Димитриевски: ЗНАМ ќе положи сметка пред граѓаните, на средината на септември ќе го објавиме извештајот за работата на нашите функционери
Мигранти се обидоа илегално да влезат во Обединетото Кралство: Дури 230 луѓе го преминале Ламанш во еден чамец
1Димитриевски: ЗНАМ ќе положи сметка пред граѓаните, на средината на септември ќе го објавиме извештајот за работата на нашите функционери
2Мигранти се обидоа илегално да влезат во Обединетото Кралство: Дури 230 луѓе го преминале Ламанш во еден чамец
3МВР: Селекцијата за прием во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ се спроведува согласно утврдените критериуми
МЗ: Во Гостивар здравствениот систем реагираше навремено, пациентите добија соодветна здравствена грижа
2МЗ: Во Гостивар здравствениот систем реагираше навремено, пациентите добија соодветна здравствена грижа
Шоу бизЛепа Брене станала жртва на интернет измама, „рекламирала“ лек против дијабетес Екс- Ју ѕвездата Лепа Брена мораше да проговори откако стана цел на интернет измама.Имиџот на пејачката го искористиле за рекламирање лек против дијабетес, па со него ставиле лажно интервју на Брена, за да привлечат луѓе, објави Телеграф. Брена преку Инстаграм ги известила своите следбеници дека никогаш не го користела споменатиот препарат и ги замолила сите да ја пријават страницата. -Сакам да ве информирам дека јавноста рекламира препарат, односно капсули, користејќи го мојот имиџ, покажува интервју што никогаш не сум им го дала и рекламира производ што никогаш не сум го користела - рече Лепа Брена и додаде дека ќе поднесе тужба против нив. - Затоа ве предупредувам и ве известувам дека не ме лекуваа со истиот препарат! Поради лажно рекламирање ќе ги поднесам сите законски санкции - изјавила пејачката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДимитриевски: ЗНАМ ќе положи сметка пред граѓаните, на средината на септември ќе го објавиме извештајот за работата на нашите функционериДимитриевски најави дека ЗНАМ нема да се крие зад партиски фрази и дневнополитички оправдувања, туку ќе покаже конкретни резултати.Претседателот на Движење ЗНАМ – за Наша Македонија, Максим Димитриевски, во вечерашното гостување во „Вести плус“ на Канал 5 порача дека ЗНАМ продолжува директно и отворено да разговара со граѓаните и да покажува што значи одговорна политика, особено преку теренскиот караван кој во изминатиот период ги поврза раководството, функционерите и членството на движењето со граѓаните низ целата држава. Димитриевски најави дека ЗНАМ нема да се крие зад партиски фрази и дневнополитички оправдувања, туку ќе покаже конкретни резултати. „Некаде средина на септември до почетокот на октомври ќе објавиме комплетен извештај за работењето на сите наши партиски функционери во сите сегменти, во сите министерства, директорати и буквално секаде кадешто делуваме. Да знаат и нашите членови и граѓаните на Македонија што тоа функционерите на ЗНАМ имаат сработено во изминатите две години“ порача Димитриевски. Тој нагласи дека за ЗНАМ најважно е политиката да се мери со работа и резултати, а не со анкети, политички конструкции и медиумски наративи. „Најдоброто јавно мислење е на избори. И тоа кога и да се, ние сме подготвени“ порача претседателот на ЗНАМ. Говорејќи за државните интереси и европската интеграција, Димитриевски беше јасен дека ЗНАМ останува на својот став дека јазикот, културата, идентитетот и историскиот континуитет на македонскиот народ не смеат да бидат предмет на политички пазарења. Во однос на уставните измени, тој повтори дека ЗНАМ цврсто стои зад моделот на уставни измени со одложено дејство, односно нивните ефекти да настапат по полноправното членство на Македонија во Европската Унија. „Јазик, култура, идентитет, историја, никој не смее да чепне во тоа. Што се однесува до францускиот предлог или европскиот предлог, тој за нас не е прифатлив“ истакна Димитриевски. Тој порача дека Македонија мора да продолжи да разговара со европските партнери и да бара решение, но решение во кое државата нема повторно да биде изложена на дополнителни блокади и условувања. Димитриевски истакна дека ЗНАМ во Владата останува коректив одвнатре, особено кога станува збор за прашања што ги засегаат државните симболи, националниот идентитет и принципите на кои се темели државноста. Во пресрет на 35 годишнината од независноста, претседателот на ЗНАМ упати порака дека државата мора да се гради со чувство на припадност, одговорност и гордост. „Ние како политичка гарнитура треба да ги направиме младите генерации и горди Македонци“ порача Димитриевски, додавајќи дека Македонија мора да биде држава во која сите граѓани ќе имаат еднакви права и еднаква одговорност кон нејзината иднина. ЗНАМ ќе продолжи да комуницира директно со граѓаните и да работи за граѓаните, затоа што политиката за ЗНАМ не е работа само за избори, туку секојдневна обврска да се слушне народот, да се презентира сработеното и да се понуди решение за иднината.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалХулијан Алварез се врати во Атлетико Мадрид и се приклучи на подготовкитеХулијан Алварез се врати во Атлетико Мадрид и се приклучи на подготовките за новата сезона, и покрај тоа што сакаше да си замине.Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Аргентинецот, Хулијан Алварез, се појави во тренинг-центарот на клубот и им се приклучи на соиграчите во подготовките за новата сезона. Иако за време на Светското првенство јавно изјави дека сака да си замине, 26 годишниот Алварез сепак постапи професионално и се одзва на поканата на клубот да продолжи со работа по паузата. Атлетико Мадрид објави фотографии од играчите кои овој понеделник се приклучија на подготовките – Алварез, шпанските репрезентативци Маркос Љоренте и Алекс Баена, како и голманот Хуан Мусо. „Во наредните денови, четворицата ќе работат според посебен план за тренинг пред да му се приклучат на тимот“, беше соопштено. Сепак, ситуацијата со Алварез сè уште не е решена и неизвесно е како ќе се одвиваат работите. Летово пак , Барселона го подготвува теренот за доаѓањето на Алварез, се разделува со напаѓачот Феран Торес откако претходно Роберт Левандовски замина за САД. Сепак, и Атлетико се прашува за тоа, барем до 2030 година, кога истекува договорот на одличниот напаѓач. Алварез дојде во Атлетико Мадрид од Манчестер Сити пред точно две години, а Манчестер Сити доби 95 милиони евра за него, што претставуваше рекордна продажба во историјата на клубот. Клаузулата за заминување во неговиот договор изнесува половина милијарда евра. 🚨🚨 JULIAN ALVAREZ will take one of these roads on his way from his home to the Atlético Madrid training center — @gerardromero pic.twitter.com/FSXZeSPTrS — Barça Universal (@BarcaUniversal) August 10, 2026 Колкав интерес владее кај шпанската јавност за овој случај, покажува потегот на новинарот Херардо Ромеро, кој ги следеше сите безбедносни камери на улиците што водат од домот на Алварез до тренинг-центарот на клубот. Тој го очекуваше исходот од ситуацијата и пристигнувањето на Алварез во Атлетико, што на крајот и се случи. Сепак, конечната одлука за неговиот трансфер се одложи.Тагови: Атлетико Мадрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветМигранти се обидоа илегално да влезат во Обединетото Кралство: Дури 230 луѓе го преминале Ламанш во еден чамецВо текот на ноќта, 230 луѓе во мал чамец го преминале Ламанш и пристигнале во Велика Британија, што претставува најголем број регистриран мигранти во едно пловно средство. Претходниот рекорд бил поставен минатиот месец, кога 165 луѓе пристигнале во Британија на ист начин. Вкупно 230 лица пристигнале во Велика Британија во текот на ноќта со мал чамец, објавија денеска британските медиуми. Ова е рекорден број луѓе што досега успешно го преминале Ламанш до Велика Британија со еден чамец, пренесува „Скај њуз“. Портпарол на британското Министерство за внатрешни работи изјави дека владата презема строги мерки против преминувањата со мали чамци. Migrants board packed inflatable boat near dunkirk in risky English channel crossing to UK pic.twitter.com/iVZo8zOOXN — Bizna Kenya (@biznakenya) August 10, 2026 „Оваа влада презема строги мерки против преминувањата со мали чамци, при што се бележат рекордни нивоа на депортации на мигранти кои пристигнале со мали чамци и пад од 12 отсто во бројот на барања за азил“, изјави портпаролот на британското Министерство за внатрешни работи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook