Ленард за враќањето на Клиперси на победничките патеки - Канал 5

Ленард за враќањето на Клиперси на победничките патеки

 Екипата на Лос Анџелес клиперс ноќеска славеа победа со 126:118 над Њујорк. По овој триумф, Клиперс се на вратија на 50 % на победи по ужасниот почеток и билансот шест победи и 21 пораз.

Ленард за враќањето на Клиперси на победничките патеки

Лидерот на Клиперс, Кавај Ленард, смета дека работата не е завршени и дека има уште многу предизвици за тимот од Лос Анџелес.

- Одлично е. Но, работата сè уште не е завршена. Сезоната не е завршена. Ова е она што се очекуваше. Како што им кажав на момците, не тренираме да губиме. Работиме напорно со цел да победуваме. Денес разговарав за ова со неколку играчи кога слушнав дека сме блиску до 50% процент на победи. Реков дека работата сè уште не е завршена. Сè уште имаме натпревари за играње. Не смееме да се опуштаме, изјави Ленард по натпреварот со Њујорк.

На 18 натпревари до крајот на сезоната, Клиперсите се наоѓаат на 8. место во Западната конференција на НБА-лигата со скор од 32-32 (победи-порази).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Комисијата за финансирање и буџет одржа средба со експерти од ТАИЕКС-проектот за независноста на НБ

На средбата беше реализирана конструктивна и плодна дискусија за прашања поврзани со независноста на Народната банка, монетарната политика и специфичните надлежности и обврски на централната банка. 

Комисијата за финансирање и буџет одржа средба со експерти од ТАИЕКС-проектот за независноста на НБ

Во Собранието, денеска, се одржа средба на претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, Сања Лукаревска, и заменик-членот на Комисијата, Мартин Стојановски, со тимот експерти на ТАИЕКС-проектот, поддржан од Европската комисија, на тема „Заштитата на независноста на Народната банка во Република Македонија“.

На средбата беше реализирана конструктивна и плодна дискусија за прашања поврзани со независноста на Народната банка, монетарната политика и специфичните надлежности и обврски на централната банка. Воедно, беа разгледани и прашања што се однесуваат на постапките за именување на гувернерот, вицегувернерите и членовите на Советот на Народната банка, како и извештаите на Народната банка и усогласеноста на националното законодавство со меѓународните стандарди и практики во областа на централното банкарство.

Претседателката на Комисијата, Сања Лукаревска, им се заблагодари на експертите за размената на искуства и добрите практики, истакнувајќи дека ваквите средби придонесуваат за унапредување на законодавната рамка и за зајакнување на институционалната независност на Народната банка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството

ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството.

Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството

Генералниот секретар на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Горан Минчев заедно со членот на ИО, Ивана Ѓорѓиевска, денес оствари работна посета на Општинската организација во Струмица, во рамки на караванот „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“.

Средбата со Извршниот одбор во проширен состав на ОО ЗНАМ Струмица беше можност за отворен разговор за актуелните состојби во организацијата, реализираните активности и плановите за периодот што следува. Беа разменети мислења за предизвиците на локално ниво, за потребата од уште посилна поврзаност меѓу членовите и за понатамошно унапредување на работата на организацијата.

Во фокусот на разговорите беа и активностите што произлегуваат од одлуките на Централниот одбор, особено изборните постапки за делегати, како и номинирањето кандидати за координативните тела на Клубот на млади и Клубот на жени. Овие процеси претставуваат важен чекор кон поголема вклученост на членството и создавање нови кадри кои ќе придонесат кон понатамошниот развој на ЗНАМ.

Караванот „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“ продолжува низ цела Македонија, со јасна цел, силни локални организации, активни членови и политики што произлегуваат од потребите на граѓаните.

Центар за комуникации и аналитика

ЗНАМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: „Ми се допаѓа Мелони, но...“ (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека му се допаѓа италијанската премиерка Џорџија Мелони, но дека за време на војната со Иран „таа не беше со Соединетите Американски Држави“.

Трамп: „Ми се допаѓа Мелони, но...“ (ВИДЕО)

„Ми се допаѓа, таа е добра личност, но не беше со нас кога стануваше збор за Иран“, рече Трамп за време на билатералната средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, одржана на маргините на самитот на НАТО во Анкара, пренесува Анса.

Трамп и Мелони претходно имаа пријателски односи, но тие се оладија по војната со Иран.

Мелони не одговори на коментарот на Трамп, пренесува агенцијата.

Извор: https://www.b92.net/info/svet/248325/tramp-o-meloni-dopada-mi-se-dobra-je-osoba-ali-nije-bila-uz-nas-kada-je-rec-o-iranu/vestБ92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер