Левандовски го напушти Баерн пред две години, клубот се уште заработува од него - Канал 5

Левандовски го напушти Баерн пред две години, клубот се уште заработува од него

Роберт Левандовски (35) го напушти Баерн во летото 2022 година и премина во Барселона во трансфер вреден 45 милиони евра.

Левандовски го напушти Баерн пред две години, клубот се уште заработува од него

Полскиот репрезентативец помина осум години во баварскиот гигант, каде одигра 375 натпревари на кои постигна неверојатни 344 гола и додаде уште 73 асистенции. Тоа е висока компензација за напаѓач кој тогаш имаше 33 години, но Левандовски дефинитивно ѝ се исплатеше на Барселона со своите настапи на теренот. Интересно е што Баерн се уште заработува од својот поранешен напаѓач.

Имено, при преселбата во Барселона, договорено е каталонскиот клуб да му исплати на Баерн дополнителни 1,25 милиони евра бонус за секоја сезона во која Левандовски постигнува најмалку 25 гола. Минатата сезона постигна 33 гола на 46 натпревари, а до 25-от сезонски гол стигна пред три дена, кога постигна гол во третата минута од натпреварот против Рајо Ваљекано во победата на Барселона од 3:0.

Полјакот има договор со Барселона до летото 2026 година, па на Баерн потенцијално би можел да му донесе уште 2,5 милиони евра, со што вкупната отштета за него би се искачила на 50 милиони евра. Полјакот сега се подготвува за ЕП каде неговата репрезентација игра во групата Д со Холандија, Франција и Австрија. Во својата кариера има 148 настапи за националниот тим и постигна 82 гола. Тој неодамна изјави дека нема намера никаде да ја напушти Барселона и покрај континуираниот интерес од Саудиска Арабија и МЛС.

Телефонски разговор Муцунски – Калас

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Мучунски, попладнево оствари телефонски разговор со високата претставничка на Европската унија за надворешна политика, Каја Калас.

Телефонски разговор Муцунски – Калас

Во разговорот, високата претставничка Калас ја потврди континуираната поддршка за европската интеграција на Република Северна Македонија.

Министерот Мучунски ја реафирмираше посветеноста на нашата земја на европските вредности – владеење на правото, дијалог и добрососедска соработка – како темели на процесот на пристапување кон Европската унија.

Во рамки на разговорот стана збор и за регионалното поврзување, при што министерот ја подвлече поддршката за Коридор 8 како стратешки приоритет за инфраструктурна интеграција на регионот.

Соговорниците разменија мислења и за состојбите на Блискиот Исток, заеднички нагласувајќи ја потребата од почитување на меѓународното право и избегнување на понатамошна ескалација.

Вечерва пристигнува првата група македонски државјани кои се евакуираат од Израел

На скопскиот аеродром вечерва пристигнува првата група од осум македонски државјани кои се евакуирани од Израел.

Вечерва пристигнува првата група македонски државјани кои се евакуираат од Израел

Тие попладнево полетаа од аеродромот во Шарм Ел Шеик во Египет.

Пред министерството за надворешни работи е Елизабета Дамјановска Спасеноска.

Кога се очекува тие да пристигнат во земјава?

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

YouTube video

Нова експлозија во близина на Иранската државна телевизија

 Во денешниот израелски напад уште една експлозија одекна во близина на седиштето на Иранската државна телевизија (ИРИБ).

Нова експлозија во близина на Иранската државна телевизија

Израел вчера првпат ја нападна зградата на ИРИБ, сместена во северниот дел на Иран.

По вчерашниот израелски напад, ИРИБ кратко време не емитуваше програма. По неколку минутен прекин, ИРИБ повторно почна да емитува програма, а на екраните има и порака дека „сите програми продолжуваат во живо, без прекини“, како и дека Израел „во брутален напад гаѓал една од зградите на иранската државна телевизија“.

Иран по првиот напад врз ИРИБ издаде предупредувања за евакуација за израелските телевизии.

притисни ентер