СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општина
2СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општина
ЖивотЛеонардо да Винчи знаел за гравитацијата пред Њутн, покажува новата анализа (ФОТО)Иако Исак Њутн бил првиот што ја формулирал теоријата за гравитација во втората половина на 17 век, основните аспекти на гравитационата сила биле забележани и од Леонардо да Винчи, повеќе од сто години порано, според новото истражување.Научниците ги анализирале дијаграмите во сега дигитализираните скици на Леонардо и забележаа дека претставите на триаголниците кои ја покажуваат врската на различни видови на движење укажуваат на гравитациската константа. Имено, Леонардо го проучувал истекот на песок од сад. Тој сфатил дека ако песокот се влече по хоризонтална рамнина со иста брзина како и силата што ги влече зрната, тој ќе формира хипотенуза на триаголник. Ова разбирање на промената на брзината на објектот додека паѓа е клучен чекор во пронаоѓањето на гравитациската константа на Земјата. „Пред околу 500 години, преку серија генијални експерименти, Леонардо да Винчи се обиде да ја разоткрие мистеријата на гравитацијата и нејзината поврзаност со забрзувањето“, пишуваат научниците во истражувањето, а пренесува Science Alert. Гореспоменатата гравитациска константа подоцна ќе ја искористи Њутн за да ги дефинира законите на движење (вклучувајќи ја и гравитацијата) и Алберт Ајнштајн во неговата општа теорија на релативност. Се чини дека Леонардо знаел дека нашол нешто важно, но не бил сигурен што точно, бидејќи ги прифатил претпоставките за континуирана сила (потик). Според теоријата на поттик, кога иницијаторот на некое дејство придвижува тело, тој му влева одреден поттик, односно сила која му овозможува на телото да се движи во одредена насока; без разлика дали е горе, долу, странично или кружно. Во тоа време, концептот на инерција, односно континуирано движење на телото во една насока додека не наиде на спротивна сила, сè уште не бил познат. Иако имало грешки во неговите пресметки, новата анализа на експериментите на Леонардо открива дека неговиот алгоритам, во споредба со современите методи и равенки, ја покажува гравитациската константа („g“) со 97% точност. „Ако тој го спроведе експериментот од неговите скици, тогаш веројатно е првиот човек кој свесно го генерирал ефектот на силата „g“ без објект при слободен пад“, пишуваат научниците. Треба да се забележи дека Њутн сам не го смислил својот закон за гравитација. Во 1604 година, Галилео ја препознал врската помеѓу движењето во слободен пад и времето, а самиот Њутн дал одредена заслуга за откритијата на Булијалд и Борели. „Не знаеме дали Леонардо извршил понатамошни експерименти и подетално ја истражувал оваа тема. Но, фактот дека тој се справил со овој проблем на самиот почеток на 16 век покажува колку тој бил пред своето време“, рече инженерот Мортеза Гариб од Калифорнискиот институт за технологија. Истражувањето под наслов Leonardo da Vinci’s Visualization of Gravity as a Form of Acceleration е објавено во списанието Леонардо.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22
СветДеветмина загинати во пад на приватен авион во Флорида (ВИДЕО)Девет лица загинаа во пад на приватен авион во округот Палм Бич, Флорида. Авионот „Лирџет 60“ летал од Остин, Тексас, кон Бахамите. Се урнал на прометна сообраќајница, при што се создал длабок кратер и избувнал голем пожар.Непосредно пред несреќата, пилотот пријавил насобирање мраз на авионот. Потоа упатил повик за помош, предупредувајќи дека леталото брзо ја губи висината. Според податоците од следењето на летот, авионот изгубил 27 илјади стапки за една минута. Во областа имало и бури, но не е познато дали тие придонеле за несреќата. Околу 600 жители од блиската населба биле евакуирани поради оштетувањата. Несреќата ја истражуваат американските воздухопловни власти. Тагови: флорида Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Специјалитет со свинско филеВо понеделник (26.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Цаки - КисмиСостојки за денешниот рецепт: 1500 гр. свинско филе 1 кг. свежи печурки буковки 200 гр. путер 100 гр. сенф 150 гр. мед 500 мл. кисела павлака сол, бибер лук во прав италијанска (тајланска) мешавина Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22
МакедонијаСДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општинаМицкоски се обидува да си обезбеди алиби за предвремени избори.Наводната кавга со ВЛЕН поради губењето во Брвеница е само димна завеса. Oпштина не може да биде покритие за голем проблем како Алта банка. Сè почна да се одмотува. Вистината излегува на површина. Мицкоски бара спас во предвремени избори во надеж дека ќе може да избегне одговорност за криминалот, корупцијата, трансферот на дрога преку граница и учеството во криминалната организација заедно со Вучиќ. Она што Алта банка го докажа е дека беше пералница за пари на мафијашкиот синдикат СНС-ВМРО-OКГ. Немањето пари во буџетот е доказ за хаосот во кој сега се наоѓа оваа банда на власт. Парите веќе не стигнуваат ни за пензии. Овој мафијашко кршење на Алта банка ќе доведе до рушење на финансискиот систем. Она што му останува на Мицкоски, без да признае, се вонредни избори и теми што ќе бидат националистички и популистички. Поделба на народот. Сеење меѓунационална омраза. Сè е спремно. Латас веќе тргна во кампања. Остатоците од БИА што ќе помагаат да се остварат плановите од руската агенда. Сателитите како Левица и ЗНАМ 2.0, предводени од екипата што ја рушеше СДСМ, чекаат знак од Мицкоски и ќе се претстават во ново одело. Одело на опозиција на далечинско. Граѓаните гледаат. Касата се празни. Бандата се тресе. Алибито со Брвеница не држи. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22