1Спасовски до Финансиското разузнавање: Што му кажавте на Славески за парите и луѓето зад Алта банка?
Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
БалканЛерин денес: Град на мали плати и високи цени, но со тивок пулс и мирен, спокоен животЛерин не брза. Животот овде се одвива во забавено темпо – како да одбива да се прилагоди на динамиката што ја наметнува 21-виот век. Сè е денес тука потивко, побавно, поретко... Пари има сè помалку, а и тие што ги има – сè помалку вредат. Социјалните разлики стануваат сè понагласени. Младите како да ги нема ни на улица, ни во муабетите. Како да исчезнале, или можеби само се далеку од тука – физички или ментално. Најверојатно се некаде по плажите, сепак е време на летни одмори... Ова е секојдневието во Лерин, првиот поголем град зад граничниот премин „Меџитлија“. Градот е опкружен со планини и езера – особено со Преспанскиот регион, кој претставува важна природна и еколошка зона. Во зима, овде функционира скијачкиот центар Вигла-Писодери, додека летото носи рекреативни можности за оние кои бараат бегство од градскиот метеж. Лерин е познат и по своите земјоделски производи – пиперките, житните култури и локалното вино се составен дел од економијата и секојдневната трпеза. А чаршијата? Таа останала таму каде што отсекогаш била, но нешто е сменето. Порано немаше место да се помине од тезги. Денес, најфреквентната пешачка улица ја красат затворени дуќани со излепени излози – токму таму каде што кириите се највисоки. Утринската слика ја креираат постарите – седнати во кафулињата, тивко го пијат првото кафе. Младите или не се разбудиле, или се некаде на одмор. Останатите – работа, обврски, живот од ден за ден. Борба за секој чекор. Прошетавме низ дуќаните, разговаравме со жителите, но не сите се подготвени да зборуваат за својот живот. Како да ги задржува некоја гордост, тивка, но длабока. Но, штом се разврзе муабетот, полека се опуштаат и потоа речиси едногласно речиси како во договор велат – „не е лесно, пари тешко се печалат, се поскапува. И тоа секојдневно... Димитрос има свој берберски дуќан, малку понастрана од главната улица...За него плаќа 400 евра кирија месечно. Тој е сопруг и татко на малолетни дете. Вели дека само за здравствена заштита месечно издвојува 300 евра за него и за неговите. - Од ден да ден станува се потешко за преживување. Сопруга и едно дете. Не е лошо, ама се што заработуваме оди за давачки,печалба нула, вели тој. Миха е ведра средновечна жена, со крупни очи и широка насмевка... Таа има сопствен дуќан за кожена галантерија, во понудата има голем избор на чанти, ташни, паричници, колани... Зборува повеќе светски јазици, разговаравме на англиски. Работи и таа и нејзиниот сопруг. Имаат една ќерка. Не сака да замине никаде, тука и е убаво, но вели не и е лесно. Ќерката ќе ја школува, да биде учителка. Вели, и не е важно колку ќе заработува, барем ќе е тука и ќе има повеќе слободно време за семејството, она што на Миха многу и недостига. Време минато дома со нејзините, а не во дуќанот... - Како да се живее со три месеци сезона. Шест месеци е тука зима, а тогаш нема никој. Никој не влегува во дуќанот, прометот драстично опаѓа. Тоа не е живот тоа е преживување, вели таа. Диме има 44 години, работи како готвач во таверна за брза храна со гиро, суфлаки, колбаси...Осум часа е на нога, тука секогаш како да има муштерии, нарачки пристигаат постојано... - Понапред како да беше подобро. Со 18 илјади драхми полна количката во самопослуга. Сега со 50 евра пет продукти во неа...Работам за 750 евра плата месечно. Кирија плаќам за стан 300 евра, 450 сосе режија...Како да се истурка месецот, прашува. Вели дека можеби би било подобро да отвори сопствен бизнис, но оти за да стави клуч на свој дуќан ќе му требаат 15 илјади евра само за административни работи, дозволи, согласности, слично... - Едно време работев во градежништво и земав и по 1500 евра месечно. Сега во Лерин ништо не се гради. Нема работа за нас па работиме што ќе стигнеме, вели тој. Диме нема време да оди по одмори. Педесет евра му требаат само да стигне до морето за бензин и за патарини. - Не сакам јас да одам на Халкидики? Сакам, ама како? Со овие пари што ги заработувам најмногу што можам да си дозволам е да одам неколку дена Платамона, на кампување со шатор, колку да ги однесам жената и децата, вели тој. Но, и тој некако и сите останати соговорници се едногласни дека не би заминале некаде во потрага по повеќе пари. Некои прикриено, повеќето од нив отворено – не е се во парите...Тука имаат некакво спокојство што може да го понуди само родниот крај. - Зошто да одам Германија или не знам каде. Таму да земам 1500 евра месечно и повторно речиси сите да ги дадам за стан, превоз, храна...Исто како и овде, категоричен е Диме. Малку поинаква е животната приказна на Панајотис Марку, кој има своја сопствена таверна на главната улица во Лерин, што ја работи од 1989 година. Интересно е што работи како угостител, а е дипломиран педагог, школуван во Пирот, а едно време живеел и во Ѓаковица и во Скопје. Кај него во дуќанот секогаш има посетители, што локални муштерии што редовни гости од ова страна на границата...Не се жали, вели дека добро може да се живее, се разбира ако се работи како што треба. А дека добро работи потврда е највкусното гиро што сме го пробале во Грција. Да, највкусно, не само во Лерин туку во Грција... - Дуќанот го наследив од татко ми, а додека не ми го препиша нему му плаќав кирија. Сега ми е полесно, не плаќам за изнајмување објект што е значајна ставка. Имам петмина вработени, борба е...Отвараме во 10 и работиме до полноќ. Порано секој ден, сега затвораме двапати седмично, такви се прописите. Ќе беше уште подобро да имаа луѓето повеќе пари, повеќе ќе имаше за сите, вели тој. Куповната моќ опаѓа, довербата се нарушува, а несигурноста расте Оценката е генерално идентична – инфлацијата, ценовните шокови и светските финансиски кризи се чувствуваат насекаде, без исклучок. Без разлика дали станува збор за Грција како држава членка на ЕУ веќе повеќе од 30 години со релативно силна економија или за помали држави во транзиција, глобалните економски турбуленции не познаваат граници. Инфлацијата, како подмолен непријател на секојдневието, постепено ја намалува куповната моќ на граѓаните, создавајќи несигурност и страв, особено кај најранливите категории. Основните трошоци за живот растат, а платите тешко го следат тоа темпо. Ценовните шокови, предизвикани од воени конфликти, енергетски кризи или прекини во синџирите на снабдување, дополнително ја усложнуваат ситуацијата и го oтежнуваат секојдневието. Тоа истото важи и за граѓаните на Лерин, кои секојдневно водат борба да истуркаат „до први“. Притисокот е најголем кај малите земјоделци и локалните занаетчии. Зголемените трошоци за гориво, ѓубрива, електрична енергија и основни материјали не се надоместени со соодветни субвенции или пазарна стабилност. За некои, одржувањето на семејниот бизнис веќе станува невозможна мисија... Додека глобалната економија и понатаму се тресе, Лерин – како и многу други мали градови на Балканот – останува огледало на борбата помеѓу преживување и отпорност. Товарот е навистина голем, но се уште како да се чувствува оптимизам и провејува нишка надеж дека и оваа криза ќе биде надмината./МИАТагови: грција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСпасовски до Финансиското разузнавање: Што му кажавте на Славески за парите и луѓето зад Алта банка?Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието побара од директорот на Управата за финансиско разузнавање да објасни кога Народната банка побарала проверки за Алта банка Белград.Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието побара од директорот на Управата за финансиско разузнавање да објасни кога Народната банка побарала проверки за Алта банка Белград, што утврдиле тие проверки и какво мислење било доставено за потеклото на капиталот и за лицата кои управуваат со него. Спасовски посочи дека гувернерот Трајко Славески во своето сведочење се повикал на добиени позитивни мислења од надлежните институции, меѓу кои ја навел и Управата за финансиско разузнавање. Токму затоа, нагласи тој, јавноста треба да знае врз кои информации и податоци се темелело постапувањето на институциите. „При постапката за лиценцирање на Алта банка за мене беше логично и нужно да имате соработка со Народна банка, но таа моја логика е потврдена после исказот на гувернерот Трајко Славески којшто рече дека ги собрал сите мислења во однос на постапката за Алта банка, меѓу кои ја посочи и Управата за финансиско разузнавање и дека од таму се добиени сите потребни позитивни мислења во однос на работењето со Алта банка“, рече Спасовски. Тој ја истакна одговорноста на Управата во следењето на финансиските текови, проверката на сомнителните трансакции и утврдувањето на потеклото на средствата на инвеститорите кои влегуваат во државата. „Многу е важно инвеститорите во државата коишто влегуваат да видиме со какви финансиски средства располагаат и кое е практично нивното потекло“, нагласи Спасовски. Во обраќањето тој го отвори и прашањето за разликата меѓу постапувањето на институциите во Македонија и во Австрија. Според него, Финансиското разузнавање треба да објасни кои информации ги прибрало и како тие влијаеле врз мислењето што го користела Народната банка во постапката за преземање. „Практично финансиското разузнавање е тоа коешто ги прибира сите тие информации и податоци и на основа на тој склоп на информации и податоци вие практично можете да доставите одредено мислење коешто треба да го искористи гувернерот, односно Советот на Народна банка“, посочи Спасовски. Тој нагласи дека утврдувањето на улогата на секоја институција е важно за граѓаните и побара конкретен одговор за времето, содржината и резултатите од проверките. „Затоа моето конкретно прашање: кога беше побарано од гувернерот Трајко Славески, односно од Народната банка, да извршите проверки во однос на Алта банка Белград за купувањето на Стопанска банка Битола и на основа на тоа што укажавте на Народната банка во однос на капиталот и на лицата коишто го управуваат тој капитал во Алта банка Белград“, праша пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаШасивари - Крихбаум: Европската иднина се гради со реформи и силни партнерстваМинистерот за правда, Јетон Шасивари, во рамки на работната посета на Берлин, оствари средба со германскиот државен министер за Европа при Сојузното министерство за надворешни работи, Гинтер Крихбаум.Средбата претставува значаен дипломатски контакт во период кога земјата интензивно работи на исполнување на обврските од европската агенда, а реформите во правосудството остануваат еден од клучните показатели за подготвеноста за членство во Европската Унија. Министерот Шасивари ги претстави актуелните реформски активности на Министерството за правда, со посебен акцент на новиот Кривичен законик и Законот за кривичната постапка, кои веќе се доставени до Европската комисија за мислење. Станува збор за две значајни законски решенија со кои се настојува да се надминат постојните слабости и да се постават основите за посовремен и поефикасен систем на кривична правда. Во разговорот беа разгледани предизвиците на европската интеграција, динамиката на реформските процеси и значењето на германската поддршка за европската перспектива на земјата. Посебно беше истакната потребата реформските обврски да не останат само на ниво на законски измени, туку да резултираат со конкретни подобрувања во функционирањето на институциите и примената на правото. Германија, како еден од најзначајните европски партнери, има важна улога во поддршката на демократските процеси и институционалниот развој. Продлабочувањето на ова партнерство е особено значајно во период кога земјата се соочува со важни задачи во исполнувањето на европските критериуми. Средбата во Берлин е дел од напорите за зајакнување на политичката и институционалната соработка со Германија, како и за обезбедување континуирана поддршка на реформите што треба да донесат долгорочни резултати во правосудството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаЛефков: Шпекулациите во случајот со АЛТА банка само штетат на стабилноста на банкарскиот системНа денешната надзорна расправа во Собранието во рамки на Комисијата за финансирање и буџет се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков .На денешната надзорна расправа во Собранието во рамки на Комисијата за финансирање и буџет, на тема „ Причини за воведувањето администрација во АЛТА банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност “, се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков oсврнувајќи се на шпекулациите што во изминатиот период се пласираат во јавноста за наводни трансфери на значителни финансиски средства од Алта банка кон Србија и Русија и посочи дека ваквите наводи бараат јасни одговори и утврдување на фактите, особено имајќи ја предвид важноста на финансиската стабилност, надзорот и спречувањето на можни злоупотреби на банкарскиот систем. „Во последниот период во јавноста се пласираат сериозни тврдења за наводни трансфери на значителни финансиски средства од Алта банка АД Битола кон Србија па дури и кон Русија. Ова се тврдења кои не смеат да останат неодговорени, не смеат да отворат сомнеж за финансиската сигурност, за контролата на финансиските текови и во функционирањето на системот за спречување на перење пари и за можни злоупотреби на финансискиот систем, од друга страна Народната Банка излезе со конкретни информации дека во 2025 заклучно со Октомври 2026 не се евидентирани трансакции на поголеми износи кон Србија, а дека воопшто не се евидентирани приливи или одливи кон Русија во рамките на платниот промет“ рече Лефков и додаде: „Моето конкретно прашање кое треба да го расчистиме е дали Управата за финансиско разузнавање има добиено извештаи или имате сознанија за сомнителни трансакции поврзани со Алта банка АД Битола или со други правни или физички лица поврзани со нив?“, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook