Леонардо ја поминал ноќта со нова манекенка? - Канал 5

Леонардо ја поминал ноќта со нова манекенка?

Не, одговара убавата Рокси Хорнер. - Тоа не е точно, ние сме само пријатели!

Леонардо ја поминал ноќта со нова манекенка?
The Sun напиша дека Рокси и Лео се забавувале во Лондон по што тој ја поканил убавицата во својата хотелска соба. Наводно во неговиот хотел се појавило цели друштво на Рокси, и забавата продолжила до утрото. Рокси демантира дека има нешто со Лео, со овој твит:



Having her say: Roxy hit out at rumours the pair were 'hooking up' throughout the night, tweeting in the early hours of Wednesday


- Не можеш да имаш пријател во индустријата без некој да претпостави дека тука има нешто повеќе...

Но во 2012 година, Рокси го напиша ова за Лео:


- Леонардо ДиКаприо е дефиниција за секси!

She's a fan! Back in 2012 Roxy shared her appreciation for Leo, posting a smouldering black and white shot of the star on her Twitter page and gushing: 'Leonardo DiCaprio is also the definition of sexy'



41 годишниот актер не коментира за случајот. Тој веројатно е сконцентриран на предизвикот - дали конечно годинава ќе го добие Оскарот. Дотогаш никакво деконцентрирање не му е потребно!




Back to mine? Insiders claim Leo invited Roxy back to his suite at the Rosewood Hotel at 2am, with the model and her friends seen being escorted by the actor's security to the hotel while he travelled in a separate car



/ извор: Дејли меил

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно и врнежливо време со температура до 20 степени

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, информираат од УХМР. 

Утре променливо облачно и врнежливо време со температура до 20 степени

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС)

10 Попова Шапка, 14 Крушево, 16 Лазарополе, 18 Крива Паланка, Тетово, Охрид, Претор, Берово, Маврови Анови, 19 Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Виница, 20 Битола, Велес, Штип, 21 Скопје-Петровец, Кавадарци, Струмица, 22 Демир Капија, 23 Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денеска беше променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини имаше појава на магла. Дуваше слаб до умерен ветер од јужен правец.

Попладнево ќе се задржи променливо облачно, а до крајот на денот облачноста ќе се зголеми и во текот на ноќта ќе преовладува облачно време. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 20 степени.

Во Скопје, променливо облачно, претпладне ќе има услови за појава на слаба магла. Попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во текот на новата работна седмица ќе преовладува променливо облачно и претежно стабилно време. Ќе дува слаб до умерен, а во понеделник и во вторник наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рама намерно го отстрани Курти од фотографијата од Самитот во Црна Гора (ФОТО)

Албанскиот премиер Еди Рама објави фотографија од самитот во Црна Гора каде намерно не се гледа премиерот на Косово, Албин Курти!

Рама намерно го отстрани Курти од фотографијата од Самитот во Црна Гора (ФОТО)

Рама на својот официјален Фејсбук профил објави две фотографии од Самитот на лидерите од Берлинскиот процес што се одржа во Милочер кај Будва, пренесе Телеграф. Официјалната фотографија од самитот, кој го отворија црногорскиот премиер Милојко Спајиќ и германскиот канцелар Фридрих Мерц, ги прикажува лидерите од регионот како стојат еден до друг. Курти може да се види и како стои во првиот ред недалеку од Рама, но албанскиот премиер објави уште една фотографија, зголемена, но Курти веќе го нема.

Фотографијата е отсечена токму таму каде што се наоѓал.

Албанските медиуми, меѓу кои и Бота Сот, наведуваат дека тоа не е случајно и дека се знае дека односите меѓу Рама и Курти се лоши со години, а таквиот гест на албанскиот премиер, како што велат, е едноставно продолжение на нивните несогласувања. Голема бура, сепак, се крена и во коментарите под фотографиите, каде едни го критикуваа Рама за спорната фотографија, а други го оправдаа неговиот потег.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Демонстрантите запалија полицаец во Тирана- летаат молотови коктели, солзавец, пиротехника... (ВИДЕО)

Демонстрантите фрлаа молотови коктели врз полицајците за време на протестот во Тирана.

Демонстрантите запалија полицаец во Тирана- летаат молотови коктели, солзавец, пиротехника... (ВИДЕО)

Во таа прилика, еден полицаец се запали, а неговите колеги веднаш истрчаа да му помогнат и да го изгаснат пожарот, објавува Топ ченел.

Исто така, за време на фрлањето молотови коктели, јакната на еден млад човек се запали, но тој успеа самиот да го изгасне пожарот.

Инцидентот се случи додека протестите сè уште траеја во атмосфера на тензии и конфликти, со фрлање пиротехнички средства и употреба на солзавец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер