Лепа Брена го прослави 63. роденден и се пофали со првиот подарок што го добила (ВИДЕО) - Канал 5

Лепа Брена го прослави 63. роденден и се пофали со првиот подарок што го добила (ВИДЕО)

Пејачката Лепа Брена денеска го слави својот 63 роденден, а по тој повод објави на својот Инстаграм профил и го покажа подарокот кој го добила.

Лепа Брена го прослави 63. роденден и се пофали со првиот подарок што го добила (ВИДЕО)

Имено, многубројните обожаватели на Брена ѝ го честитаа роденденот преку социјалните мрежи, а сега таа објави видео и им се заблагодари на сите.

- Ви благодарам драги мои, многу бакнежи од вашата Брена - порача пејачката.

Пејачката покажала и букет рози кои најверојатно ги добила од членовите на семејството, а таа постојано се смешкала, објави Еспресо.

Инаку, како што нагласува Брена, не ги сака родендените.

-Ако некој е реален и свесен за одминувањето на времето, како мене, ќе ужива во сѐ. Имам причина да уживам, бидејќи сум свесна за сѐ што сум постигнала и имам прекрасно семејство. Сè уште размислувам реално и рационално за животот и уживам во постигнувањата и целите што си ги поставив.

- Среќна сум кога моите деца ги реализираат своите цели и кога сè оди по својот нормален тек. Среќна сум кога Боба и јас имаме свои планови. Јас функционирам според системот да пеам, но и да се опуштам (се смее). Работам, а потоа има и причина да се радувам на годишниот одмор. Инаку, јас не сум љубител на сопствените родендени, повеќе сакам туѓи и детски родендени. Единственото место каде што сакам да бидам во центарот на вниманието се моите концерти, сѐ друго ми е премногу.

Затоа сакам моите прослави да бидат што е можно помирни, без помпа и лудило. Не ми треба повеќе. Затоа овој роденден го славам со Бобо со убав ручек и фантастично вино. Добро ми одговараат годините, среќна сум – изјави Брена за Story.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче, чиракот на Заев, со кој го сменија името за провизии, зграда и стан во Дубаи, вели дека Македонија не е на продажба

Венко Филипче, чиракот на Заев, со кој го сменија името за провизии, зграда и стан во Дубаи, вели дека Македонија не е на продажба

ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче, чиракот на Заев, со кој го сменија името за провизии, зграда и стан во Дубаи, вели дека Македонија не е на продажба

Венко Филипче, чиракот на Зоран Заев, во обид да глуми патриот, поита да каже дека Македонија не е на продажба.

Но се прашуваме, каде беше Венко Филипче кога неговиот ментор Зоран Заев со него во влада го менуваа името, прифатија ултиматуми од Бугарија и ги распродаваа државните интереси.

Одговорот е многу едноставен, како министер Филипче ги користеше сите привилегии кои му ги овозможуваше власта и мудро си молчеше за сите предавства направени врз државата.

Човекот кој со својот ментор Заев, кому му ја чува фотелјата во СДС, го менуваа името и јавноста ја убедуваа дека така ќе станеме членка на ЕУ. Но, тоа што граѓаните го добија е само лажната вест со сликата од авионот, каде со дигнати палци, лажеа дека се државата ги отворила преговорите.

Тогаш Филипче гледаше провизиите за вакцините да му поминат, тендерите да врват, а кај него и Заев процентот да стигне, за сега да имаат за луксузни одмори и јахти во Грција, за згради, станови и златни визи во Дубаи.

Венко Филипче, исто така, премолче и кога неговиот ментор Заев кога го менуваа името, дека така Македонија ќе ја омажи за богата фамилија. Но, веројатно богатството го мислеле за нив, зошто единствени кои се офајдиле се токму Филипче и Заев, додека народот го осиромашија, а државата ја опљачкаа.

Затоа сега се и против се што значи развој и напредок на државата. Не сакаат во Македонија да има инвестиции од напредни технологии, индустријата да расте, рударството да се развива.

Колку и да се обидуваат СДС, Филипче и Заев да го спречат напредокот на државата, тоа нема да им успее. Граѓаните веќе ги препознаа и знаат дека нив единствено ги интересира нивниот џеб, ништо друго.

Затоа уште долго ќе останат таму каде што се, во длабока опозиција и на прагот од биолошкиот минимум.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сребро и бронза за Македонија на Балканската олимпијада по информатика во Тирана

Сите членови од македонскиот тим на Балканската олимпијада по информатика во Тирана, Албанија се враќаат со одличје.

Сребро и бронза за Македонија на Балканската олимпијада по информатика во Тирана

Од 14-ти до 20-ти септември, во Тирана, Албанија, се одржува 33-тата по ред Балканска олимпијада по информатика (БОИ 2026), а домаќин на настанот е STEM Hub Center. Македонскиот тим на овој престижен регионален натпревар во програмирање го сочинуваат натпреварувачите Владимир Грчев од Кочани, Дамјан Давков од Штип, Никола Стојковски од Скопје и Марко Кренков од Струмица, предводени од тим лидерите Благојче Павлески и Петар Ковачовски, студенти на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). Во силна регионална и меѓународна конкуренција, Владимир Грчев освои сребрен медал, а Дамјан Давков бронзен медал. Никола Стојковски и Марко Кренков, пак, освоија олимписки пофалби. На настанот проф. Миле Јованов повторно беше избран за Претседател на Балканската олимпијада во следниот тригодишен мандатен период.

Учениците кои се дел од македонскиот тим за БОИ 2026 беа избрани преку целогодишен циклус натпревари, којшто редовно се организира од Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ), а оваа година се одржуваше по 37-ми пат. Натпреварите се одржуваат преку системот mendo.mk, кој е достапен во текот на целата година за сите заинтересирани натпреварувачи, а циклусот беше организиран со поддршка на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), како и на неколку општествено одговорни компании: Сорсикс, Нетцетера и Семос едукација.

Балканската олимпијада по информатика (БОИ) е врвен натпревар во програмирање за средношколци од земји кои се наоѓаат на или околу Балканскиот полуостров, а се организира секоја година од 1993 година наваму. На овогодинешното, 33-то издание, учествуваат натпреварувачи од 13 земји-членки на БОИ заедницата (Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Кипар, Грција, Италија, Молдавија, Црна Гора, Македонија, Романија, Србија, Словенија и Турција), а како гости настапуваат и претставници на уште пет земји (Грузија, Киргистан, Саудиска Арабија, Туркменистан и Украина). Учениците се натпреваруваат индивидуално во решавање на алгоритамски проблеми во текот на два натпреварувачки дена.

Во изјавата на Претседателот на Здружението, проф. д-р Миле Јованов се вели: „Секој медал освоен на овие натпревари е потврда за трудот што нашите ученици, наставници и ментори го вложуваат во текот на целата година. Владимир и Дамјан со своите медали, а Никола и Марко со освоените пофалби, покажаа дека Македонија продолжува да произведува млади информатичари способни да се мерат со најдобрите во регионот. Ваквиот континуитет на резултати не е случаен, туку е плод на долгогодишниот систем на подготовки и натпревари што го негуваме заедно со ФИНКИ.“

Следниот настан кој им претстои на македонските ученици – информатичари, е Јуниорската балканска олимпијада по информатика (ЈБОИ 2026), која ќе се одржи од 22-ри до 28-ми септември во Сараево, Босна и Херцеговина. Следната, 34-та по ред Балканска олимпијада по информатика (БОИ 2027), ќе се одржи идната година во Турција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Две години од предавството на ЗНАМ, една љубов – тендери!

Две години од предавството на ЗНАМ, прво ја предадоа партијата, потоа гласачите.

СДСМ: Две години од предавството на ЗНАМ, една љубов – тендери!

Денеска во кино ЗНАМ прави отчет. „Две години работа. Две години резултати. Една љубов - тендери.“

Максо со неколку тендер-патриоти во кино. Веројатно филмот е: “како ја предадов партијата и гласачите за тендери”.

Тоа не е љубов кон Македонија. Тоа е љубов кон парите.

ЗНАМ се роди како проект на Мицкоски. Да ја урне СДСМ одвнатре.

Луѓе кои прво ја предадоа својата партија, а потоа ги предадоа и гласачите кои поверуваа во приказната за реформа во СДСМ.

Влегоа во власта. Станаа дел од организирана криминална група ВМРО. Станаа дел од бандата.

Сателити. Глас во Собрание. Столче во институција. Тендер во општина. Тендер во Пошта.

Резултатите ги знае народот.

Максо прво ги продаде гласачите, потоа Македонија. Потоа следуваше и плац за Лидл.

Со оглед дека има фирма во Бугарија, може себеси да се претстави како странски инвеститор.

Тоа се две години. Две години кражба, две години во кои граѓаните се држени како заложници.

Сега ќе печатат брошура и ќе шетаат во 14 градови да објаснат колку ја сакаат Македонија.

Нека објаснат колку чини столчето. Нека објаснат зошто „патриотите“ имаат бугарски пасоши и фирми.

Нека каже сега, кога знаеме дека колегите, понапредната верзија, ЗНАМ 2.0 за „реформи“, зеле 1,6 милиони, колку тој зел за првата верзија на ЗНАМ?

СДСМ не седи во нивната сала. СДСМ ги именува со нивното вистинско име.

Предавството има датум. Сега се најавува и втор датум, повторно собирање „за иднината на Мицкоски“, за неколку дена.

Следниот настан нека го прават заедно. Наместо во кино – во Бела палата. Филмот веќе го знаеме.

ЗНАМ не е движење. ЗНАМ е сателит на Мицкоски. Две години работа за бандата.

Две години и тие се дел од бандата. Една љубов, заедничка - тендер.

Доаѓа време кога предавството на Македонија ќе се мери пред суд, не пред платно.

Граѓаните не одат во кино да им честитаат што ги продале. Одат на следните избори да ја вратат државата во свои раце. А бандата да одговара.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер