Леонардо : Приоритет на ПСЖ е да го задржи тренерот Анчелоти - Канал 5

Леонардо : Приоритет на ПСЖ е да го задржи тренерот Анчелоти

Спортскиот директор на францускиот фудбалски шампион Пари Сен Жермен Леонардо со сите сили сака да го задржи предводникот на тимот Карсло Анчелоти, но се уште не се знае одлуката на италијанскиот тренер.

Леонардо : Приоритет на ПСЖ е да го задржи тренерот Анчелоти
Анчелоти во спортската јавност важи како прв пик за клупата на Реал Мадрид , како замена за контроверзниот Жозе Мурињо, кој летово ќе го напушти Мадрид и најверојатно повторно ќе го преземе кормилото на Челзи.

„Ситуацијата со Карло е идентична на онаа како на фудбалер со понуда во џеб. Наскоро ќе не информира што одлучил. Искрено ,незнам што ќе се случи, искрен е Леонардо.

Директорот на ПСЖ уште додаде.

-Сакаме од Пари сен Жермен да направиме голем клуб, кој рамноправно ќе се натпреварува во Лигата на шампионите во следните 10 години. Во моментов да ме побараа Барселона или Реал јас ќе ги одбиев. Тука имаме предизвик кој го нема во другите клубови, истакна Леонардо.
Според Леонардо токму фактот што Анчелоти по цели 19 години со ПСЖ стигна до титулата во Франција , треба да биде основа за нова зголемена доверба кон предводникот на тимот.

Анлелоти му е потребен на клубот бидејќи ПСЖ верува во него, истакна Леонардо.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потврдена средба на Трамп, Си Џинпинг и Путин в четврток во Кина

Белата куќа потврди. Следната недела во четврток во кинескиот град Шенжен ќе се одржи состанок на Доналд Трамп, Си Џинпинг и Владимир Путин, на маргините на Самитот на Азиско-пацифичката економска соработка -АПЕК.

Потврдена средба на Трамп, Си Џинпинг и Путин в четврток во Кина

Портпаролката на Белата куќа, Оливија Велс, изјави дека една од главните теми на разговорите ќе биде намалувањето на нуклеарното оружје. Претседателот јасно стави до знаење дека ќе се занимава со прашањето за намалување на нуклеарното оружје во светот. Американски претставник, кој зборувал под услов на анонимност, открил дека Трамп планира на средбата да го отвори и прашањето за Иран, а темата за Украина најверојатно нема да биде дел од трилатералните разговори, бидејќи сад водат одделни дипломатски процеси со Киев и Москва, во кои Кина не учествува. Американскиот претседател ќе отпатува во азија во понеделник, а според најавите, најпрво ќе ги посети филипините, по што ќе замине за шенжен, каде ќе се одржи самитот на АПЕК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Куба се подготвува за можен американски воен напад

Куба се подготвува за можен американски воен напад по изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кои беа протолкувани како закана за воена интервенција. 

Куба се подготвува за можен американски воен напад

Ова го изјави кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел, кој порача дека земјата е подготвена да се брани од секоја странска агресија.

„Одлучни сме да го одбиеме секој обид за странска воена агресија врз нашата земја“, рече Канел. Неговата изјава следува откако Трамп прашан дали би размислил за воена интервенција со цел да ја „ослободи“ Куба, за американски медиуми рече: „Сакам да ја решам Куба пред да си заминам“. Тој додаде дека САД внимателно ја следат ситуацијата на островот, оценувајќи дека земјата е во многу лоша состојба и дека практично е пропадната држава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кравите од Крива Паланка осамнаа во светските медиуми

Кравите од Крива Паланка го обиколуваат Светот.

Кравите од Крива Паланка осамнаа во светските медиуми

Веста дека стотици говеда шетаат слободно низ градот го објавија неколку угледни светски медиуми, како Асошиејтед прес и Еуроњуз, каде што случајот со кравите се најде во познатата рубрика „без комента“.

Медиумите наведуваат дека жителите на Крива Паланка, опишана како земјоделски град, се бори со повеќе од илјада крави кои им ги уништуваат имотите..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер