаќири вели дека секогаш ќе се труди да ги подобрува условите на наставниот кадар.

– Им се заблагодарам на соработката на Владата и на сите што придонесоа за овој процес успешно да се финализира, напиша министерот Шаќири.

Британски новинар ќе објави книга за Меган Маркл: Дознав неверојатни работи

Меган Маркл и нејзините адвокати правеле се што можат за да го саботираат пишувањето на книгата.

Принцот Хари не е единствениот кој ќе објави книга со информации за членовите на британското кралско семејство. Британскиот истражувачки новинар, биограф и писател Том Бауер вели дека неговата книга за Меган Маркл содржи „извонредни информации“, пишува „Дејли меил“.

Бауер вели дека завршил со пишувањето на книгата и дека таа би можела да биде објавена оваа есен.

- Дознав работи за неа кои се навистина неверојатни. Мислам дека перцепцијата на јавноста за неа или ќе се потврди или ќе биде полоша, но во секој случај тоа ќе биде големо изненадување – вели Бауер.

Нему му било тешко да дојде до информации, вели тој, бидејќи луѓето најчесто не сакале да зборуваат, а Меган и нејзините адвокати направиле се за да го саботираат пишувањето на книгата.

притисни ентер