3Ристески: Младите во фокус на Оперативниот план, ќе бидат опфатени најмалку 5.808 млади лица или 56,1% од вкупниот опфат на планот
Шоу бизЛеонардо Дикаприо жали за улогата што му ја препуштил на Марк Волберг во 90-титеЛеонардо Дикаприо „не може да замисли никој друг освен“ Марк Волберг во „Буги-ноќи“ ('Boogie Nights'), но сепак жали што не глумел во oвaa филмска класика.Волберг, сега 54-годишен, се прослави со улогата на Еди Адамс / Дирк Диглер во филмот на Пол Томас Андерсон од 1997 година. Но, улогата првично му била понудена на Дикаприо, кој тогаш ја одбил бидејќи веќе потпишал договор да глуми во „Титаник“ на Џејмс Камерон. Леонардо Дикаприо (50) и Томас Андерсон конечно се здружуваат за филмот „Една битка по друга“ ('One Battle After Another'). Во новото интервју за изданието „Маверикс оф Холивуд“ - а, по повод објавувањето на нивниот заеднички филм, Дикаприо му призна на режисерот Андерсон, дека му е жал затоа што не глумел во „Буги-ноќи“. - Ќе го кажам ова, иако си тука: Најмногу ми е жал за тоа што не учествував во „Буги-ноќи“. Тоа беше длабок филм на мојата генерација. Не можам да замислам никого, освен Марк во него. Кога конечно го гледав тој филм, едноставно си помислив: Ова е ремек-дело! Иронично е што ти си личноста што го поставува тоа прашање... Но, ова е вистината, рече американскиот глумец. Инаку, Волберг и Дикаприо, заедно работеа и пред и после „Буги-ноќи“ - во филмот „Кошаркарски дневници“ ('The Basketball Diaries', 1995) и оскаровскиот „Починатите“ ('The Departed', 2006). Волберг говореше за нивното „специфичното мислење еден за друг“ пред снимањето во 90-тите, во интервју за „Екстра“ пред извесно време - на почетокот, пред да почнат да се дружат. - Откако конечно стигнав до точката каде што можев да одам на аудиција и да читам со него (Дикаприо), тогаш и двајцата се погледнавме, па си рековме: „Уоу!“ Излеговме уште таа вечер и прилично брзо станавме пријатели, вели Волберг. Во „Една битка по друга“, Дикаприо глуми спроти уште еден „Оскаровец“ - Шон Пен. Во споредните улоги ќе ги видиме Бенисио дел Торо, Тејана Тејлор, Чејс Инфинити, Реџина Хол и други познати лица. Тагови: Леонардо ДиКаприо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСтартува Културното лето на Кисела Вода!Под слоганот „Кисела Вода - најстарата скопска приказна, 71 година културен печат на градот“, вечерва во 20 часот, официјално започнува големото Културно лето во организација на Општина Кисела Вода. Во следните три фестивалски дена, публиката ќе има можност да ужива во богата програма и настапи на еминентни македонски, но и големи балкански музички ѕвезди. Свеченото отворање на манифестацијата ќе се одржи вечерва во населбата Драчево, на локацијата кај Крстот. Програмата започнува во 20 часот со настап на КУД „Китка“, по кои концерт ќе одржи Андријана Петрушовска. Потоа, пред публиката ќе настапи ансамбл специјално создаден за оваа пригода, составен од ученици од основните општински училишта од Драчево, ученици од ЕМЦ „Наши ноти“ и ученици од традициската насока при ДМБУЦ „Илија Николовски - Луј“, сите под менторство на Вера Милошевска Јосифовска и групата „Љубојна“. Првата фестивалска вечер ќе ја затвори Никола Станишиќ. По вечерашното отворање, за време на викендот, односно во сабота и недела, забавата продолжува во паркот Расадник каде ќе настапат Лозано, големата балканска ѕвезда Војаж, популарното дуо „2Бона“, раперот Таско, Влатко Миладиновски, ДЈ Марио Трампет и ДЈ Доријан , како и млади бендови и талентирани ученици. Низ трите фестивалски дена и богатата музичка програма, публиката ќе ја водат водителите Миро Кацаров и Кристина Димитри. Општина Кисела Вода ги поканува сите граѓани да бидат дел од оваа значајна културна манифестација.Тагови: Кисела Вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАлиу: Европски средства за подобро здравство11:07Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22Мицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11Мицкоски до Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла12:36Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00
Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22
Мицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11
Мицкоски до Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла12:36
Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00
МакедонијаЉутков: Две години системски реформи – културата и туризмот повторно станаа државен приоритетЉутков денеска на прес-конференција во Владата ги презентираше резултатите од работењето во изминатите две години.Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска на прес-конференција во Владата ги презентираше резултатите од работењето во изминатите две години, истакнувајќи дека Министерството успешно ја стабилизираше состојбата во културата и туризмот, спроведе клучни системски реформи и реализираше значајни инвестиции, со цел овие две области повторно да станат стратешки двигатели на развојот на државата. Тој нагласи дека во изминатиот период фокусот бил ставен на воспоставување системски пристап, наместо краткорочни решенија, преку стратешко планирање, законски реформи, финансиска стабилизација и капитални инвестиции. Љутков посочи дека по преземањето на раководењето со Министерството во 2024 година наследен е долг од 273 милиони денари по основ на плати во националните и локалните установи, како и институционален систем без јасни стратешки насоки. Со првиот ребаланс на Буџетот биле обезбедени средства за сервисирање на наследените обврски, дополнителни 71 милион денари за програмски активности и над 78 милиони денари за инфраструктурни проекти во општините. Во завршна фаза се Националната стратегија за развој на културата, Националната стратегија за културно наследство и Националната стратегија за развој на туризмот, а паралелно се подготвуваат измени на повеќе системски закони од областа на културата, културното наследство, филмската дејност и авторските права. За првпат е воведен моделот на делегиран буџет во националните установи, кој годинава се применува во 28 институции, овозможувајќи поголема автономија, подобро планирање и поефикасно управување со јавните средства. Особено значајно е зголемувањето на средствата за Годишната програма во културата од 768 милиони денари во 2023 година на 1 милијарда и 71 милион денари во 2026 година, што претставува раст од речиси 40 проценти. Истовремено, сопствените приходи на националните установи се зголемени за повеќе од 150 проценти во споредба со 2023 година. Во изминатите две години реализирани се 320 нови вработувања и 35 унапредувања во националните установи, а за првпат е воспоставен и отворен конкурс за мобилност, преку кој македонските културни работници се усовршуваат во престижни академии и културни институции во странство. По седум години повторно е реализиран конкурсот за креативни индустрии, преку кој за две години се поддржани 108 проекти, а започнато е и национално мапирање на креативните индустрии како основа за првата национална стратегија во оваа област. По речиси една деценија обновен е и откупот на ликовни дела, при што се откупени 37 дела од значајни македонски автори во вредност од 6,6 милиони денари. Во областа на филмската дејност, буџетот на Агенцијата за филм е зголемен од 100 милиони денари во 2024 година на 187 милиони денари во 2026 година, што претставува раст од 87 проценти. Со законските измени ќе се обезбедат и дополнителни средства од игрите на среќа за развој на домашната филмска продукција. Министерот информираше дека во делот на капиталните инвестиции, средствата се зголемени од 230 милиони денари во 2023 година на 485 милиони денари во 2026 година, што претставува раст од над 110 проценти. Во тек се реализација или завршни активности на повеќе капитални проекти, меѓу кои Театарот во Струмица, реконструкцијата на киното „Партизан“ во Битола, новите простории на Џез оркестарот, реконструкцијата на Македонскиот народен театар и Универзалната сала, како и повеќе културни објекти низ државата. Министерот информираше дека значително е интензивирана и заштитата на културното наследство преку инвестиции во археолошки локалитети, реконструкција на споменици на културата, продолжување на проектот за возобновување на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник и воспоставување национален дигитален регистар на културното наследство. Осврнувајќи се на меѓународната соработка, Љутков истакна дека средствата за оваа намена се зголемени за 40 проценти, што овозможи засилена меѓународна афирмација и презентација на македонската култура. Македонските национални институции и уметници успешно настапија на ЕКСПО во Осака, Венециското биенале и на бројни престижни сцени и фестивали во Европа. Во областа на туризмот, буџетот е зголемен од 58 милиони денари во 2023 година на 186 милиони денари во 2026 година, што претставува раст од повеќе од 200 проценти. Отворени се нови пазари во соработка со туристичкиот сектор, а во завршна фаза е Националната стратегија за развој на туризмот со акциски план, која треба да ја позиционира Македонија како конкурентна европска туристичка дестинација. Според Љутков, од вкупно 98 проекти и мерки предвидени во Владината програма во делот на културата, реализирани или во тек на реализација се 73, што претставува исполнетост од 72 проценти. „Ова не е само отчет за две години работа. Ова е доказ дека со визија, одговорност и системски пристап се поставуваат цврсти темели за посилни институции, подобро заштитено културно наследство, поконкурентен туризам и одржлив развој на културата“, порача на крајот на денешната прес-конференција министерот Љутков.Тагови: Зоран Љутков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРистески: Младите во фокус на Оперативниот план, ќе бидат опфатени најмалку 5.808 млади лица или 56,1% од вкупниот опфат на планотПродолжува информативниот караван за презентација на мерките од Оперативниот план за вработување за 2026 година, денес средби во Куманово, Гевгелија и Кавадарци.Во Куманово пред поголем број заинтересирани невработени лица се дискутираше за можностите, деталите и начинот за аплицирање на трите јавни повици од мерката за самовработување (претприемништво). Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески се осврна за мерките во Оперативниот план кои се директно наменети за младите лица, каде тие имаат историски голема вклученост. - Младите се во фокус на Оперативниот план, им даваме голем број на можности да се реализираат на професионален план, а со тоа и да останат дома и да го намалиме трендот на иселување. Покрај мерките за самовработување, каде во подмерките се предвидени средства за 1.158 млади лица, тие се вклучени и имаат предност во сите останати мерки. Во мерката „Поддршка за креирање на нови работни места“ за компаниите најголема поддршка во висина од 250.000 денари се предвидени за вработување на млади лица, преку мерката „Младински додаток“ поддржуваме 3.500 млади лица до 23 години кои работат во производни капацитети со додаток во износ од 3.000 денари месечно, за 1150 лица до 29 години финансиска поддршка за практиканство и многу други мерки. Младите се во фокус на Оперативниот план и во истиот е предвидено да се вклучат најмалку 5.808 млади лица до 29 години или 56,1% од вкупниот опфат – кажа Ристески. Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски ги повика жителите на општина Куманово да аплицираат на јавните повици од мерката „Самовработување“ и да добијат грантови од 7.000 до 10.000 евра за отворање на сопствен бизнис. Јавните повици за овие мерки се активни до 3 јули 2026 година. Сите невработени лица заинтересирани можат да добијат детални информации за мерката во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Македонија, контакт центарот 02-3111-850 и веб-страната www.av.gov.mk.Тагови: Марјан Ристески Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter