Лев го продолжи договорот со Германија и го објави списокот за СП 2018 - Канал 5

Лев го продолжи договорот со Германија и го објави списокот за СП 2018

Германскиот селектор Јоаким Лев потпиша нов договор до 2022 година, соопштија од Германскиот фудбалски сојуз.

Лев го продолжи договорот со Германија и го објави списокот за СП 2018

Досегашниот договор на експертот истекуваше по крајот на Евро 2020. На тој начин се става крај на гласините дека популарниот Јоги може да се врати на клупскиот фудбал уште ова лето. Неговото име беше поврзано со тимови како Арсенал и Баерн Минхен.

Педесет и осум годишниот тренер е во Бундестимот уште од 2004 година - првично како асистент, а од 2006 година како селектор. Под негово раководство „панцирите“ ја освоија светската титула во Бразил во 2014 година, триумфираа на Купот на Конфедерации во 2017 година, завршија трети на Мундијалот во 2010 година, стигнаа до финалето на Евро 2008 и отпадна во полуфиналето на следните два еврошампионата - во 2012 и 2016 година

Селекторот на светските шампиони на денешниот прес, на кој го објави проширениот состав за Мундијалот во Русија, објасни дека од далеку не му било лесно во избор на тимот. Лев посочи група од 27 играчи, од кои еден голман и три теренски играчи ќе отпаднат.

На листата не се наоѓаат имиња како Марио Геце и Сандро Вагнер, но пак е вклучен е Мануел Ноер, кој поради операција не играл девет месеци досега.

- Понекогаш сè зависи од деталите. Понекогаш мојата работа е да ги прекинам соништата, но овие се тешки одлуки. Мојот избор е многу покомплексен отколку што мислат некои. Тоа зависи од улогата на еден фудбалер не само на теренот, туку и надвор од него. Геце е многу талентиран играч, но сезоната едноставно не беше негова, изјави селекторот за херојот од Светското првенство пред четири години.

За Ноер, Јоги изјави дека ако тој не е во форма, како што самиот тврди, нема да патува за Русија.

- Ќе имаме разговор со него кон крајот на мај. Тој тврди дека е во форма. Ноер е наш капитен, но без пракса на теренот, не можеш да бидеш на Светското првенство, заврши Германецот.

Бундестимот планира две контролни средби - против Австрија (2 јуни) и Саудиска Арабија (8 јуни), но се чини дека иднината на Ноер ќе биде решена претходно.

Составот на Германија за СП 2018:

Голмани: Бернд Лено, Мануел Ноер, Тер Штеген, Кевин Трап;

Одбрана: Жером Боатенг, Матијас Гинтер, Јонас Хектор, Матс Хумелс, Џошуа Кимих, Марвин Платенхард, Антонио Ридигер, Никлас Шиле, Џонатан Тах;

Среден ред/: Јулијан Бранд, Јулијан Дракслер, Марио Гомез, Леон Горецка, Илкај Гундоган, Сами Кедира, Тони Крос, Томас Милер, Месут Озил, Нилс Петерсен;

Напад: Марко Ројс, Себастијан Руди, Лирој Сане, Тимо Вернер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МАЕИ: Честит 11 октомври – денот на народното востание на македонскиот народ

Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) на сите Македонци им го честита 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ, симболот на непокорот, слободољубието и непоколебливата храброст на македонскиот народ.

МАЕИ: Честит 11 октомври – денот на народното востание на македонскиот народ

На 11 октомври 1941 година започна организираниот вооружен отпор против фашизмот, означувајќи ново поглавје во борбата на македонскиот народ за слобода и национално самоопределување. Овој историски ден нè потсетува на храброста, пожртвуваноста и решителноста на сите оние кои се кренаа против наци-фашистичкото ропство.

Посебно се сеќаваме и на Македонците од Албанија, кои активно учествуваа во антифашистичката борба и дадоа значаен придонес во ослободувањето на Македонија. Многумина од нив ги положија своите животи за слободата, оставајќи трајно наследство на храброст, солидарност и љубов кон татковината.

Денес, со длабока почит им оддаваме признание на сите борци и херои кои се жртвуваа за слободна Македонија. Нивната борба претставува трајна обврска за зачувување и унапредување на македонскиот национален идентитет, јазик, култура и историско наследство, како и за доследно почитување на човековите и малцинските права.

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Валерија Дамчевска победничка на „Поетски слем Македонија“

Слем-поетестата Валерија Дамчевска е победничка на годинешното издание на „Поетски слем Македонија“ - 2026, кое од 8 до 11 октомври по 16. пат се одржува во Прилеп.

Валерија Дамчевска победничка на „Поетски слем Македонија“

За гласовите беше задолжена петчлена жири-комисија, а второто место го освои Стефанија Граовац, додека третото место му припадна на Матеј Петров.

Дамчевска доби подарок часовник од брендот „11и11“, а следната година ќе биде иден претставник на Македонија на Европското слем-првенство.

На годинешниот слем, се претставија десетина учесници од различни градови од земјава, кои настапија со свои поетски и прозни дела.

Неколкудневниот фестивал се отвори со изложба на ДЛУМ-Битола во НУЦК „Марко Цепенков“.

Следните два дена, покрај поетските читања, се одржаа и промоции на неколку книги поезија од авторите Елена Пренџова, Сузана Мицевска, Марија Грубор, Ненад Јолдески и Пијан Славеј (Бранислав Николов), кој заедно со „Хот џез оркестра“ синоќа одржаа врвен поетски концерт во киното „Мис Стон“.

Фестивалот годинава пулсираше во африкански ритам, а за тоа продонесоа специјалните гостинки од Мозамбик - Африка, Елијане Бутелане и Наташа Сокре.

Денес е последниот фестивалски ден, а учесниците имаа можност да присуствуваат на поетско читање на манастирот Трескавец.

Фестивалот ќе заврши вечерва со поетско читање посветено на Тихомир Јанчовски, настан што ќе се одржи во вилата „Ана Плетварска“ со почеток во 19:30 часот.

„Поетски слем Македонија“ досега има испратено 11 национални претставнички и претставници на Европското слем-првенство, како и двајца претставници на Светското слем-првенство.

Дизајнотот на плакатот е на уметникот Владимир Лукаш.

Литературната манифестација е во организација на Театарска работилница – Прилеп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

о. Битола: Одбележан „11 Октомври“ – денот на народното востание

Денес на големиот македонски празник „11 Октомври“ кој е симбол на македонската борба за слобода, во име на градоначалникот на Општина Битола свежо цвеќе положи и се поклони претседателот на Советот Бојан Бојкоски.

о. Битола: Одбележан „11 Октомври“ – денот на народното востание

Пред споменикот на НОАВМ свежо цвеќе положија и претставници на Советот на Општина Битола, претставници на Општинскиот сојуз на борци, претставници на политичките партии, како и здруженија на граѓани, оддавајки им почит на сите народни херои кои ги положија своите животи за слободна и независна Македонија.

11 октомври 1941 година е настан од клучен историски момент, односно синоним за отпорот на македонскиот народ, датум кој симболизира официјален почеток на Народноослободителната и антифашистичка војна. Тој е важен темел во борбата за самобитност и самостојност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер