Левандовски би можел да се приклучи на Чикаго Фајер како слободен агент следното лето - Канал 5

Левандовски би можел да се приклучи на Чикаго Фајер како слободен агент следното лето

Чикаго Фајер се заинтересирани да го ангажираат Роберт Левандовски во летниот трансфер рок 2026 година.

Левандовски би можел да се приклучи на Чикаго Фајер како слободен агент следното лето

Фудбалерот на Барселона, Роберт Левандовски, би можел да ја продолжи својата кариера во американската МЛС-лига.

Според „BBC Sport“, Чикаго Фајер има успешни преговори со Левандовски. Напаѓачот е отворен за трансфер, а не се очекува неговата плата да биде проблем.

Чикаго Фајер го смета потпишувањето на Левандовски за стратешки потег, бидејќи Чикаго е дом на најголемата полска заедница во Соединетите Американски Држави. Клубот го додаде Левандовски на својот „список на откритија“, што значи дека тој има приоритетни права за трансфер. Другите тимови од МЛС нема да можат да го потпишат Полјакот без да платат обештетување.

Интерес за Левандовски пројавија и Интер Мајами и клубови од Саудиска Арабија.

Договорот на фудбалерот со Барселона истекува во летото 2026 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем интерес од компаниите за мерката „Вработување и раст на правни субјекти“

Голем интерес од компаниите за мерката „Вработување и раст на правни субјекти“, до денес пристигнати апликации од 1373 компании за вработување на над 1700 лица.

Голем интерес од компаниите за мерката „Вработување и раст на правни субјекти“

Денес во Кочани се одржа информативен ден за активните мерки од Оперативниот план за вработување за 2026 година и јавниот повик од мерката „Вработување и раст на правни субјекти“.

Пред голем број на претставници на бизнис секторот заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески ги презентираше бенефитите кои произлегуваат од оваа мерка.

- Со мерката „Вработување и раст на правни субјекти“ е предвидена поддршка во креирање на нови работни места во микро, мали и средни претпријатија, социјални претпријатија и граѓански организации. Со истата даваме финансиска поддршка за вработување на лица, каде една компанија може да аплицира за субвенции за најмногу 5 нови вработувања, а висината на поддршката варира согласно категоријата на лица и таа изнесува од 160.000 до 250.000 денари по лице, или вкупно од 800.000 до 1.250.000 денари за пет лица. До денес до центрите на Агенцијата за вработување се пристигнати апликации од 1373 компании за вработување на повеќе од 1.700 лица – кажа заменик-министерот Ристески.

Градоначалникот на Кочани д-р Владко Грозданов истакна дека оваа мерка е доста популарна и преку истата минатата година се вработиле 69 лица, додека во центарот на Агенцијата за вработување во Кочани досега се пристигнати преку 80 апликации. Тој ги повика сите заинтересирани компании да аплицираат и да ги искористат бенефитите кои Владата и Министерството за економија и труд ја нудат со оваа мерка.

Сите правни лица заинтересирани можат да добијат детални информации за мерката во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Македонија, контакт центарот 02-3111-850 и веб-страната (https://av.gov.mk/).

Јавниот повик за мерката „Вработување и раст на правни субјекти“ трае до 24 јули (петок) 2026 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија со најбројна делегација досега – околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри во Таранто

Подготовките за Таранто 2026 во полн ек: Македонија со најбројна делегација досега – околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри.

Македонија со најбројна делегација досега – околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри во Таранто

На еден месец до почетокот на XX Медитерански игри – Таранто 2026, подготовките на македонската делегација се во полн ек. Од 21 август до 3 септември, македонските спортисти ќе бидат дел од едно од најзначајните мултиспортски натпреварувања во регионот, каде ќе ги одмерат силите со најдобрите спортисти од медитеранските земји.

Македонија годинава ќе настапи со досега најбројната делегација на Медитеранските игри, составена од околу 130 учесници. Нашите претставници ќе се натпреваруваат во 19 спортови, што претставува значаен исчекор и уште една потврда за развојот на македонскиот спорт и континуираното присуство на меѓународната спортска сцена.

Особено значајно е што македонската делегација ќе биде претставена и во четири екипни спортови – женската одбојкарска репрезентација, женската ракометна репрезентација, машката фудбалска репрезентација и машката репрезентација во баскет 3х3. Ваквото учество дополнително ја потврдува посветеноста и развојот на македонскиот спорт и претставува силен мотив за сите спортисти кои ќе ја претставуваат државата во Таранто.

Во изминатиот период, спортистите интензивно работат на својата физичка и техничка подготовка, заедно со своите тренери и стручни тимови, со цел да бидат максимално подготвени за настапите што ги очекуваат. Медитеранските игри претставуваат можност за потврда на нивната посветеност, дисциплина и долгогодишна работа, но и за стекнување ново меѓународно искуство и остварување врвни резултати.

Во пресрет на Игрите, фокусот останува на квалитетните подготовки, посветеноста и поддршката за македонските спортисти, кои со гордост ќе ги бранат боите на државата и ќе ги промовираат олимписките вредности, спортскиот дух и фер-плејот на меѓународната спортска сцена.

Македонскиот олимписки комитет и во периодот што следува ќе продолжи редовно да ја информира јавноста за подготовките, составот на делегацијата, распоредот на настапите и најважните моменти поврзани со учеството на македонските спортисти на XX Медитерански игри – Таранто 2026, преку медиумите и социјалните мрежи, каде ќе бидат споделувани актуелни информации, фотографии и содржини поврзани со настапите на македонската делегација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: На увид на реконструираната главна водоводна линија со вкупна должина од 6 километри

Градоначалникот Митко Јанчев заедно со претседателот на Совет на Општина Кавадарци д-р Стојанчо Рамов и служби од Локалната самоуправа, беа во увид на реконструираната главна водоводна линија со вкупна должина од 6 километри и цевки со профил Ф100.

Јанчев: На увид на реконструираната главна водоводна линија со вкупна должина од 6 километри

Градоначалникот Митко Јанчев заедно со претседателот на Совет на Општина Кавадарци д-р Стојанчо Рамов и служби од Локалната самоуправа, беа во увид на реконструираната главна водоводна линија со вкупна должина од 6 километри и цевки со профил Ф100, почнувајќи од Западен Булевар до влез во село Сопот.

Со оваа реконструција се овозможи подобро и постабилно водоснабдување за жителите на село Сопот, зголемена сигурност на системот, намалување на загубите на вода и модернизација на комуналната инфраструктура, напиша на фејсбук, првиот човек на Кавадарци,Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер