ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
1ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
МакедонијаЛенче Ристоска се уште не го добила известувањето од Савески за одземените предмети „Талир“ 1 и 2 Државниот обвинител Ненад Савески стави потпис на одлуката со која се одземаат овластувањата на обвинителите кои водат предмети што не се во нивните матични обвинителства. Испратена е до сите обвинителства во земјава, со цел, како што кажа, да се воведе конечен ред. Добар дел од предметите се за висока корупција, меѓу нив и „Талир 1“ кој се однесува за перење пари во ВМРО-ДПМНЕ и „Талир 2“ за незаконско финансирање на седиштето на партијата, кои досега ги водеше обвинителката Ленче Ристоска. Таа за Канал 5 вели дека се уште не го добила известувањето и дека дополнително ќе се произнесе по ваквата одлука на Савески. Оваа одлука предизвика и политички реакции, претседателот на СДСМ – Венко Филипче обвини дека републичкиот обвинител Савески постапувал според насоки на премиерот Мицкоски, а ваквите одлуки, според него, биле доказ. „Вие ме прашавте пред некое време зошто ние не гласавме во парламентот, еве зошто не гласавме и не му дадовме поддршка, затоа што работи под диктат на Христијан Мицкоски. Има ли поголем доказ од ова? Да се спасат предметите во кои што ВМРО-ДПМНЕ е предмет на истражување и судски процеси има ли поголем доказ?“ Премиерот Мицкоски пак рече дека нема да ја коментира одлуката на републичкиот обвинител, но вели дека јавноста очекува одговори што се однесува по предметите кои ги отворило тогашното СЈО и начинот на кои истите се воделе.. „Јас тоа го кажав и за време на пратеничките прашања во парламент – очекувам од новиот јавнен обвинител во јавноста да излезе со став за тоа како затвореникот тогашен Катица Јанева ги пренесе своите овластувања и ги оживеа пердметите од поранешното СЈО, на кој начин и како беше тоа направено? Македонската јавност, граѓаните, заслужуваат да знаат бидејќи тие ги плаќаа оние скапи, милионски хонорари за тие т.н. обвинители, кои беа дел од СЈО.“ Експертите пак сметаат дека пребргу се носат заклучоци. Универзитетскиот професор – Гордан Калајџиев, по однос на предметите Талир 1 и Талир 2 вели дека веќе се застарени и траат предолго. Во моментов нема забелшка на одлуката, но вели, ако има нешто спорно, набргу ќе се открие.. „Мислам дека тука не би можеле да најдеме сериозни замерки, работите со Ленче добија друг призвук затоа што се направи цела една таа атмосфера и целата работа ја покажува во политички контекст. Не знам дали новиот обвинител не е на некој начин упаднат во некоја замка за сите негови одлуки да се толкуваат така, мислам дека има доволно углед и интегритет, може да му се верува дека овие одлуки се донесени бона фиде(со добра намера. Ќе видиме, многу брзо ќе се покаже целата приказна, ако е ситуацијата таква, навистина да попуштил веднаш под влијание, тоа ќе се покаже многу брзо и на овој случај и на други одлуки.“ Покрај Талир 1 и Талир 2, нов обвинител од Ана Гоговска ќе ги преземе предметите за Онкологија, а веќе нов обвинител ги застапува трите предмети за полициските службеници поврзани со трагедијата во Кочани, која ги водеше Ивана Трајчева. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Цеца за фотките во бикиниБалканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело. Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците. Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца. Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати. Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија. Тагови: Цеца Ражнатовиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
ЗабаваФото: Сабаленка ужива во тангаСабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови. Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона. По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови. Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време. Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи. Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.Тагови: Арина Сабаленка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалСупер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на БаернФудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник 2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд. Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд. Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините. Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот. Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката. Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва. Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter