Леуварден и Валета - престолнини на европската култура во 2018-та - Канал 5

Леуварден и Валета - престолнини на европската култура во 2018-та

Холандскиот град Леуварден и Валета, главниот град на Малта, од денеска ја делат титулата „Европска престолнина на културата“ во 2018 година, а ја преземаат од данскиот Орхус и кипарскиот град Пафос.

Леуварден и Валета - престолнини на европската култура во 2018-та
Организаторите на програмата за 2018-та во Леуварден најавија отворање на целогодишната манифестација на 26-ти и 27 јануари кога сите плоштади на градот ќе бидат поврзани со настани со танц, театар, музика и песна. Идејата им е да го покажат нивниот „iepen mienskip“ односно отворено општество.

Леуварден е административен центар на покраината Фризија во северна Холандија, која е најголема доколку се бројат и водните површини, и е единствена покраина во Холандија со свој јазик (западнофризиски). Има неколку острови кои со копното се поврзани со траектен сообраќај и четири национални паркови.

Во пресрет на преземањето на титулата, Музејот на Фризија на 15 октомври отвори изложба по повод сто години од смртта на Маргарета Зеле, попозната под псевдонимот Мата Хари, која била родена во Леуварден во 1876 година.

„Мата Хари - жената и митот“ е најголема кога било поставена изложба за холандската танчарка, куртизана и шпионка од Првата светска војна. Прикажува лични предмети, фотографии, писма, воени документи ... што им овозможува на посетителите да го следат нејзиниот живот од родниот Леуварден до Холандска Источна Индија, преку париските танцови театри и мрежата на интриги во која се заплеткала за време на војната.

Главниот град на Малта, Валета, е исто така европска престолнина на културата оваа година. Организаторите најавија дека нивната едногодишна културна манифестација ќе почне со свеченост достојна на традиционалната Maltese Festa, поканувајќи ги Европејците да ја посетат Неделата на отворање (14-21 јануари).

Програмата со улични перформанси, изложби, фестивали, дигитални проекции и видеоарт ќе почне во главниот град но ќе продолжи низ цела Малта и нејзините острови.

Меѓу настаните од програмата на „Валета 2018“ е и музичкиот интернационален барокен фестивал, што ќе се одржува од 13-ти до 27 јануари, на барокни и историски локации во градот. Во Валета се наоѓаат голем број знаменити градби од 16 век и градот зрачи со уметнички стилови, како маниризам, барок, неокласицизам. Поради тоа наследство градот Валета е запишан на листата на светско културно наследство на УНЕСКО.

Европската комисија секоја година одредува почесен домаќин на проектот „Европска престолнина на културата“. Традицијата почна во 1985 година, кога Атина беше културна престолнина на стариот континент.

Целта е да се промовира чувството на заедништво во ЕУ, но на лауреатот тоа му носи и пари од европските фондови, со што земјите можат да финансираат големи проекти и програми од областа на културата. Критериум за избор е подготвеноста на градот да ги организира случувањата кои траат цела календарска година.

За изборот решава независна меѓународна комисија во Брисел, а одлуката ја носи четири години однапред. Неа ја разгледува и Европскиот парламент, а ја изгласува Советот на Европската унија.

Во 2019 година престолнини на европската култура ќе бидат италијанскиот Матера и бугарскиот град Пловдив, во 2020 Риека во Хрватска и Голвеј во Ирска, а во 2021 титулата треба да ја делат три града - романскиот Темишвар, грчкиот Елефсина и српскиот Нови Сад. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еден од најдобрите голмани на светот ја заврши кариерата

Мануел Нојер, легендарниот голман на Баерн и германската репрезентација, потврди дека ќе ја заврши својата играчка кариера на крајот од сезоната. 

Еден од најдобрите голмани на светот ја заврши кариерата

Нојер, кој ќе наполни 41 година во март, објави дека ќе се пензионира откако ќе му истече договорот во јуни следната година.

Тој се справуваше со повреди во последните месеци, а се очекува да се врати на теренот во декември, иако не е сигурно дали повторно ќе ја преземе позицијата прв голман. Јонас Урбиг веќе се појавува како негов наследник, а самиот Нојер потврди дека желбата за транзиција во тимот влијаела на неговата одлука.

Нојер за иднината на клубот и наследникот

Светскиот шампион од 2014 година и двократниот освојувач на Лигата на шампионите (2013, 2020) ја објави својата одлука оваа недела за време на состанокот со членовите на еден навивачки клуб.

„Почнувам од фактот дека по ова лето повеќе нема да играм. Сега се обидувам да уживам во времето што ми преостанува. Исто така, размислувам за благосостојбата на клубот, за градење темели за иднината заедно со Јонас, така што Баерн ќе има врвен голман барем во следните десет години. Јонас е на одличен пат. Тој обезбедува врвни игри за нашиот тим, што ме прави многу среќен. Секојдневно доаѓаме на тренинзи со задоволство и секогаш се обидуваме дополнително да се мотивираме“, рече Нојер.

Сè освои во Баерн

Нојер ја започна својата професионална кариера во Шалке, во чија фудбалска школа порасна, а пристигна во Баерн во летото 2011 година. Во Минхен, тој стана еден од најдобрите голмани во историјата на фудбалот и освои голем број титули во германскиот шампионат и два трофеи во Лигата на шампионите. Со Баерн, тој ја освои тројната круна во 2013 и 2020 година, односно првенството, националниот куп и Лигата на шампионите.

Со германската репрезентација, тој го освои Светското првенство во 2014 година во Бразил, каде што беше прогласен за најдобар голман на турнирот. За Германија одигра 124 натпревари, а се збогува со националниот фудбал по Европското првенство во 2024 година. Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (IFFHS) го прогласи за најдобар голман во светот пет пати, додека во 2014 година заврши трет во гласањето за „Златната топка“, зад Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

За време на својата кариера, Нојер ја редефинираше улогата на голманот во модерниот фудбал. Покрај исклучителните рефлекси и способноста да брани удари, тој стана познат по тоа што одеше далеку надвор од шеснаесетникот, играше со нозе и учествуваше во конструкцијата на нападот. Неговиот стил на игра стана пример за цела генерација голмани, а многумина го сметаат за еден од највлијателните играчи на таа позиција во историјата на фудбалот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бентли тврди дека со неговите светла може да читате книга од километар оддалеченост (ФОТО)

Bentley откри нови детали за својот претстоен модел Torcal, а овој пат фокусот е на технологијата на осветлување. 

Бентли тврди дека со неговите светла може да читате книга од километар оддалеченост (ФОТО)

Британскиот производител разви предна маска со 76 рачно склопени елементи кои личат на исечени кристали, со повеќе од 260.000 микроскопски дупки и 202 LED диоди.

Уште поинтересни се новите фарови, за кои Бентли тврди дека се доволно моќни за читање книга од растојание до еден километар.

Секој фар има четири модули

Bentley разви сосема нов систем на фарови за Torcalo. Секој се состои од четири модули, меѓу кои се два микро LED проектори, од кои секој има 16.000 пиксели. Заедно со нив, постојат и конвенционални модули за кратки и долги светла.

Градежниот проектор ја распрснува светлината под агол од 40 степени, подобрувајќи ја видливоста при вртење. Долниот има светлосен зрак кој е двојно потесен, што овозможува попрецизно насочување на светлината.

Системот автоматски ја прилагодува распределбата на светлината според условите на возење со цел да му обезбеди на возачот најдобра можна видливост, а во исто време да спречи заслепување на другите учесници во сообраќајот.

Повеќе од 260.000 отвори на предната маска

Дизајнерите пронајдоа инспирација за изгледот на предната маска во моделот Continental T на Bentley. Наместо класична решетка, Torcal има тродимензионална структура составена од 76 елементи со различни големини кои изгледаат како сечени дијаманти.

Секој елемент е составен рачно и е заштитен од надворешни влијанија со транспарентен капак направен од истите материјали што се користат за фаровите.

Особено интересна е металната рамка на маската, во која се направени повеќе од 260.000 микроскопски дупки со ласер. 202 LED диоди се скриени под површината. Кога осветлувањето е исклучено, рамката изгледа како обична метална површина, додека ноќе, светлината поминува низ ситни отвори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Германска „Луфтханза“ укинува уште 1.000 работни места- планираните отпуштања сега достигнаа 5.000 луѓе

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ планира да скрати уште 1.000 работни места во Франкфурт и Минхен, покрај 4.000-те што ги објави групацијата „Луфтханза“ во септември 2025 година.

Германска „Луфтханза“ укинува уште 1.000 работни места- планираните отпуштања сега достигнаа 5.000 луѓе

Портпарол на компанијата потврди за германскиот портал за авијација Airliners.de на 24 ноември дека намалувањата ќе вклучуваат дополнителни нивоа на персонал, кои ќе ги покриваат административните и оперативните задачи.

Менаџментот на „Луфтханза“ ги информираше вработените за новите мерки во интерен меморандум на 19 ноември, наведувајќи дека компанијата повеќе не е конкурентна во голем број деловни сегменти.

„Луфтханза“ забележа прилагодена оперативна загуба од 180 милиони евра во првите девет месеци од 2026 година.

Покрај намалувањата на персоналот, компанијата планира да го намали капацитетот на кратките и средните рути, а некои од нејзините авиони од семејството „Ербас А320“ треба да бидат заменети со помали авиони „Ербас А220“.

На 29 септември 2025 година, групацијата „Луфтханза“ презентираше план за елиминирање на околу 4.000, главно административни, работни места до 2030 година, со поголема употреба на дигитализација, автоматизација и вештачка интелигенција. На крајот од истата година, групацијата имаше околу 67.100 вработени во Германија, што е за еден процент повеќе од претходната година.

Компанијата сè уште не објави рок за дополнителните 1.000 намалувања на работни места, ниту како ќе се спроведе намалувањето на бројот на вработени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер