СДСМ: Клековски ги празни базените што ги отвори Мицкоски, а единствениот ПЕТ-скенер стои без суровини
1СДСМ: Клековски ги празни базените што ги отвори Мицкоски, а единствениот ПЕТ-скенер стои без суровини
Шоу бизЛеонардо ДиКаприо ќе загинел пред средбата со Путин: Се запали моторот на авионот (ВИДЕО)Актерот Леонардо ди Каприо двапати речиси загинал на пат кон Русија, каде што отишол да се сретне со претседателот Владимир Путин за да разговара за заштита на загрозените тигри.Сепак, патувањето на Ди Каприо се претворило во лошо искуство бидејќи неговиот авион „Делта ерлајнс“ морал принудно да слета веднаш по полетувањето од Њујорк. Неговото второ возење со авион за малку ќе завршело трагично, а Ди Каприо за сето тоа зборувал во 2016 година во интервју со Елен Деџенерис. „Погледнав низ прозорецот и видов дека еден од моторите експлодира. Се претвори во огнена топка. Јас бев единствениот човек што го виде и мислев дека веќе сум умрел и отидов во рајот бидејќи никој ништо не кажуваше.“ „Почнав да врескам и да прашувам што се случило, а потоа стјуардесата ми рече дека имаме проблем.“ Авионот бил принуден да истовари гориво 45 минути пред принудно да слета. „Сите гуми експлодираа. Тоа беше уште една неволја“, рече тој. Ди Каприо на крајот стигнал среќен на својата дестинација, но подоцна им објаснил на медиумите дека, иако Путин сметал дека тој е многу интересен, со него разговарал само за благосостојбата на животните, а не и за политика. Сепак, актерот напомена дека со задоволство би го играл Путин доколку некогаш се сними филм за него. Да потсетиме, Ди Каприо неодамна донираше дури 10 милиони долари за помош на Украина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАнгелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19Армијата го слави 34. роденден08:35Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
МакедонијаСДСМ: Клековски ги празни базените што ги отвори Мицкоски, а единствениот ПЕТ-скенер стои без суровиниЕдинствениот државен ПЕТ-скенер не работи повеќе од еден месец.Онколошките пациенти повторно чекаат, повторно се праќаат на приватно, повторно плаќаат илјадници евра за дијагностика без која не може да се води терапија. Министерот Клековски вечерва објаснува дека скенерот „не е расипан“, туку дека за време на редовен сервис откриле проблем со циклотронот, дека нема суровини, дека маслото е во рестриктивен режим, дека треба дозволи од Белгија и Америка, дека Муцунски лично се јавува во Брисел. Ова не е објаснување туку признание за аматерски пристап кон единствената јавна дијагностика од овој тип во државата. Циклотронот и ПЕТ-скенерот се еден систем. Без радиофармацевтик скенерот е мртва машина. Проблемот да се открие дури кога апаратот веќе е во сервис значи дека нема постојано следење, нема залиха на критични материјали, нема план Б. Кога станува збор за нуклеарна медицина и за пациенти со рак, таквото „ќе видиме кога ќе дојде сервисерот“ е неодговорност. Пациентите не можат да чекаат извозни дозволи. Полуживотот на материјалот е краток. Тоа го знае секој што се занимавал сериозно со оваа област. Во исто време Владата сече ленти на базени. Премиерот ги отвора. Потоа министерот за здравство ги повикува граѓаните да ги испразнат базените и коритата поради западнонилската треска. Слика на целосен циркус: пари и камери за објекти кои потоа се празнат, а за единствениот ПЕТ-систем во земјата нема ни основна залиха и превентива. Сериозен пристап изгледа поинаку. Прво, договорот за одржување не е формалност. Мора да опфаќа и циклотрон и скенер, со задолжителна залиха на критични потрошни материјали и со рокови што не зависат од „ќе се јавиме во Брисел“. Второ, алтернативното снабдување со радиофармацевтик од соседните земји се активира веднаш, не по еден месец застој. Трето, јавноста и пациентите добиваат точен датум и број на чекање, а не изјави дека „многу скоро ќе објавиме кога ќе почнеме“. Сериозна влада планира, а не се фали со бројки од минатата година додека оваа година системот стои. Ова не е технички инцидент туку начин на управување. Пациентите со малигни заболувања не се ставка што се решава кога ќе се сети министерот. Тие имаат право на дијагностика во јавното здравство, на време, без да продаваат имот за приватен преглед. Додека трае овој застој, одговорноста е јасна. Не кај сервисерот. Кај оние кои две години управуваат со системот и повторно дознаваат за проблемот дури кога машината веќе не работи. Скопје, 19.08.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАнгелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19Армијата го слави 34. роденден08:35Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
МакедонијаГ. Скопје: 115 средношколци од Скопје заминаа во Охрид на бесплатен наставно-научен едукативен кампДенес започнува бесплатниот наставно-научен едукативен камп во Охрид, наменет за ученици од средните училишта во Скопје.Првата смена, составена од 115 ученици, утрово замина за Охрид, каде во текот на престојот ќе имаат можност да стекнат нови знаења и вештини, да истражуваат, да развиваат нови интереси и да создаваат нови пријателства. Целта на кампот е младите да го поминат летниот период на креативен и едукативен начин, преку активности кои ги поттикнуваат нивната љубопитност, критичкото размислување, тимската работа и личниот развој. Во рамки на програмата се предвидени научно-истражувачки работилници, едукативни предавања, интерактивни дискусии, тимски проекти, културни и креативни активности, како и спорт и рекреација. Особено внимание ќе биде посветено на развојот на лидерските, комуникациските и презентациските вештини. Учениците ќе имаат можност да работат во тимови, да разменуваат идеи, да ги претвораат своите замисли во конкретни проекти и да стекнуваат поголема самодоверба. Покрај едукативната програма, учесниците ќе имаат можност да го запознаат богатото културно и историско наследство на Охрид, да разменуваат искуства со своите врсници и да создадат нови пријателства и спомени. Од 25 до 31 август, во Охрид ќе престојува и втората смена, составена од дополнителни 115 ученици. Инвестицијата во младите е инвестиција во иднината на целото општество. Затоа, создавањето можности за квалитетно образование, развој на вештини и поттикнување на младите да ги препознаат и развиваат своите потенцијали останува еден од клучните приоритети.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПочна првиот уписен рок на УКИМ: Идните бруцоши ги предадоа документите на факултетитеИ денеска продолжува уписниот рок на државните факултети.Дел од идните бруцоши вчера ги поднесоа документите на факултетите во рамките на првиот уписен рок на државниот универзитет „св. Кирил и Методиј“. На располагање се вкупно 8.851 слободно место на 23 факултети, при што намалувањето на квотите е направено врз основа на потребите на пазарот на трудот. Тагови: УКИМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter