КултураЛенуар: Секој што бил на ИФФК „Браќа Манаки“ од Битола се враќа со сјај во очитеСекој што бил на ИФФК „Браќа Манаки“ потоа од Битола се враќа со сјај од очите, истакна Денис Ленуар, претседател на меѓународното жири задолжено за оценување и доделување на главните фестивалски награди.На прес - конференција во фестивалскиот прес центар, Ленуар посочи дека добрата страна на фестивалот е што станува збор за голем собир на кинематографери, но и на студенти. -Прв пат доаѓам на фестивалот „Браќа Манаки“ и мора да кажам дека мислев дека овој фестивал како да е некаде скриен, но сите што се враќаа од Битола, се враќаа со сјај во очите и со коментари дека фестивалот е прекрасен. Станува збор за собир на кинематографери, но и на студенти, млади таленти и режисери, меѓу кои сега сум и јас и затоа дојдов тука. Се што досега видов тука е чудесно и прекрасно, истакна Ленуар, француски кинематографер, познат по соработката со режисерот Оливие Асајас. Во меѓународното стручно жири членува и Асја Крсмановиќ од Босна и Херцеговина, драматург, која од 2022 година ја координира Мрежата на фестивали во Јадранскиот регион. -Работиме во многу слични околности и можеме многу нешта да споделиме, да ја продлабочиме соработката и искуствата што ги имаме. На тој начин заеднички ќе влијаме на равојот на културата во регионот, посочи Крсмановиќ, која од оваа година е назначена за раководителка на „Синелинк“. По пауза од 10 години, во Битола и на ИФФК „Браќа Манаки“ доаѓа и Астрид Хојбрантнер од Австрија која како истакната кинематограферка годинава членува во меѓународното жири. -Прв пат на ИФФК „Браќа Манаки“ дојдов пред 10 години, на традиционланиот собир на ИМАГО каде имаше бројни кинематографери. Уште тогаш помислив и посакав повторно да се вратам во Битола, и еве ме повторно како членка на жирито. Се што тука се случува е инспиративно. Посебно се радувам што овој фестивал е фестивал на кинематограферите и место каде што може да се сретнат и да разговараат за својата работа. Со нетрпение очекувам да ги погледнам сите филмови од официјалната конкуренција за главните награди, нагласи Хојбрантнер, професорка на Универзитетот за музика и сценски уметности во Виена. Заедно со Ленуар, Крсмановиќ и Хојбрантнер, во жирито членуваат и македонскиот филмски режисер Мирко Панов и Валерио Карузо, директор на веб-страницата на „Синеуропа“. Тагови: Браќа Манаки Ленуар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПовторна расправа за Законот за јавни набавки во СобраниетоВо Собранието денеска исто така ќе се расправа и за законот за јавните набавки откако претседателката Гордана Сиљановска-Давкова претходно не го потпиша указот за негово прогласување.Со тоа што пратениците на 10 ноември го усвоија амандманот со кој се смени начинот на именување на претседателот и членовите на Државната комисија за јавни набавки, претседателката оцени дека ваквата измена отвора простор за неограничен број мандати и отвора прашања за владеењето на правото и концентрацијата на моќта во одлучувањето за јавните средства. Со спорниот член се предвидуваше можност за повторно именување без јасно ограничување на бројот на мандати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОд недела задолжителна зимска опрема за сите возила Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, вклучително и зимски гуми, која ќе важи до 15 март 2027 година.Обврската важи за сите моторни возила што учествуваат во јавниот сообраќај, без разлика на временските услови и дали на коловозите има снег или мраз. Возачите кои нема да ги исполнуваат пропишаните услови ризикуваат да добијат казна од 45 евра а целта на мерката е поголема безбедност во сообраќајот во текот на зимските месеци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пица вафлиВо петок (06.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Стојне Карадакоски - Баба РужаСостојки за денешниот рецепт: 120 гр. брашно 100 мл. млеко 1 јајце 2 лажици доматно пире 100 гр. кашкавал 1 прашок за пециво 1 лажиче италјански зачин или оригано 100 - 200 гр. шунка или салама 100 гр. кечап 100 гр. мајонез масло сол, бибер и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter