Леонардо ДиКаприо откри што нема да заборави во неговата кариера - Канал 5

Леонардо ДиКаприо откри што нема да заборави во неговата кариера

Во својата долга кариера, Леонардо ди Каприо соработуваше со бројни режисери и отелотвори различни легендарни ликови, но од сите негови актерски искуства, никогаш нема да заборави една работа.

Леонардо ДиКаприо откри што нема да заборави во неговата кариера

За време на интервјуто за IGN, актерот откри момент од филмот „Фати ме ако можеш“ од 2002 година, кој оставил голем впечаток кај него. Во филмот, Ди Каприо го играше добро познатиот измамник Френк Абигнејл. Иако актерот во тоа време се обидувал да премине во улоги на повеќе возрасни, тој се согласил да го глуми тинејџерот бидејќи бил заљубен во Френк Абигнејл и верувал дека тој е интересен лик.

„Фати ме ако можеш“ беше и првата соработка на актерот со режисерот Стивен Спилберг и актерот Кристофер Вокер, кој го играше таткото на неговиот лик во филмот. „Отсекогаш сум сакал тој да го глуми мојот татко“, изјави Ди Каприо. "Тој зрачи со посебна енергија. Тоа е како да има способност да чита космички пораки и тоа се рефлектира во неговата глума".

"Тој е различен од сите други и мислев дека е одличен за улогата. Мислам дека отелотворува уникатен лик. Ме потсети на Вили Ломан во Смртта на продавачот или нешто слично. Френк Абигнејл постариот беше тажен човек. Неговиот дух беше скршен“, додаде актерот.

Кога актерот го прашале која сцена со Вокен особено го импресионирала, тој се присетил на моментот за кој верува дека засекогаш ќе остане врежан во неговото сеќавање.

„Имав сцена со него што е едно од најнезаборавните искуства во мојата кариера - не знам дали се сеќавате на сцената, но тоа е сцената кога одам дома да го видам татко ми, а потоа тој почнува да зборува за мајка ми. И одеднаш тој само почнува да воздивнува“, се присетува ѕвездата на „Враќање“. „Седев спроти него кога почна да го прави тоа и беше сосема неочекувано. Тоа го немаше во сценариото“.

Ди Каприо рече дека бил во шок бидејќи мислел дека Вокен има срцев удар и за малку ќе престанел да снима за да му помогне.

"Тоа е само доказ за тоа каков одличен актер е. Ме воодушеви. Тоа беше едно од оние искуства кога толку длабоко се претопуваш во светот на филмот што почнуваш да мислиш дека тоа е реалност", откри Ди Каприо.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер