Лишен од слобода турски државјанин, возел на автопат со брзина од 203км/ч каде ограничена брзина е 120км/ч
1Лишен од слобода турски државјанин, возел на автопат со брзина од 203км/ч каде ограничена брзина е 120км/ч
3Трипуновски: Исполнето уште едно ветување, објавени се 5 јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште над 3 хектари
ТенисЛендл: Мареј е најдобарПрославениот чешки тенисер Иван Лендл кој е ангажиран како тренер на Енди Мареј изјави дека неговиот „клиент“ е најдобар на светот. - Во моментов нема подобар тенисер од Мареј. Новак е голем играч, има феноменални резултати последниве две-три години, но тој сега е изложен на психолошки притисок по поразите од Енди. Со двата освоени Грен Слем и олимпиското злато, шкотскиот тенисер веќе има стекнато потребно искуство и се наоѓа во резултатски подем во неговата кариера, истакнува Лендл. Според него искуство од играњето во ланското финале било пресудно Мареј да победи оваа година на Вимблдон. - Ако Мареј минатата година не играше во финалето, веројатно оваа година немаше да победи во завршницата. Тој лани во мечот со Рожер Федерер доби значајно искуство, истакна тренерот на победникот на Вимблдон 2013. /Извор: МИА/Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишен од слобода турски државјанин, возел на автопат со брзина од 203км/ч каде ограничена брзина е 120км/чНа 10.07.2026 во 15:00 часот на автопатот „Пријателство“ кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија лишија од слобода турскиот државјанин Ј.Ц.(46). При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Ј.Ц. управувал патничко возило „мерцедес“ со германски регистарски ознаки со брзина од 203 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 километри на час. Тој бил исклучен од сообраќај и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. Против него е поднесена соодветна пријава.Тагови: автопат Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветДраматично предупредување до Техеран: „Ќе бидете целосно десеткувани и уништени“Американскиот претседател Доналд Трамп денес му се закани на Иран со масовен воен одговор доколку, како што изјави, иранските власти се обидат да му извршат атентат.„Илјада ракети се натоварени и се насочени кон Исламската Република Иран, а уште илјадници ќе следат веднаш доколку иранската влада ја исполни својата закана да го убие или да се обиде да го убие сегашниот претседател на Соединетите Американски Држави, во овој случај, мене“, наведе Трамп во објава на мрежата „Truth Social“. Тој додаде дека веќе се издадени наредби и дека американската војска е подготвена „тотално да ги десеткува и уништи сите области на Иран“. Трамп вчера изјави дека оставил упатства за одговорот на Вашингтон доколку Иран успее во она што го нарече планови за негово елиминирање и рече дека во тој случај, Техеран ќе биде пречекан со одговор „каков што никогаш порано не видел“. Во интервју за Њујорк пост, Трамп рече дека наводно е цел на Иран долго време. Трамп вчера, исто така, изјави дека оставил инструкции за одговорот на Вашингтон доколку Иран успее во она што тој го нарече планови за негово елиминирање. Тагови: Доналд Трамп Техеран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТрипуновски: Исполнето уште едно ветување, објавени се 5 јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште над 3 хектариФејсбук објава на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.„Почитувани земјоделци, Објавени се 5 јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектари. Со ова исполнуваме уште едно ветување, продолжуваме со политиките за ставање во функција на секој хектар од земјоделското земјиште во корист на земјоделецот. Во рамките на Јавниот повик бр. 01/26, кој ги опфаќа регионите Битола и Прилеп, по 20-тина години приоритет при доделувањето ќе имаат сточарите, со цел развој на сточарството како една од најважните гранки во земјоделството. Сите заинтересирани земјоделци можат да се информираат за условите во подрачните единици на Министерството. Заедно создаваме посилно и одржливо земјоделство.“- стои во објавата.Тагови: Трипуновски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter