Лекот за деца „Флуимукан Јуниор“ ( ACC Kids ) повлечен од српскиот пазар

Како мерка на претпазливост, компанијата веднаш иницираше превентивно повлекување на серијата на лекот на сите маркети. 

Компанијата „Sandoz d.o.o.“ и Хрватската агенција за лекови и медицински производи Халмед минатата недела објавија дека серијата на лекот Fluimukan Junior 20 милиграми/милилитри, орална употреба, се повлекува од пазарот поради сомневање за контаминација на течноста со честички од пакувањето, јави дописникот на МИА од Белград.

Споменатиот лек е присутен под друго трговско име и се вика ACC Kids 20mg/ml 100 ml. Кај него не е потврдено присуство на честички. Сепак, компанијата како мерка на претпазливост ја повлекла серијата на лекот, пишуваат српските медиуми.

Споменатиот лек наречен Fluimukan Junior 20 mg/ml не е регистриран во Србија. Присутен е под друго трговско име и се вика ACC Kids 20mg/ml 100 ml. Имајќи предвид дека пациентите се наш приоритет во сè што правиме, тесно соработуваме со релевантните власти за да се осигураме дека нашите лекови се усогласени со регулаторните барања и највисоките стандарди за квалитет, изјавија од компанијата.

Неодамна на германскиот пазар е откриен производ во кој се пронајдени делови од честички од контактна амбалажа, т.е. внатрешната страна на капачето од шишето. Самата амбалажа е направена од материјал одобрен од FDA и ЕУ, така што наведените честички се безопасни. Овие честички не се потврдени во производите што се наоѓаат на српскиот пазар.

Како мерка на претпазливост, компанијата веднаш иницираше превентивно повлекување на серијата на лекот на сите маркети. Во таа насока, аптеките и веледрогериите веќе ја прекинаа понатамошната дистрибуција на овие серии производи./МИА

Трговска војна: За неколку часа Кина почнува со контрамерките на царините што им ги воведе Трам

Како што пренесува Би-Би-Си, кинеските царини за одредени американски производи треба да стапат на сила за неколку часа, на полноќ, во последната ескалација на трговската војна меѓу двете најголеми светски економии.

Во исто време, американскиот претседател Доналд Трамп се заканува со нови царини за други земји, објави Би-Би-Си.

Пекинг најави контрамерки пред пет дена, само неколку минути откако стапија на сила американските царини од 10 отсто за сите кинески производи.

Трамп, пак, завчера најави планови за „реципрочни царини“ за други земји, без да прецизира кои земји ќе бидат засегнати, но посочи дека мерката може да биде широко применета.

Од утре Кина ќе воведе царина од 15 отсто за увоз на американски јаглен и течен природен гас. Исто така, царина од 10% ќе биде воведена и за американската сурова нафта, земјоделските машини и автомобилите со големи мотори.

Минатата недела кинеските власти започнаа антимонополска истрага против технолошкиот гигант Google, додека американската компанија PVH, сопственик на дизајнерските брендови Calvin Klein и Tommy Hilfiger, беше додадена на листата на Кина на „неверодостојни субјекти“.

Кина воведе и извозна контрола на 25 ретки метали, од кои некои се клучни за производство на електронски производи и воена опрема.

Говорејќи завчера за време на средбата во Белата куќа со јапонскиот премиер Шигеру Ишиба, Трамп се закани со нови царини за увоз од други земји.

„Ќе го објавам следната недела - реципроцитет во трговијата, така што другите земји да нѐ третираат еднакво“, рече Трамп. Мерката ќе го исполни неговото предизборно ветување за воведување царини за производите на другите земји со иста стапка како што се применува за американските производи.

Трамп, исто така, рече дека можноста за воведување тарифи за возила останува отворена по извештаите дека размислува за ослободување од универзалните тарифи. Тој постојано се жали дека царините на Европската унија за увоз на американски автомобили се значително повисоки од американските царини за европските автомобили.

Минатата недела Трамп за Би-Би-Си изјави дека царините за европските производи би можеле да бидат наметнати „многу наскоро“, но предложи да се постигне договор со Обединетото Кралство.

Еден ден откако стапија на сила најновите американски царини, Пекинг го обвини Вашингтон дека дава „неосновани и лажни тврдења“ за неговата улога во трговијата со синтетичкиот опиоид фентанил за да го оправда потегот.

Во жалбата поднесена до Светската трговска организација (СТО), Кина ги обвини САД за „дискриминаторски и протекционистички“ тарифи кои ги прекршуваат трговските правила. Сепак, експертите предупредуваат дека е малку веројатно Кина да добие пресуда во нејзина корист бидејќи панелот за решавање спорови на СТО во моментов е нефункционален.

Трамп требаше да разговара со својот кинески колега Си Џинпинг, но рече дека не се брза да ги одржи разговорите. Многу од мерките што Трамп ги воведе од преземањето на функцијата на 20 јануари веќе се сменети.

Неодамна ги суспендираше царинските давачки за малите пратки од Кина додека не се воспостави ефективен систем за нивно собирање. Суспензијата ќе остане во сила сè додека не се воспостават „соодветни системи за ефикасна обработка и наплата на царинските давачки“.

Откако неговата одлука го отстрани царинското ослободување за пратки во вредност помала од 800 долари, американската поштенска служба (USPS) привремено престана да прима пратки од Кина, но ја промени својата одлука еден ден подоцна.

Минатиот викенд Трамп најави воведување царини од 25 отсто за стоки од Мексико и Канада, но брзо ги паузираше тие тарифи на еден месец за да ги продолжи преговорите.

Египет итно ги свика арапските лидери за да расправаат за предлогот на Трамп за Газа

Египет денеска објави дека ќе одржи итен состанок на арапските земји подоцна овој месец, откако американскиот претседател Доналд Трамп зборуваше за планот САД да го преземат Појасот Газа и да раселат стотици илјади Палестинци од енклавата.

Состанокот ќе се одржи на 27 февруари во Каиро за да се разговара за „најновите сериозни случувања“ околу палестинското прашање, соопшти египетското Министерство за надворешни работи.

Трамп претходно оваа недела, по средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, рече дека САД ќе го преземат Појасот Газа и ќе изградат „блискоисточна ривиера“, а нејзините жители ќе бидат преместени во други земји.

Неговите изјави беа дочекани со жестоки критики од меѓународната заедница, вклучително и од арапскиот сојузник Египет, кој граничи со палестинската енклава.

Египет минатиот месец, заедно со САД и Катар, посредуваше за прекин на огнот во Газа меѓу Израел и движењето Хамас, по повеќемесечни преговори.

Египетскиот министер за надворешни работи Бадр Абделати денеска оди во Вашингтон каде ќе се сретне со претставници на администрацијата на Трамп и членови на Конгресот.

Неговото министерство објави дека целта на средбата е „зајакнување на билатералните односи и стратешкото партнерство меѓу Египет и САД“ и разговори за „регионалната ситуација“.

Заврши гласањето на парламентарните избори во Косово – Курти нема да може сам да формира Влада?

Во 19 часот се затворени гласачките места на денешните први редовни, а вкупно девети парламентарни избори во Косово од прогласувањето на независноста.

Според проекциите на Коха, Движењето Самопределување на премиерот Албин Курти ќе освои 42,3 отсто од гласовите, односно 47 места во 120-члениот парламент.

На изборите во 2021 година, Движењето Самоопределување имаше повеќе од 50 проценти од гласовите, а доколку се потврдат проекциите, на Курти овој пат ќе му треба коалициски партнер за да остане на власт.

Инаку, Демократската партија на Косово ќе остане втора партија со 21,3 отсто од гласовите и 23 пратенички места, исто колку и Демократската лига на Косово која забележа најголем пораст од изборите во 2021 година, а Алијансата за иднината на Косово на Рамуш Харадинај, останува четврта политичка сила со седум пратеници.

Инаку, 20 места од вкупно 120 се резервирани за помалите етнички заедници – 10 за Србите и 10 за останатите...

притисни ентер