Цветаноски: Распад на здравството, толку нема пари што животот на децата со имунилошки болести е загрозен
2Цветаноски: Распад на здравството, толку нема пари што животот на децата со имунилошки болести е загрозен
3Петрушевски: Специјалниот бугарски пратеник Филипче наместо молк, да го осуди преседанот во дипломатијата
Прва снимка од природно чудо: Пајакот користи мрежа за да направи пружина и ги лансира мравките побрзо од Ф1
1Прва снимка од природно чудо: Пајакот користи мрежа за да направи пружина и ги лансира мравките побрзо од Ф1
Шоу бизЛепа Брена доби отштета: Поради скршена нога на концерт и исплатија 30.000 евраБрена е позната како жена која многу се грижи за своето здравје и поради тоа редовно со го плаќа осигурување за да се заштити од несакани настани.Големата балканска музичка ѕвезда Лепе Брена кон средината на декември минатата година на концерт заработи скршеница на ногата, а како што пренесува „Курир“ поради таа повреда мегапопуларната пејачка успеала да ја наплати полиса за осигурување вредна 30.000 евра. Брена е позната како жена која многу се грижи за своето здравје и поради тоа редовно со го плаќа осигурување за да се заштити од несакани настани. Осигурителната полиса главно штити од несреќи за време поминато на работа(концерти, наспати...), како и за времето кое го поминувате на редовното патување од местото на живеење до работа. Кога станува збор за Лепа Брена, тоа се концертите и настапите, на кој во минатото мегапопуларната пејачка неколку пати се повредуваше. До 10 декември лани и концертот во Загреб, Брена се здобиваше со полесни повреди но на крајот на 2024 се се промени. При качување на бината на ногата на Брена падна камерман по што прегледите покажаа скршеница. Веднаш по концертото Брена итно беше оперирана во Загреб.Благодарение на осигурувањето од несреќен случај на Лепа Брена и биле покриени сите трошоци поврзани со медицинска помош. - Брена многу се грижи за своето здравје, живот и околности кои можат да доведат до повреди. Свесна е дека се случуваат повреди на работа и затоа со години плаќа осигурување. Ми се чини дека плаќа годишна премија од 1.000 евра и дека неодамна вратила 30.000 евра за тешка повреда што и се случила. Со тоа ги платила сите потребни трошоци за операција, лекови и рехабилитација - вели извор за српски Курир.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишен од слобода скопјанец затоа што предизвикал пожар во скопско, следува соодветна пријаваПо целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 23.06.2026 во 17:35 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.У.(43) од Скопје, лице со здравствени проблеми, постапувајќи по претходна пријава дека во с.Горно Оризари, скопско, предизвикал пожар во плевна со сено. Нема повредени лица, а Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦветаноски: Распад на здравството, толку нема пари што животот на децата со имунилошки болести е загрозенЖивотот на децата со имунолошки болести е загрозен, поради административен и институционален хаос на власта на Мицкоски.Нема медицински кадар на Детската клиника. Распад на здравствениот систем кој не може ниту за здравјето на децата да се грижи. Цената за потрошените пари во буџетот сега треба да ја платат дечињата? Кочоска се правда дека доцна пристигнало барањето за согласност за вработување. Па зошто порано не се надминале административните пречки, особено кога се работи за живот на деца? Вистината е дека согласности за вработување имало, и се барале дури од почетокот на оваа година, ама од финансии доцнел четири месеци. Нема пари во Буџетот за нови вработувања, затоа што на оваа криминална и расипничка власт не и гиржа за здравјето на граѓаните, ниту за најмладите. Овој хаос и неодговорност, оваа немаштија е на штета на децата. Детски животи се во прашање. Каде ќе се лекуваат сега овие деца со специфична болест која бара редовна контрола и терапија? Кој ја сега дели терапијата? Што треба да се случи, да почине дете поради административни пречки? Кој тогаш ќе понесе одговорност? Ова е цената на неодговорните и расипнички политики на ВМРО и Мицкоски. Кризата со немањето пари во Буџеттот граѓаните ја чувствуваат и по цена на живот. СДСМ бара веднаш да се најде решние, да се обезбедат соодветни вработувањата и да се обезбеди здравствена заштита на Детска клиника. Скраете тендери дајте пари за дечињата. Симона Цветаноски – членка на ИО на СДСМТагови: Цветаноски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПетрушевски: Специјалниот бугарски пратеник Филипче наместо молк, да го осуди преседанот во дипломатијата Специјалниот бугарски пратеник Филипче наместо молк, да го осуди преседанот во дипломатијата откако преку неговите партнери од Бугарија излезе дипломатска нота со која се наруши безбедноста на претседателот МицкоскиСпецијалниот бугарски пратеник Филипче наместо молк, да го осуди преседанот во дипломатијата, откако преку неговите партнери од Бугарија излезе дипломатска нота со која се наруши безбедноста на претседателот Мицкоски. Политичките партнери на Филипче, бугарските власти предводени од Румен Радев, кои ни го негираат македонскиот идентитет, јазик, култура и историја направија дипломатски преседан со објавување на дипломатска нота, со којашто директно се нарушува безбедноста на семејството на претседателот Мицкоски. Документот за којшто се уште нема извинување од официјална Софија, објавен е на социјалната мрежа Фејсбук, во којшто јасно се гледаат детали околу информациите за службените возила, имињата на патниците, местото во кое е сместено семејството на претседателот Мицкоски, како и радиофрекфенцијата на која комуницирале обезбедувањето. Овие сигнали којшто ги испраќа Бугарија даваат јасен знак дека патот за Македонија во ЕУ нема да биде лесен, туку ќе биде испреплетен и полн со предизвици и притисоци. И наместо осуда од специјалниот бугарски пратеник во Македонија, Венко Филипче, тој молчи и продолжува да соработува со оние коишто не не признаваат, а тоа се властите во Бугарија предводени од Румен Радев. Македонија нема да се предаде и откаже. Ваквите притисоци и уцени од соседна Бугарија ни даваат само поголем мотив на чесен, достоинствен и исправен начин да се трудиме да бидеме дел од европското семејство. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Бране Петрушевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook