Летонската примадона Елина Гаранча ќе го отвори 56. „Охридско лето“ - Канал 5

Летонската примадона Елина Гаранча ќе го отвори 56. „Охридско лето“

Годинашното 56. издание на фестивалот „Охридско лето“ ќе биде отворено на 12 јули со концерт на светски познатиот мецосопран Елина Гаранча од Летонија, објави на денешната прес-конференција во Охрид министерката за култура Елизабета Канческа Милевска.

Летонската примадона Елина Гаранча ќе го отвори 56. „Охридско лето“
Гаранча на Античкиот театар ќе настапи со оркестарот на Македонската опера и балет со кој ќе диригира Ион Марин од Австрија.

- Уверена сум дека на 12 јули на Античкиот театар ќе бидеме сведоци на едно врвно уметничко претставување кое ќе ја освои и стручната јавност и македонската публика, рече Канческа Милевска.

По свеченото отворање ќе следуваат и низа, како што наведе, ексклузивни настани, меѓу кои и концертите на виолинистите Максим Венгеров, Вадим Репин, Роман Симовиќ, пијанистите Фазил Сеј, Ана Винитскаја и легендарниот Артуро Сандовал. Ќе настапат и македонските музичари Ана и Игор Дурловски, Љубиша и Маја Кировски, младиот виртуоз на гитара Дамјан Пејчиноски, како и повеќе други уметници.

На програмата на годинашното „Охридско лето“ се предвидени преку 50 музички настани, девет театарски претстави, пет изложби и осум филмови од богатата кинематографска ризница на „Вардар филм“. Македонија и Охрид годинава ќе бидат домаќини на вкупно 800 уметници, изведувачи и автори од 18 земји во светот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерство за култура: Објавен е Конкурсот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2026 година

Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ распиша Конкурс за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2026 година.

Министерство за култура: Објавен е Конкурсот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2026 година

Со државната награда „Св. Климент Охридски“ се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност.

Државната награда се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани.

Државната награда може да се додели и на странски државјани, група творци, екипи и институции од странство за долгогодишни остварувања кои се од јавен интерес за Република Македонија.

Конкурсот ќе трае од 25.9.2026 до 15.10.2026 година.

Конкурсот и пријавата се достапни на веб-страницата на Министерството за култура и туризам:

Државни награди - Државни награди - Конкурси - Министерство за култура и туризам - Република Северна Македонија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Бред Пит повторно е најголемата ѕвезда во Холивуд, а воопшто не се оптоварува

Најголемиот заводник во Холивуд, актерот Бред Пит повторно воодушеви со својот изглед на Филмскиот фестивал во Сан Себастијан.

Фото: Бред Пит повторно е најголемата ѕвезда во Холивуд, а воопшто не се оптоварува

Мегапопуларниот актер на филсмкиот фестивал се појави во тексас комбинација.

Бред Пит веќе подолго време го привлекува вниманието на јавноста. Често можеме да го видиме во необични, лежерни изданија што не ги следат правилата на светот на модата кога станува збор за големи филмски настани и проекции.

Неодамна, на Меѓународниот филмски фестивал во Сан Себастијан, тој се претстави во шарена комбинација што спојува дури шест навидум неспоиви бои, а сега нè воодушеви со младешки изглед.

Тој присуствуваше на прес-конференцијата за филмот „Срцето на ѕверот“ и за таа прилика одлучи да ја продолжи својата низа лежерни комбинации, кои изгледаат како воопшто да не се трудел да го шармира светот на модата.

Се појави во тексас од глава до пети, постигнувајќи го оној лежерен, младешки изглед. Сепак, главниот адут на стајлингот беа парчињата облека што се „криеја“ под неговата тексас-јакна.

Носеше бела кошула со розова вратоврска, со што постигна ефект на модерна елеганција која не делува премногу круто. Ќе се согласите, ретко кој маж би се осмелил на ваква модна комбинација...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џејми Фокс го очекува своето трето дете: „Сè уште имам сила“

Холивудската ѕвезда, актерот 58-годишниот Џејми Фокс  за време на гостувањето во емисијата „Jimmy Kimmel Live!“ потврди дека тој и неговата 31-годишна партнерка, Алис Хакстеп, го очекуваат своето прво заедничко дете, шегувајќи се: „Бебе е на па

Џејми Фокс го очекува своето трето дете: „Сè уште имам сила“

Сè уште ме бидува“. Како Фокс се подготвува за оваа нова улога? Добитникот на Оскар, кој веќе има 32-годишна ќерка, Корин, и 18-годишна ќерка, Анелиз, од претходни врски, изјави дека се подготвува повторно да ги извршува секојдневните родителски обврски – вклучително и возењето на децата до училиште.

Тој призна дека, на 58-годишна возраст, е свесен оти ова искуство ќе биде поинакво од претходните. Што рече тој за здравствената криза низ која помина?

„Дејли мејл“ (Daily Mail) пренесува дека за време на разговорот, Фокс се осврна и на мозочното крварење и мозочниот удар што ги доживеа во 2023 година додека работеше на филмот *Back in Action*.

Тој изјави дека сега се чувствува одлично и дека, по тоа искуство опасно по живот, станал поблагодарен за секој момент. Колку долго се заедно Фокс и Хакстеп?

Фокс и Хакстеп се поврзуваат уште од 2022 година, а нивната врска стана јавна следната година. Откако се појавија информации дека раскинале на почетокот на 2025 година, неколку месеци подоцна повторно беа видени заедно; бебето што го очекуваат ќе биде негово трето, а нејзино прво дете.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер