Летало повлекло дете од земјата високо во воздух- снимката е хит (ВИДЕО) - Канал 5

Летало повлекло дете од земјата високо во воздух- снимката е хит (ВИДЕО)

Верувале или не, летањето змејови може да тргне наопаку. Доказ за ова е видео што го најдовме на интернет, поточно на платформата ItemFix.

Летало повлекло дете од земјата високо во воздух- снимката е хит (ВИДЕО)

Уште на почетокот, гледаме момче кое се вклучи во играта, не очекувајќи леталото да „излезе од контрола“.

Сè помина непречено

Тој се занесе толку многу што приказната го однесе во „рајот“. Леталото некако го крена од земјата, а и тој „лета“.

Проценуваме дека бил најмалку десет метри над земјата, додека френетично се држел за јажето. Момчињата под него не знаеле како да му помогнат, но за среќа сè завршило непречено.

Видеото привлече внимание на популарната платформа и ги подели мислењата на корисниците. Некои мислеа дека е наместено, додека други мислеа дека не е.

Дали леталото постои или не?

„Ова е лажно, вештачка интелигенција според мене. Неговата физика на телото изгледа погрешно, а никогаш не гледате змеј што би можел да ја издржи тежината на момче“, напиша еден корисник.

„Не мора да биде така. Оваа ситуација зависи од неколку фактори, вклучувајќи ја големината на змејот, надморската височина, брзината и постојаноста на ветерот“, смета друг.

Погледнете како изгледаше сцената подолу:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Не помина интерпелацијата за министерот Панче Тошковски

Со 77 гласа против, 58 за и 17 воздржани во Собранието не беше изгласана интерпелацијата за министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поднесена од Левица.

Не помина интерпелацијата за министерот Панче Тошковски

На гласањето му претходеше жестока расправа во Собранието. Опозицијата обвинува за селективно постапување на полицијата, политички мотивирани акции, безбедносни пропусти...

Тошковски пак, во иницијативата гледа евтин политички обид да се закочи расчистувањето со криминалот и корупцијата..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На Пелистер спасена мала срна која била нападната од куче (ВИДЕО)

Вработените во јавната установа Национален парк Пелистер спасија мала срна која била нападната од куче бездомник.

На Пелистер спасена мала срна која била нападната од куче (ВИДЕО)

Од установата на Фејсбук објавија дека малата срна ја спасил раководителот на помошно-техничкото одделение и ренџер во установата.

По спасувањето, вработените презеле дополнителни активности за срната повторно да биде вратена во својата природна средина. Со помош на емитирање на звуци малата срна повторно беше споена со својата мајка“ посочуваат од Националнот парк Пелистер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со Трамп

Италијанската премиерка Џорџа Мелони вели дека односите со САД мора да се вратат во нормала по јавната расправија што минатата недела ја имаше со американскиот претседател Доналд Трамп.

Мелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со Трамп

„Немам намера да продолжам да го поттикнувам овој спор“, рече италијанската премиерка, која оцени дека не постои ризик од негативни последици врз односите меѓу Италија и САД и дека врските меѓу двете држави остануваат добри. Во петокот Мелони го обвини својот некогашен близок сојузник Трамп дека измислил приказна за неа откако тој за италијанска телевизија изјави дека таа го молела да се фотографира со неа за време на неодамнешниот самит на Г-7 во Франција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер