Гаши на Парламентарниот Самит на ПС на НАТО во Истанбул: НАТО мора да остане силен и подготвен за брза реакција
2Гаши на Парламентарниот Самит на ПС на НАТО во Истанбул: НАТО мора да остане силен и подготвен за брза реакција
ЗабаваЛео и младата Италијанка уживаат на одморХоливудскиот актер Леонардо ди Каприо повторно е во центарот на вниманието на јавноста поради љубовниот живот. Неговата нова врска со 24-години помладата италијанска манекенка Викторија Черети предизвика многу шпекулации и контроверзии. Неодамна се појавија гласини дека 50 годишниот Лео и младата Италијанка веќе се вериле, но во исто време се појавија коментари за нивната значителна разлика во годините. Многумина забележаа дека големиот холивудски заводник обожува многу помлади манекенки , а неговата врска со Викторија дополнително го потврдува тоа. Лео и убавата Вики сега покажаа како вистински уживаат на заедничкиот одмор, без разлика на медиумите кои секојдневно пишуваат за нивата разлика во години Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови, очекуваме бројот да достигне до 3,5 милиони патници .Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на ефектите на субвенциите во авио сообраќајот, последните информации од страна на вицепремиерот дека се очекува 3,5 милиони патници во Македонија годинава, дали овој фонд ќе се зголеми и дали се разговара со „Визер“ за продолжување на оние сезонски летови до Сардинија и Сицилија, за коишто има голем интерес ова лето, изјави: „Политиката на субвенционирање на авиолинии и отворање на нови, продолжува. Отворивме неколку, десетици такви би рекол, во изминативе две години и тоа е резултатот. Бројката оваа година очекуваме да достигне до 3,5 милиони патници. Веќе двоцифрен број проценти аеродромите забележуваат зголемување. Во одредена мера, да речеме скопскиот имаше и до 30% зголемување споредено со истиот период од минатата година. Така што продолжуваме со оваа политика на отворање на нови авиолинии и онаму каде што има интерес ,како што вие ги споменавте дестинациите, продолжуваме со поддршка на тие линии. За нас тоа е многу важно и како држава планираме да бидеме регионален хаб од каде што ќе може да се поврзат граѓаните од регионот со останатите дестинации во Европа, па зошто да не и во светот. И она коешто сакам да кажам, во услови на најголема светска криза, енергетска, во услови кога сите ги затвараат своите граници, ние со керозин од Македонија, снабдувавме неколку регионални аеродроми од тука.“истакна македонскиот премиер Мицкоски. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГаши на Парламентарниот Самит на ПС на НАТО во Истанбул: НАТО мора да остане силен и подготвен за брза реакцијаПретседателот на Собранието, Африм Гаши, се обрати на Парламентарниот Самит на Парламентарното Собрание на НАТО (ПС на НАТО), што на 28 и 29 јуни 2026г. се одржува во Истанбул, Турција. Во делегацијата што ја предводи претседателот Гаши, се и пратеникот Драган Ковачки, шеф на Делегацијата на Собранието на РМ во ПС на НАТО, како и Ибуш Јусуфи, заменик генерален секретар на Собранието. Парламентарниот Самит на ПС на НАТО, на кој учествуваат претседатели на парламенти на земји членки на НАТО, како и шефови на парламентарните делегации во ПС на НАТО, се одржува во пресрет на Самитот на НАТО, што наредната недела ќе се одржи во Анкара, Турција. Воведно обраќање на Самитот имаше претседателот на Големото Народно Собрание на Турција, Нуман Куртулмуш, кој е и домаќин на Самитот на ПС на НАТО. Тој истакна дека се соочуваме со еден од најранливите периоди од безбедносен аспект, но потенцираше дека НАТО сојузниците остро ќе се спротивстават на агресорите и дека ќе го бранат секој метар од територијата на сојузниците. Претседателот Куртулмуш, во своето обраќање, ја реафирмираше поддршката на Украина, се осврна на состојбите на Блискиот Исток и го нагласи значењето на парламентите на земјите членки во јакнењето на НАТО. Пред присутните се обрати и претседателот на ПС на НАТО, Маркос Перестрело, кој изрази благодарност за ангажманот на Турција во ПС на НАТО и за одличната организација на Самитот. Тој потенцираше дека НАТО гради посилна и поотпорна Европа како основа за посилно трансатланско сојузништво. Воедно, изрази убедување дека НАТО сојузниците на Самитот во Анкара ќе демонстрираат подготвеност да ги реализираат обврските и заложбите што ги имаат преземени за посилно НАТО. Свое обраќање имаше и заменичката генерален секретар на НАТО, Радмила Шекеринска, која оцени дека безбедносните закани и инциденти кои изминатиов период беа успешно превенирани се доказ дека НАТО е силен и ја брани сопствената територија. Затоа, додаде таа, мора да се осигураме дека НАТО одбраната ќе остане силна. Таа изрази очекување на Самитот на НАТО во Анкара, Турција, сите сојузници да дојдат со реални планови за исполнување на обврската за пет проценти од БДП да бидат инвестирани во одбраната. Претседателот Гаши во своето обраќање истакна дека во денешниот свет, обележан со неизвесност, дезинформации и геополитички турбуленции, улогата на парламентите е поважна од кога било. Тој потенцираше дека Самитот во Анкара мора да испрати силна политичка порака: НАТО е обединет, трансатлантската врска останува силна, а членот 5 и понатаму е темелот на нашата колективна безбедност. „Светот брзо се менува. Затоа НАТО мора да остане не само силен, туку и агилен и подготвен за брза реакција, со стратешка визија и процеси на спроведување кои ќе одговараат на темпото и сложеноста на заканите со кои се соочуваме “, истакна претседателот Гаши и додаде дека Македонија е сојузничка членка на НАТО, лоцирана во стратешки чувствителен регион и затоа е од суштинско значење да продолжат инвестициите во Западен Балкан преку понатамошно проширување, продлабочување на партнерствата и зајакнување на иницијативите за безбедносна соработка. Претседателот нагласи дека Македонија продолжува да ја поддржува Украина, но додаде дека и случувањата на Блискиот Исток имаат значајни последици врз меѓународниот мир и безбедност, енергетските пазари и хуманитарните услови и затоа мора да продолжат дипломатските напори за деескалација и промовирање на дијалогот. Во своите обраќања, претседателите на парламентите и претставниците на парламентите на НАТО сојузниците ја реафирмираа нивната поддршка кон Украина. На свечениот ручек се обрати претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, кој истакна дека одржувањето на овој Самит на ПС на НАТО, особено во овие тешки безбедносни времиња, е симбол на соработката и сојузништвото.Тагови: Африм Гаши Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветМачадо најави враќање во опустошената Венецуела: „Дојде време“ Венецуелската опозициска лидерка Марија Корина Мачадо објави дека наскоро ќе се врати во земјата за да им пружи поддршка на граѓаните погодени од разорните земјотреси во кои загинаа повеќе од 1.450 луѓе.Добитничка на Нобелова награда за мир, Марија Корина Мачадо, денес објави дека наскоро ќе се врати во Венецуела за да им пружи поддршка на граѓаните погодени од разорните земјотреси, нагласувајќи дека нејзина должност е да биде со својот народ. Таа во интервју за Фокс њуз изјави дека „дојде време“ да се врати во земјата. „Моја должност е да бидам со мојот народ. Треба да бидеме заедно, да се прегрнеме, да тагуваме и да тагуваме заедно“, рече Мачадо. Таа нагласи дека спасувањето човечки животи е апсолутен приоритет, како и обезбедувањето утеха и помош на сите погодени од последиците од земјотресот. „Ќе се вратам во Венецуела многу наскоро и ќе бидам заедно со венецуелскиот народ“, рече Мачадо. Мачадо, која се криеше од властите по спорните претседателски избори во 2024 година, ја напушти Венецуела во тајна операција во декември 2025 година. Венецуела беше погодена од два исклучително силни, последователни земјотреси со јачина од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала, кои се случија во интервал од 39 секунди.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРегистриран земјотрес во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар08:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:0958- годишен возач на камион загина во тешка сообраќајка на патот Прилеп- Градско 09:36
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59
Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09