Лекови, нови протоколи на Онкологија и подостапни контроли, бараат пациентките со рак на дојка - Канал 5

Лекови, нови протоколи на Онкологија и подостапни контроли, бараат пациентките со рак на дојка

Промена на позитивната листа на лекови, корекција на скрининг програмата, нови протоколи на Клиниката за онкологија за да се подобрат условите за пациентите, но и да се олесни работата на докторите.

Лекови, нови протоколи на Онкологија и подостапни контроли, бараат пациентките со рак на дојка

Промена на позитивната листа на лекови, корекција на скрининг програмата, нови протоколи на Клиниката за онкологија за да се подобрат условите за пациентите, но и да се олесни работата на докторите, бараат здруженијата на пациентките болни од рак на дојка. Октомври е месец за борба против рак на дојка и се одржуваат бројни активности се со цел подигнување на свеста кај жените, но и кај мажите за самопреглед и редовни контроли.

Катерина Цаневска Арсовска, новинарка и онколошки пациент вели дека државата треба поорганизирано да настапува кон онколошките пациенти, да има доволно лекари и друг медицински персонал и лекови.

- Да има доволно доктори, медицински сестри, кревети. Мора многу поорганизирано да се настапува како држава кон онколошките пациенти, кон исполнувањето на услови за нивно лекување. Кога ќе одат да примат терапија, да не се плашат дали терапијата ќе ја има или ќе ја нема. Тешко е да нема терапија за некој од Скопје, кој ќе отиде и ќе се врати, па ќе доаѓа пак, ама замислете тоа да му се случува некому што е со километри оддалечен од главниот град. Затоа треба да се обезбедат сите, најдобрите видови на терапија и да ја примаат сите пациенти, на кои тоа им е потребно. Тоа е она што неопходно треба државата да го направи како еден од првите потези, за онколошките пациенти кои се борат со најтешката болест, како и за нивните семејства, кои заедно со нив ја водат таа битка и треба да помогнат во излекувањето, ни одговори таа.

Нејзината битка, како што кажува, започнала пред една година и се уште трае.

- Мојата битка сѐ уште не е завршена. Започна точно пред една година. Не кажував никому дека се сомневам дека имам рак. Тоа траеше долго време, тоа е најголемата грешка што ја направив во животот. Мојот апел до сите жени е редовно да се прегледуваат и доколку забележат нешто сомнително, веднаш да отидат на доктор, затоа што многу полесно се лечи, отколку да го поминуваат овој пат, јас што го поминувам. До мај месец примав хемотерапија на Онколошката клиника, сподели таа со нас.

Цаневска Арсовска дознала дека има рак во периодот кога во земјата започна аферата со биолошката терапија на Клиниката за онкологија. Вели дека тоа многу влијаело на севкупната состојба и дека не знаела кому да верува.

- Тоа што можам да го кажам од моето искуство, мојата одисеја на борбата со ракот, започна токму во времето кога изби аферата за наводна онколошка злоупотреба. Надлежните органи сѐ уште немаат поведено постапка, мислам дека сѐ уште се собираат најверојатно докази во Обвинителството. Првите два дена не знаев за себе ништо кога почнав да ја примам хемотерапијата, вели таа.

Слушала, читала, не можела да поверува што се случува, не знаела кому да верува. Тоа, според неа, била најстрашната работа. Бидејќи никој не кажувал што навистина се случувало. Многу прашања, околу тоа дали онколошките пациенти примале или не вистинска терапија. Одговор на тие прашања сѐ уште нема.

Цаневска Арсовска вели дека имаме добро обучени лекари и многу добри медицински сестри. Нејзината порака до сите пациенти кои се соочуваат со шокот дека заболеле од рак, е, да не се откажуваат во ниту еден момент.

- Треба да имаш само позитивна мисла, позитивна енергија, не треба нервози. Треба добра мисла и добра волја и решителност за справување со ракот. Редовни скринизни, редовна мамографија, редовни контроли кај доктор. Нема ништо пострашно од тоа, да се крие и да се бега од вистината, порача Цаневска.

Пациентките кои се борат со рак на дојка неретко својата мака ја споделуваат во групите на Фејсбук сакајќи на тој начин да алармираат дека нешто треба да се промени.

- Денес бев на Онкологија. Шест и пол часа за примање на редовна терапија од 40 минути. Гужва вообичаена. Место за седење нема. Докторите турбо, секој сака да заврши работа, а кога ќе влезе сака да му се посвети внимание, пишува на Фејсбук една пациентка. Наведува дека и во 14:30 часот кога завршила со терапијата во ходникот пред вратата за примање терапија се уште имало гужва.

Фондот за здравство најавува поголема достапност на лекови и проширување на Позитивната листа

Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски во изјава за МИА вели дека пред некои лекови да бидат ставени на позитивната листа, треба прво да бидат регистрирани за употреба во државата. Трошокот за лекови во нашата држава, е некаде над 150 милиони евра годишно.

- Не можеме да ставиме на Позитивна листа, лек што не е донесен и регистриран во Македонија. Значи, некој треба да го донесе лекот во Македонија и да го регистрира, да биде во продажба и потоа на барање на производителот, увозникот, дистрибутерот, да ги разгледаме причините за ставање на позитивна листа, вели Клековски.

Од друга страна, додава тој, бидејќи јавните финансирања не ги покриваат сите лекови, прашање на јавна политика е, кои лекови треба да бидат финансирани.

- Моето разбирање е дека кај болестите каде има повисок морбидитет и морталитет, односно почесто луѓето се разболуваат и умираат од тие болести, тука треба да се трудиме да апдејтираме, посочува Клековски, додавајќи дека тоа треба да биде и финансиски возможно.

Еден од првите следни чекори, како што најавува директорот, ќе биде дел од лековите достапни во болничко лекување, да се направат достапни во аптека за да нема потреба пациентите да одат во болница да ја подигнат терапијата или да бараат рефундација потоа на шалтерите во Фондот. Целта е, како што додава, Клиниката за онкологија да се растерети од гужва.

Клековски вели дека планираат и дополнителни средства за 2025 година за проширување на Позитивната листа./МИА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада во Израел

Поранешниот шеф на израелската војска Гади Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада.

Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада во Израел

Мандатот му го додели претседателот Исак Херцог, по изборите на 27 октомври.

Изборните резултати не обезбедија мнозинство ниту за Ајзенкот ниту за премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Ајзенкот најави дека ќе се обиде да формира широка национална влада што е можно побрзо.меѓу опциите се коалиција со арапските и ултраортодоксните партии или влада на единство со Нетанјаху.

Тој оцени дека на Израел му е потребно ново политичко лидерство.Како главни предизвици ги посочи заканите од Иран, состојбата во Газа и односите со Либан.

Ајзенкот најави дека ќе ги повика сите партии кои ги прифаќаат неговите политички принципи.Сепак, формирањето парламентарно мнозинство се соочува со сериозни Пречки.преговорите за формирање нова влада може да траат до шест недели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции

СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции

СДС и Венко Филипче продолжуваат со ширење манипулации во врска со случајот за Алта банка. Дека немаат познавања од банкарскиот сектор, се гледа по тоа што не прават разлика меѓу Еуростандард и Алта банка, затоа што се два случаи во кои правната основа не е иста.

Во 2019 година дозволиле од Венецуела, која тогаш беше под меѓународни санцкии да се слеат 110 милиони евра во фирми блиски до Заеви. Парите биле префрлани преку нерезидентни сметки на фиктивно отворени фирми во Скопје, а сопствениците биле латиноамерикански државјани, а дел од тие пари оделе и преку руски банки.

Фирмите блиски до Заеви оствариле добивка од скоро 13 милиони евра оти не плаќале кредити, на штета на сите други штедачи во банката.

Една од тие фирми била фирмата Сара инженеринг ДОО Струмица, тогаш на Вице Заев, а на која сега директор е Стојан Коциров. Коциров е член на ЦО на СДС, директно назначен од Филипче. Фирмата е должник на УЈП за нецелосно исплатени даноци.

За Алта банка надлежните беа транспарентни во врска со целиот случај и кажаа дека работат на решавање на проблемот. Но се чини дека на СДС не им е јасно. Гувернерот јасно посочи дека банката е ликвидна, па оттука, согласно Законот за банки, Народна банка има законска можност да назначи привремени управители кои ќе вршат контрола врз работењето на банката, вклучително и врз продажбата на акции и имотот, како и врз одливите на средства во странство. Целта на овие мерки е да се заштити имотот на банката додека не се најдат купувачи за акциите, а со тоа и да се заштитат интересите на граѓаните.

Филипче и талогот од СДС со своите постапки во врска со Алта банка треба да одговараат согласно член 315 од Казнениот законик. Ама очигледно не им е познат членот, затоа ќе им го објасниме. Член 315 од Кривичниот законик предвидува затворска казна за лица кои со намера ја загрозуваат безбедноста или уставниот поредок и предизвикуваат значителна штета.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Објавен е повикот за „24 часа стрип цртање 2026 “

На 28 и 29 ноември 2026 година ќе се одржи меѓународниот маратон во 24-часовно цртање стрип. 

Објавен е повикот  за „24  часа стрип цртање 2026 “

Станува збор за традиционален предизвик во кој автори, аматери и професионалци имаат задача да создадат оригинален стрип во рок од 24 последователни часа на зададена тема. Настанот паралелно се организира во повеќе градови низ Македонија, Хрватска, Словенија, Србија и Црна Гора, со цел поврзување и промоција на регионалната стрип-сцена.

Техниката и должината на стрипот се по сопствен избор на авторите. Иако традиционалниот концепт предвидува 24 страници, постигнувањето на оваа бројка не е задолжително – примарната цел на акцијата е масовното учество, стручната размена и поддршката на креативниот процес.

Освен две локации за цртање во живо во Скопје , овозможено е и отворено онлајн учество, со кое заинтересираните можат да творат од дома и да ги испратат своите дела електронски.

Томе Трајков, стрип-работник од Велес. Трајков изрази големо задоволство што регионалните партнери позитивно одговориле на неговиот предлог од пред неколку години , овозможувајќи им на домашните автори простор за рамноправна соработка и афирмација.

Инаку клучни информации и пријавување има на наменскиот сајт ttps://www.24satnocrtanjestripa.com/

Време на одржување: Од 28 ноември (сабота) во 12:00 ч. до 29 ноември (недела) во 12:00 ч.

Темата е тајна и ќе биде соопштена на почетокот на настанот (28.11.2026 во 12:00 ч.).

За истакнување е податокот дека Годинешното графичко решение е на уметницата Гаја Смилевска од Скопје

Пријавување е најдоцна до 25 ноември) кога треба е да се испратат основните податоци на учесниците. По завршување на маратонот, готовите страници се препраќаат на истата адреса.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер