Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
2Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
ФудбалЛев на клупата на Германија до 2020 годинаСелектор на германската фудбалска репрезентација Јоаким Лев потпиша нов четиригодишен договор и ќе ги предводи „панцирите“ до завршувањето на Европското првенство во 2020 година, соопшти денеска тамошниот сојуз.Според досегашниот договор Лев требаше да остане на селекторската функција до 2018 година, но одлучи уште две години да остане на клупата на Германија. Тој една деценија е селектор, а претходно две години му беше помошник на Јирген Клисман. Прв голем резултат на германската репрезентација под водство на Лев е финалето на ЕУРО 2008, потоа следуваше полуфинале на Мундијалот 2010 година и ЕУРО 2012, за во 2014 година стане светски шампион на првенството во Бразил. Оваа година на ЕУРО во Франција стигна до полуфиналето каде загуби од домаќинот со 2:0. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
ФудбалКиву : Ќе атакуваме на победа за прекинување на црна серија во дуелите против МиланПредводникот на италијанскиот фудбалски шампион Интер, Кристијан Киву има лоша статистика во градското дерби против Милан, која сака вечењрва да ја прекине на дуелот кој стартува во 20-45 часот. „Нераѕурите“ предводени од Киву имаа забележано два порази на двете градски пресметки против Милан, но негативната серија на Интер во пресметките со големиот ривал трае веќе подолго време. Интер не знае за победа на седум натпревари во низа против „росонерите“, а новинарите го прашаа Киву дали неговиот тим денеска ќе игра и за враќање на честа во градот. – Мораме да бидеме најдоброто издание од самите себе на секој натпревар, а секој знае дека мотивацијата на дербито секогаш е нешто посебно. Исто така, мораме да се запрашаме зошто немаме победа на последните седум дерби-натпревари. Се случуваа изолирани инциденти, моменти кои одеа во нивна полза, како на првиот натпревар минатата година. Мораме да се жртвуваме повеќе од тоа што го правевме лани за да го промениме текот на дерби пресметките во наша полза, – изјави Киву.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
СветТехеран со предупредување до Европа: „Сега е ваш ред да платите“Официјален Техеран остро реагираше на изјавите на германскиот канцелар Фридрих Мерц за економските последици од војната, додека Берлин повикува на дипломатско решение на конфликтот.Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи предупреди дека нов напад врз Иран би можел да ја чини Европа многу повеќе од 100 милијарди евра, откако германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека европската економија и потрошувачите веќе претрпеле многу дополнителни трошоци поради порастот на цените на енергенсите предизвикан од војната. Во објава на платформата „Икс“ (X), Аракчи потсети дека Мерц ги поздравил американско-израелските напади врз Иран минатата година, велејќи дека Израел ја врши „валканата работа за сите нас“. „Сто милијарди евра се ништо во споредба со разорниот удар што моќните вооружени сили на Иран ќе им го зададат на оние што ќе се осмелат да му наштетат на нашиот народ“, напиша Аракчи, додавајќи дека „црвените линии се минато“. Слична порака упати и секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Мохсен Резаи, кој ги критикуваше европските влади поради нивната загриженост за економските последици од војната. Мерц вчера, за време на неговата посета на Сеул, изјави дека повисоките цени на енергенсите, поврзани со конфликтот во изминатите осум месеци, ја чинеле Европа повеќе од 100 милијарди евра. Тој рече дека Германија ги интензивира дипломатските напори за ставање крај на војната и оцени дека конфликтот „не може да се реши со воени средства“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КошаркаСаторански се јави од болница: „Беше страшно“Кошаркарот на Хапоел ТА, Томаш Саторански е добро по еден тежок пад.Чешкиот кошаркар опасно ја удри главата при пад на натпреварот меѓу Дубаи и Хапоел во Евролигата, остана да лежи во болки и грчеви, што ги вознемири сите. Глетката беше крајно вознемирувачка. Еден ден подоцна, Чех преку својот профил на Инстаграм ја сподели добрата вест. „Здраво на сите, би сакал да одвојам момент за да му се заблагодарам на секој од вас за сите пораки, поддршка и интерес. Посебна благодарност до Кошаркарскиот клуб Дубаи, неговите играчи и стручниот штаб, за брзата реакција и помошта. Навистина сум благодарен. Исто така, голема благодарност до моите соиграчи, стручниот штаб и сите луѓе во Хапоел за сета поддршка и помош. Тоа секако беше застрашувачки момент, но сега се чувствувам многу подобро. Се надевам дека што поскоро ќе се вратам на теренот“, напиша Чех, објавувајќи фотографија од болничкиот кревет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook