По моштите на Самоил, во Бугарија пристигна и чесната глава на Св. Климент – коинциденција или тенденција?
Осудениот адвокат Стафа тврди дека не му дал пари на судијата Ристов и оти признал вина од страв и под притисок
1По моштите на Самоил, во Бугарија пристигна и чесната глава на Св. Климент – коинциденција или тенденција?
2Осудениот адвокат Стафа тврди дека не му дал пари на судијата Ристов и оти признал вина од страв и под притисок
3Груби за една недела излегува од куќен притвор, нуди гаранција над 335.707 евра за враќање на пасошот
Вакцините против сезонски грип до крајот на месецов - доцнат поради глобален проблем во производството
2Вакцините против сезонски грип до крајот на месецов - доцнат поради глобален проблем во производството
Шоу бизЛеонардо Дикаприо на Беверли Хилс го прославија 48 роденденХоливудскиот заводник, мегапопуларниот актер Леонардо Дикаприо го прослави својот 48 роденден со голема забава во Беверли Хилс. На роденденската забава на популарниот Лео присуствуваа многу познати фаци - од музичари, актери до спортски легенди. На забавата во Беверли Хилс покрај неговите родители Џорџ ди Каприо и Ирмелин Инденбиркен се појавија и неговите колеги Кејт Хадсон, Бредли Купер, Рами Малек, Тоби Мегваер, Ештон Качер, Ребел Вилсон и нејзиниот вереник Рамона Агрум. Гости на џет сет роденденот беа и НБА ѕвездата Леброн Џејмс и неговата сопруга Савана, како и спортскиот агент Рич Пол. - Беше одлична забава со музика, пијалоци и храна. „Се чинеше дека сите добро се забавуваа“, изјави извор за „Пипл“. Сепак, на прославата не беше една гостинка која сите ја очекуваа. Станува збор за манекенката Џиџи Хадид, со која Ди Каприо наводно се впуштил во романтична врска по раскинувањето со поранешната девојка Камила Мороне со која беше во врска четири години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПо моштите на Самоил, во Бугарија пристигна и чесната глава на Св. Климент – коинциденција или тенденција?Со литиска поворка и црковни почести, во катедралниот храм „Св. Николај“ во Стара Загора свечено беа пречекани дел од моштите за кои од Софија се тврди дека се дел од чесната глава на свети Климент Охридски.Според бугарските медиуми, реликвијата пристигнала од грчкиот манастир „Св. Јован Крстител“ во близина на Верија, како дел од меморандумот за разбирање меѓу Бугарија и Грција за взаемно предавање историски предмети од значење. Настанот доаѓа само еден ден по трансферот од Грција во Бугарија на останките за кои бугарската страна тврди дека му припаѓаат на цар Самуил. Но, во период кога историското и црковното наследство повторно стануваат дел од регионалната дипломатија, се отвора прашањето дали овие два настани треба да се гледаат изолирано или како дел од бугарската црковна историографија која со децении се обидува да го присвои наследството на средновековната Охридска црковна традиција. За професорката Наташа Котлар не е случајно што теми поврзани со личности длабоко втемелени во македонската историска и духовна традиција повторно се отвораат од страна на Софија. -Ако се тангира историјата, бидејќи историјата е еден од најважните моменти во градењето на еден народен па и национален идентетите, покрај религијата и културата тоа значи директна негација на македонскиот целокупен идентитет, историскиот а посебно културниот. Ако тоа негирање е во функција тоа значи дека ништо не е случајно, и дека на просторот сме исправени пред сериозен офанезивен фронт, отворен за негација пред се за македонскиот целокупен идентитет и ние треба да ги градиме постапките во таа насока – вели - Наташа Котлар – Професорка. Охридската Архиепископија претставува клучен дел од историскиот идентитет врз кој се повикува и денешната МПЦ-ОА а најголемиот дел од неговите мошти се чуваат во манастирот „Св. Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, каде што се наоѓа и неговиот гроб. И свети Климент Охридски и цар Самуил се дел од веќе усогласените препораки на Заедничката македонско-бугарска историска комисија за заедничко чествување. Комисијата препорача двете држави заеднички да го негуваат споменот на свети Климент, а и чествувањето на цар Самуил да се одвива во духот на добрососедството. Такво заедничко одбележување на свети Климент веќе имаше во декември 2022 година каде тогашниот македонски министер за надворешни работи Бујар Османи и неговиот бугарски колега Николај Милков заеднички положија цвеќе пред споменикот на свети Климент Охридски во Скопје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОсудениот адвокат Стафа тврди дека не му дал пари на судијата Ристов и оти признал вина од страв и под притисокАдвокатот и поранешен правобранител Фехми Стафа кој веќе издржува 15 месечна затворска казна откако призна вина дека зел 50 илјади евра за да му ги даде на апелацискиот судија Ѓоко Ристов, денеска тврдеше дека не му дал пари на Ристов.Адвокатот и поранешен правобранител Фехми Стафа кој веќе издржува 15 месечна затворска казна откако призна вина дека зел 50 илјади евра за да му ги даде на апелацискиот судија Ѓоко Ристов, денеска тврдеше дека не му дал пари на Ристов – ниту во овој, ниту во кој било друг случај. Стафа кажа дека парите пронајдени кај него биле адвокатска награда од неговиот клиент Љупчо Пецов, а не пари наменети за судијата. Уште посериозни беа неговите тврдења за начинот на кој го признал делото. Стафа рече дека признанието го дал од страв и под притисок, откако како што рече, видел што му се случува на Ристов и стравувал дека може да помине уште полошо. -Во ниеден предмет не сум дал поткуп на судијата Ристов. Ја одбрав најблагата казна оти не сакав да ме снајде тоа што го снајде него. Кога ме лишија од слобода едениот истражител беше агресивен и ми викаше ако сакаш да се спасиш да кажеш дека 20 илјади евра треба да завршат кај Ѓоко Ристов. Парите не ги најде а тие се пријавени, а се работи за адвокатска награда. Пари 30 илјади евра ми беа дадени како заем од сестрата на Љупчо Пецов и за тоа имам писмен договор. Кога ме однесоа во обвинителството во недела утрината се појави обвинителката Искра Хаџи Василева и бараше да кажам дека парите требало да завршат кај Ѓоко Ристов а за возврат ќе бидам ослободен,- - Фехми Стафа – Сведок. Обвинителката Хаџи Василева посочи дека кредибилитет на Стафа како сведок ќе биде предмет на анализа во завршниот збор. Иако тој беше повикан во судница како сведок на одбраната а неговото претходно признание е еден од доказите во обвинението, обвинителката вели дека располага и со други докази. -Обвинителството, а во овој предмет особено, исказите на секој од сведоците ги поткрепуваше, и тоа како, со материјални, вербални и најважно од сè електронски докази, директен говор меѓу инволвираните лица, сите во оваа постапка, вклучително и Фехми Стафа, и Љупчо Пецов, и сите останати кои имаа сведочења од судови и во таа прва постапка. Значи, ние кредибилитетот на сведоците го цениме секако во текот на истрагата, меѓутоа водејќи се од кредибилитетот на секој еден сведок, како што и бива во секоја постапка, се обидувате да трагате по докази кои ќе поткрепат нечие сведочење,- изјави – Искра Хаџи Василева – Обвинител ОЈО ГОКК. Но, одбраната тврди дека такви материјални докази досега не биле презентирани пред судот. Адвокатот Давидовиќ вели дека одбраната не може да се повикува на докази кои, според него, не се изведени во постапката. -Материјални докази никаде не се прикажани, ќе мораме да ѝ веруваме на збор на обвинителката, како што ѝ веруваме во овој предмет, дека има коруптивни дејства, ама ниту еден предмет од каде е примен поткуп за судијата Ѓоко Ристов, па ќе мораме на збор да ѝ веруваме, пошто ни во тој предмет тие докази не се изведени. Ако обвинителството, како државен орган на кому му стојат на располагање сите можни државни институции — еден огромен апарат за присила и репресија — го злоупотребува тоа право, тогаш не им се пишува добро на граѓаните,- изјави – Звонко Давидовиќ – Адвокат на Ѓоко Ристов. Во сведочењето Стафа посочи и дека Ристов не одлучувал сам, туку бил дел од судски совет, па праша зошто во овој случај обвинет е само тој. А дали има предистрага и за други судии од Апелација, обвинителката не открива. Судењето против апелацискиот судија Ѓоко Ристов продолжува во четврток на 8 октомври кога како сведоци во судница треба да се појават неговите родители. Тагови: Ѓоко Ристов Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГруби за една недела излегува од куќен притвор, нуди гаранција над 335.707 евра за враќање на пасошотАртан Груби од 13 октомври ќе се брани од слобода – поранешниот прв вицепремиер кој е второобвинет во случајот со милионски злоупотреби во Државна лотарија, за точно една недела отсега ќе излезе од домашен притвор. Според судот, истекувањето на законските рокови во кои тој може да остане во притвор, се главна причина зошто оваа мерка престанува да важи. -Обвинителниот предлог, по кој е заведен кривичниот предмет, е поднесен на 13 август 2026 година. Согласно член 470 од Законот за кривична постапка, притворот може да трае најдолго 60 дена од денот на поднесувањето на обвинителниот предлог. Заради тоа, како што беше посочено и претходно, а истото беше потенцирано и од страна на судијата кој постапува по предметот, по сила на Законот, мерката куќен притвор за овој обвинет истекува на 13 октомври 2026 година,- – Кривичен суд Скопје. По 13 октомври Груби ќе биде на слобода, но пасошот и натаму ќе му биде одземен, како мерка која што ќе продолжи да важи и по истекувањето на мерката домашен притвор. Сепак, одбраната веќе понудила гаранција од над 330.000 евра во недвижен имот за да му биде вратен пасошот. На потег се обвинителството и судот. -Одбраната понуди недвижен имот во вредност од 335.707 евра како гаранција дека обвинетиот ќе биде достапен на органите на прогонот во текот на кривичната постапка. По понудената гаранција е оформен предмет, кој е доставен на мислење до надлежното јавно обвинителство. По добивањето на мислењето, Кривичниот совет ќе постапува по предлогот,- – Кривичен суд Скопје. Случајот со злоупотреби во Државна лотарија од 9,7 милиони евра е во фаза на испитување на сведоци на обвинителството, а првообвинет е поранешниот директор на лотарија Перпарим Бајрами, кој како и Груби на почетокот од оваа постапка беше во бегство. Покрај Бајрами и Груби пак, за предметот државна лотарија на обвинителната клупа се уште шестмина други лица. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook