КошаркаЛесор го гаѓале со стаклени шишиња на полувремето во Белград (ФОТО)Панатинаикос во Белград ја одбрани улогата на фаворит и со нов одличен резултат ја заокружи серијата победи.Атињаните ја победија Црвена звезда со 81:77 и го освоија второто место во Евролигата со скор 5-2. Повторно црвено-белите загубија значителен плус од 14 поени и по три кола кога беа лидери со 3-0, сега паднаа на 12-та позиција. Добар дел од работата во триумфот во салата „Александар Николиќ“ одработи Матијас Лесор, кој постигна девет поени со исто толку скокови, а натпреварот го одбележа и со својот потег на полувремето. Кога го напушти теренот, беше нападнат од трибините со пцовки и свирежи од сите страни. Навивачите на Звезда му се налутија на поранешниот кошаркар на Партизан, кој во знак на протест се „закопа“ пред ТВ камерата. На социјалните мрежи се појавија фотографии од предмети кои летале кон него, а содржината е благо кажано скандалозна. 💢🚨 Mathias Lessort had items thrown at him by Crvena Zvezda fans pic.twitter.com/b1BenLubRn — Eurohoops (@Eurohoopsnet) November 1, 2024 Запалка и две шишиња вињак се гледаат на масата на стрелците, откако беа отстранети од теренот и запишани во семафорот, па Звезда најверојатно наскоро ќе добие нова казна...Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМуцунски во „Само интервју“: Ужасно сум разочаран од одговорот што дојде од СофијаОфицијална Софија не се извини, но по жестоките реакции од Мицкоски и Муцунски, тамошното МНР го осуди објавувањето на дипломатската нота за патувањето на семејството на македонскиот премиер во Пампорово.Ставот го нема на сајтот на министерстото, а го дале како одговор за дел од бугарските медиуми... Прашани за коментар по изјавата на Мицкоски дека по овој дипломатски скандал не очекува подобрување на односите со Бугарија, од кабинетот на Велислава Петрова-Чамова за БТА посочиле и дека случајот се испитува во рамки на министерството. -Министерството за надворешни работи придава најголемо значење на заштитата на дипломатската кореспонденција и ги осудува сите дејствија што ги кршат строго утврдените меѓународни правила и практики во оваа област. Како што веќе наведовме, нотата што циркулираше во јавноста се однесува на настани од 6 јануари 2026 година. Околностите околу случајот сè уште се разјаснуваат. Наредена е инспекција за да се утврдат сите факти поврзани со обработката на нотата.- МНР на Р. Бугарија Министерот за ндворешни Тимчо Муцунски во синоќешното Само интервју остаро реагираше на првичниот став на бугарското МНР во кое единствено се дистанцираа од скандалот и оценија дека немало никаква закана за безбедноста на семјството на Мицкоски, бидејќи настанот се случил во јануари. -Ужасно сум разочаран од одговорот што дојде од Софија. Одговорт во суштина беше – одамна се случило. Не беше ни јасен демант, туку „одамна се случил инцидентот“. Осуда очекував, да се каже дека се згрешило како што ние осудивме дејствија на наша територија. Наместо да кажеме можеби некој друг го направил, кажавме се случило нешто што не смеело да се случи, го осудивме и веднаш институциите постапија. Така се однесува одговорна држава. -– Тимчо Муцунски – Министер за надворешни работи и надворешна трговија Премеирто Мицкоски пак во отвореното студио на МТВ по повод 2 години Влада синоќа оцени дека провокациите во изминатиот период се резултат на организирана бугарска кампања во Македонија. -Ниски страсти и организирана кампања која овој период е забележлива. Ние сме зафатени со реконструкцијата и го користат слободниот простор, еден, двајца политички ликови во државава да се обидат да промовираат нешто кое никој не може да го прифати. Ова е еден поширок обид за влијание тука. – Христијан Мицкоски – Претседател на Влада Македонските власти претходно порачаа дека очекуваат темелна истрага од Бугарија за протекувањето на дипломатската нота со лични детали и маршрутата на патување на сопругата и малолетниот син на премиерот, а бугарскиот амбасадор во земјава веќе бил повикан на разговор каде што му бил изразен висок степен на незадоволство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеСе менува законот за трансплантација: Поголем број донори и побрзи процедури за спас на животиПрв ќе дадам согласност за да бидам потенцијален донор на органи, посочи Министерот Алиу.Прв ќе дадам согласност за да бидам потенцијален донор на органи, а за околу една недела откако измените на законот се очекува да стапат на сила и системот на „мој термин“ биде променет, сите граѓани при следната посета кај матичниот лекар ќе мора да се изјаснат со „да“ или со „не“ на прашањето дали сакаат да бидат органодарители. Ова го посочи Министерот Азир Алиу потенцирајќи дека докторот нема да може да пристапи во „мој термин“ за да им издаде извештај или да ги упати на специјалист пациентите ако не се одговори на прашалникот. Понатаму, за олеснување на процедурите, во случај на клиничка смрт при отворање на комјутерот само со еден клик специјалистите и координаторите за трансплантација веднаш ќе знаат дали додека бил жив граѓанинот се изјаснил неговите органи да бидат донирани на друг човек. Со следните чекори процесот ќе се дигитализира и за трансплантација на орган нема повеќе да има бирократски процедури и да се чека на потпис и печат од Министер, а трансплантацијата е само една од областите во здравството во која институциите отсега ќе можат да конкурираат за европски средства, откако Македонија се приклучи кон програмата EU4Health – „ЕУ за здравјето“, која располага со буџет од околу 4,4 милијарди евра. Во однос на реконструкцијата на шест операциони сали на Клинички кои и по два ипол месеци откако се најави нивното отворање се уште не се во фукција, Алиу тврди дека нема пропусти при градењето туку во тек е верификација на салите кои ќе имаат гаранција долга 100 години и најави дека во нив пациенти ќе се оперираат од наредниот месец. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКоја е причината за вчерашниот инцидент во скопската ЗОО?Молк од Зоолошката градина и еден ден откако беше објавена скандалозната информација дека волци успеале да излезат од живеалиштата и да тргнат во неколкучасовен крвав пир, усмртувајќи неколку кенгури и ему птици. Директорката Катерина Костова не одговора ниту на телфонските повици, ниту на пораките, па останува нејасно што точно се случило. - Само неколку часа биле доволни бегството на белите волци за заврши со неколку угинати животни овде во скопската зоолошка, по што се поставува прашањето колку се безбедни и самите посетители доколку диви животни можат лесно да избегаат од своите живеалишта. Од здружението за заштита на животните Анима Мунди бараат темелна истрага за тоа како дошло до самата бетство, но и одговорност за усмртувањето на животните. Според здружението, безбедноста не смее да се темели на импровизација и среќа, туку на соодвена заштита и редовен надзор. -Како можеме ние да гарантираме дека утре децата или граѓаните нема да бидат жртвти на побегнати волци? Како е можно воопшто да копаат дупки без тоа никој да го забележи од вработените? Како е можно објектот во кој се чуваат диви и потенцијално опасни животни да нема елементарен надзор и безбедносни протоколи? Јавноста бара одговори, чека одговори, а во меѓувреме животните платија со живот за овие пропусти во самата институција.- Столе Велковски - претседател на здружение за заштита на животни „Анима Мунди“ Според информациите Белите волци избегале од своето живеалиште, така што ископале дупка под оградата... Откако биле забележани, на вработените им биле потребни неколку часа да ги заловат и вратат волците назад..На видео објавено од Анима мунди се гледа самото живеалиште на на белите волци кое е импровизирано со мрежа, и од кое без поголеми пречки волците успеваат да копаат под оградата.. од Анима Мунди бараат зоолошката итно да биде затворена и да се направи инспекција на сите живеалишта и безбедносни системи, и истата да биде претворена во спасувачки и рехабилитирачки центар за животните, наместо како што велат, да се внесуваат нови животни на место кое не ги обезбедува законските и стручните стандарди за нивно чување и нега. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter